- Член од
- 15 април 2009
- Мислења
- 130
- Поени од реакции
- 37
Штом ќе се спомне поимот телепортација, веднаш ќе си помислите на „Ѕвездени патеки“ (Star Trek). Сега сте тука, а сакате да одите таму. Само со притискање на едно копче, за неколку секунди ќе стигнете на предодреденото место.
Благодарение на сè повеќе лабораториски експерименти, расте бројот и на оние кои веруваат во „beam me up“ технологијата, но исто така има и голем број на луѓе кои не веруваат дека вакво нешто може да стане реалност.
Пред околу една година, научниците во Хјулет Пакард (Hewlett Packard) објавија нова стратегија за креирање на квантен компјутер, со користење на прекинувачи од светлински зраци, наместо денешните транзисторски направи. Тоа што треба да се постигне е хардвер кој ќе може да прави милијарда пати повеќе калкулации од било кој компјутер што денес го познаваме. Со развивањето на овие компјутери, нема да биде далеку денот кога ќе стане рутински да се телепортираат одделни атоми и молекули. Тоа ќе води кон телепортација на макромолекули и микроби... и, најверојатно, следен чекор ќе биде човечка телепортација.
Класично кажано, телепортација е да се стигне од точката А до точката Б, без притоа да се помине преку точките кои ги поврзуваат локациите А и Б. Со други зборови, нешто се дематеријализира на едно место, и потоа едноставно се рематеријализира на друго место.
Во иднина може да биде возможно да се склопи едно цело вселенско летало на лице место, користејќи материјали од околината. Ова ќе биде само еден понапреден чекор кон вистинската телепортација. За да се земе оваа идеја како една крајна цел, тогаш мораме да ја земеме предвид нанотехнологијата. Кога нанотехнологијата доволно ќе се развие, еден автоматски тим за составување ќе може да биде испратен на дадена локација, каде ќе го изгради новото летало, започнувајќи од молекуларно ниво, па натаму.....Што мислите вие-
Благодарение на сè повеќе лабораториски експерименти, расте бројот и на оние кои веруваат во „beam me up“ технологијата, но исто така има и голем број на луѓе кои не веруваат дека вакво нешто може да стане реалност.
Вака изгледа телепортацијата во „Ѕвездени патеки“
Според Дејвид Дарлинг (David Darling), „на еден или на друг начин телепоратацијата ќе игра важна улога во иднината на човештвото. Таа ќе биде фундаментален процес во срцето на квантните компјутери, кои и самите радикално ќе го променат светот“.Сепак, една работа е сигурна: доколку тој невозможен чекор излезе дека е само мерливо тежок, тогаш ќе остане само проблемот околу отстранување на технолошките предизвици, па еден ден сето тоа да стане реалност. Најверојатно џокерот за едно вакво достигнување е квантниот компјутер - фактор кој ќе ги промени правилата на тоа што е, а што не е возможно. Пред околу една година, научниците во Хјулет Пакард (Hewlett Packard) објавија нова стратегија за креирање на квантен компјутер, со користење на прекинувачи од светлински зраци, наместо денешните транзисторски направи. Тоа што треба да се постигне е хардвер кој ќе може да прави милијарда пати повеќе калкулации од било кој компјутер што денес го познаваме. Со развивањето на овие компјутери, нема да биде далеку денот кога ќе стане рутински да се телепортираат одделни атоми и молекули. Тоа ќе води кон телепортација на макромолекули и микроби... и, најверојатно, следен чекор ќе биде човечка телепортација.