Не те гледам како шашардисан, само ти потенцирам дека секој државјанин на секуларна држава, после 18-от роденден има право на самостојна национална, религиска, политичка, партиска или било каква друга определба.
Да бевме некоја друга држава можеби ќе се согласев со ова твоево "едноставно не сака да се откаже", но кога ќе видам колку нашинци ги има кои вадат татарски пасоши - што говори дека свесно и самостојно го практикуваат своето право на национална определба, и покрај тоа што во училиште им бараат да ги цитираат Крушевски Манифест и Прво заседание на АСНОМ, исто толкава вредност за нив имаат и Исус и Новиот Завет - каде што никаде не сум прочитал Исус да повикува на меч, но добредојден си да ме поправиш, поодамна го прочитав, можеби сум заборавил некои делови.
Па уште и кога ќе се потсетам колку за момичиња Македончиња - нели нема поубаво девојче од Македонче - сум слушнал дека се откажале од христијанството бидејќи нашле некој со длабоки џебови од Турција или од Дубаи или од Абу Даби - верувај ми, посакувам да го измислувам ова, но не го измислувам - повеќе од јасно ми е дека религијата денес е само формалистичко верување - барем во денешна секуларна Македонија, повеќе будали ги има кои веруваат во семоќниот телевизор отколку во Исус или било каков Бог. А и онака храмовите на денешната младина се дискотеките и кафе баровите, да се продаваа црковните свеќи како алва - како што се продаваат кафињата на улица Македонија во Скопје - МПЦ денес би била религиозен конгломерат и главен спонзор на проектот Скопје 2014.
Секуларноста функционира, и тоа доста успешно, а религијата веќе од поодамна е сведена на формалност отколку на начин на размислување или живеење.
Различна е работата. Овие што вадат блгарски пасоши тоа го прават од немајкаде, али тоа не значи дека веќе не се чувствуваат како Македонци. Кога одат во странство, живеат во Македонски гета, зборат македонски итн, тупат некоја патриотштина која што мене лично ми е троа лицемерна и кич, али јебига, ако така се осеќа, негово си е. Можеш да си ја сакаш државата и доколку не живееш во неа, сегде може да те однесе животот а Македонецот бил печалбар од памтивек.
За христијанинот нема ќар да се откаже од верата. Ветен му е вечен живот, мед и млеко, рај итн.
Инаку во книгата од Матеј, 10та глава, кога Исус ги подучува апостолите пред да ги испрати да проповедаат меѓу евреите, им раскажува дека неговите учења ќе доведат до раздор помеѓу најблиски како брат со брат и меѓудругото во 10:34 спомнува дека не е дојден да донесе мир, туку меч.
Ехе некоја ако отишла во Дубаи или Турција за пари таму од авион штом ќе излезе ќе ја забулат, ќе ја затворат во едно сопче дома да седи дур не и го исперат мозочето. Ако нејќе да пие киселина во фаца секако. Психолошка тортура низ брутален peer pressure.
![Љубов :love: :love:](/styles/default/xenforo/smilies/inlove.png)
Најсилното оружје на исламот.
Точно е дека денес црквите се празни, али поповите не се баш сиромашни. И тоа е мањебитно, бидејќи ко што реков, верата се пренесува од колено на колено, од семејство на семејство. 65% од населението во Македонија се декларираат како Христијани. Ако не друго, веруваат во Господ и Исус како спасител. Си излегуваат младите во кафичи и дискотеки, во црква идат само за божиќ и велигден па ипак прашај ги што мислат за абортус и хомосексуални бракови.