Непристрасност - :јок:
Неутралност - :јок:
Независност - :јок:
Единство - :јок:
Универзалност - само ова во мал дел го има форумов денес
Бар од апр. 2006-та до сега , од време на време го пратам форумот и можам да ги согледам промените како и другите џомби.
Од сите шо се изјаснија 2 поста ми имаа некоја смисла кај поцркаа некои од доблестите,Сабер кога кажа дека пуштањето на профили на членовите - дозволи поделба во групи и се изгуби независноста, во склоп на тоа пропадна и непристасноста, единството да не го ни спомнувам(а и не е којзнае колку важно,не е ни изводливо поради масовноста на ченовите а и не би било интересно нешто)
И Виктор фино ја објасни постапката со стажот и незаинтересираноста на периоди.
Универзалноста остана , има стари ,млади ..богати,сиромашни...фини,груби...итн...од се по нешто.
СЕ ОБВРЗУВАТЕ ДЕКА НЕМА:
- Да малтретирате, загрозувате, навредувате, заканувате или на било кој друг начин да ги повредувате правата на другите корисници и туѓи комуникациски сервиси
- Да објавувате непристојни, вулгарни или незаконски содржини
За ова погоре многу требаше до сега да кркаме казни,но не се до толку строги изгледа адм. и мод. , рандом појава е да си добие бан обичен член,додека бившите "авторитети" дојде време поголемите авторитети од нив да ги вметнат во карантин со својата елоквентност и да им го спасат задникот по којзнае кој пат ,бидејќи треба да си над "НИВ" (според некој нивни критериуми) ..,ма дај молим те , да погледнеме од двете страни ..никој не е цвеќе за мирисање - додека пишувате тука не го сваќате форумот сериозно..т.е. лично , сериозно е кога ќе почнат препукувања преку пп и слично,затоа и администрацијата не одговара и не се интересира за тој дел.
Нека биде место форумов за забава,а не затвор Шутка во кој секој ќе им го краде душекот на новодојдените затвореници во виртуелниот свет а чуварите на ќелиите - на старите робијаши да им даваат екстра леб и привилегии.
Епа небива.
Насочете се на темата, а тоа е - форумот =)
Освен што е парче софтвер, ние сите заедно сме форумот ,јас ..ти ..гостите што читаат,банираните,некој што сега се регистрира..како и да гледаме сите имаме минимален процент во популарноста,масовноста,квалитетот,неквалитетот итн итн.