Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Форумот е за тепање време.

Некои го гледаат како единствен начин за социјализација, или единствен начин да дојдат до партнер.
Некој го гледаат како место за лечење комплекси и фрустрации.
Некои го гледаат како место за ширење на познанства.
Некои го гледаат како место каде може да се добие помош за нешто.
 
Да знаеме, фала како и да е :)
Поентата на темава е дека порано повеќе луѓе го сфаќаа форумот како место за ДИСКУСИЈА, и плус дискусијата беше на завидно ниво. Сега го нема тоа. Сега го гледаат форумот како социјална мрежа.
 
Пишав пред некој ден и сега пак ке пишам поопширно.

Некој го сфака форумот доста сериозно.Имам забележано дека некој нонстоп е онлајн.Додуша и јас не сум цвет за мирисање и го тепам времето на форумот кога нема што да се прави.Ама не толку често како некој на кој испага дека форумов му е како работно место:tapp:
Друго,имам забележано дека некогаш навистина не може да се развие дискусија и обично секој разговор завршува со кавги,расправии,пцовки и на крај завршуваат со бан.Тоа се некои напалени душички кои не можат да излезат очигледно од виртуалниот свет и се заробени во светот на интернетот.
Како што кажаа некои кој сака заебанции има ЧДА.
Ме нервираат и оние кои се попалени по репутацијата,ми фали уште толку поени за толку квадратчиња како да добива некоја награда за тоа:nesvest:
Трета работа некогаш се отваараат многу глупи теми ке ја спомнам веке банираната членка NIM.Eднаш и беше даден бан за два дена од отварањље глупи теми како на пример зошто постојат досадни луге?:uvo:е ајде де ти кажи ми зошто постојат и изгледа не ја сфати фората и доби перманентен бан.
Зборот ми беше дека некогаш се отвараат теми за кои не им е местото овде.
И за на крај сум забележала дека има овде многу исфрустрирани личности како што беше примерот со Harry Solomon баниран член кој ги врегаше Велешани.
Не ми е целта да го навредам или такво нешто но сепак ме нервират такви работи.
Ми дошол да соли памет како којзнае што се случило толку во неговиот живот па не ги сака нив.

Можеби забегав малку од темава но сепак си го кажав моето мислење:smir:
 
Форумот порано ми беше побитен одошто сега, а и јас нему. Откако сфатив дека „колку си пошвркнат, толку си пофаца“ се откажав од мрсење муда овде. Она што се цени не е квалитетната дискусија, туку бројот на истрескани глупости по алвеола на жител.
 
Хм... на форумов станав член поради Струмикс и неговите 3-4 поста. А што е форумот денес? Појма немам искрено, делот за автомобилизам (се трудам) да биде место каде што луѓето ке разговараат, разменуваат совети и слично. За останатите под-форуми не коментирам од проста причина што не сум којзнае колку активен.
 
Да знаеме, фала како и да е :)
Поентата на темава е дека порано повеќе луѓе го сфаќаа форумот како место за ДИСКУСИЈА, и плус дискусијата беше на завидно ниво. Сега го нема тоа. Сега го гледаат форумот како социјална мрежа.
Добро, зар ова не е исто со она што го кажав јас?

Ако на сите им е јасно што претставува форумот денес зошто воопшто постои темава? :wink:
 
Добро, зар ова не е исто со она што го кажав јас?

Ако на сите им е јасно што претставува форумот денес зошто воопшто постои темава? :wink:
темава е за да се одкрие проблемот и да се најде чаре :)
 
Трета работа некогаш се отваараат многу глупи теми ке ја спомнам веке банираната членка NIM.Eднаш и беше даден бан за два дена од отварањље глупи теми како на пример зошто постојат досадни луге?:uvo:е ајде де ти кажи ми зошто постојат и изгледа не ја сфати фората и доби перманентен бан.
Зборот ми беше дека некогаш се отвараат теми за кои не им е местото овде.
И за на крај сум забележала дека има овде многу исфрустрирани личности како што беше примерот со Harry Solomon баниран член кој ги врегаше Велешани.

Сигурно имаш слушнато за Гламстик.Мк, така?
Исто како што и таму се става некој кој очигледно нема попаметна работа, така се ставаат и на форуми. Тоа се истите членови што секојдневно ги воршипувате преку репутација, само овој пат сакаат да ве изреметат и да ве нарекуваат радиоактивни велешани. Сигурно нема некој толку ненормален да се регистрира на форум. А и плус, се гледа кој е форумски почетник, кој има искуство, и кој е за ремет. Не е тешко да се препознае.
 
^

Не сум од Велес но искрено ми пречат такви навреди.
Инаку да,се познава кој е форумски почетник.
Оние кои неможат да дискутираат на одредена тема,и нивниот пост се содржи од една реченица но и оние кои се долго на овој форум така прават.И како да се рашири правилна дискусија со една реченица?нема шанси.
Инаку горе споменатиот форумџија го немам сретнато:nesum:
 
Ај сеа вака... Сите што сте на темава сакате асална дискусија? Right? Онда зошто ја нема? Ајде дискутирајте по темите асално наместо да се препукавате овде што е проблемот со форумот. А и гледам доста ве има на темава.
 
Кога нема асални теми - нема асална дискусија.

Кога има асални теми - има асална дискусија.
 
Најјаки ми се некој шо имат пишано „ е шубав беше порано форумо сега за ништо не чини“ а се членој само една година ко мене.
Не можам сеа јас да јадам лајна како било порано и дали поарен бил форумот некогаш или не. А и на крај краева, ете претпоставувам дека бил, и шо сеа ? Вени да сечиме дека нема сега толку квалитетни дискусии ? Треба да ги банираме „глупите“ членој ?
Ако не ви чини толку форумот , бришете акаунтот и ајде пријатно никој не ве тера сосила овде да кисните на форум и да (не)пишите постој и дискутирате.

Btw , можи на то прашањето шо е за да се зачлениш на форум да му се дај поголема „тежина“ :icon_lol:
 
Ај доста зборевте,трк по темите да напишете нешто квалитетно :star:
Има и стари теми,прочепкајте,кажете нешто ново од денешен аспект,смислете некоја нова тема да се изнамуабетиме,да се испукаме и да го потрошиме слободното време со нови информации.

едит:Патем каде замина оваа членка:
http://forum.kajgana.com/member.php?u=394
Е такви недостигаат....
 
Ојде политика, ојде и јин јангојца.

Како и мнозина други.

Стварно,од тогаш ја немам прочитано никаде,со противпропаганда и цела екипа од политика.
Штета,баш штета за некои членови...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom