Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
10 од 10 за телеком! Како што рекоа, така и направија. Денес за експресно брзо време и професионално ја монтираа опремата. Поврзувањето го изведоа на начинот кој го посочив погоре. Сега останува да видиме како се тоа ќе функционира... мислам дека најголемиот и најчестиот проблем кој се јавува кај нив (монтажа и сл.) помина безпрекорно. Останува да уживаме... :)

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
Stavi sliki od ruterot i opremata i dali vo optickiot internet imas fiksna IP asresa ili Dinamicna IP adresa.
 
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
Stavi sliki od ruterot i opremata i dali vo optickiot internet imas fiksna IP asresa ili Dinamicna IP adresa.
До после ќе испратам слика од рутерот, а подоцна и за IP адресите. Најверојато е динамична, не мислам туку така да доделат статична IP. А најинтересно е што го имам М пакетот од Магента, па ме интересира што брзина ќе биде испорачена.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk[DOUBLEPOST=1514234770][/DOUBLEPOST]Рутерот е Huawei HG8245H (бел) накратко го разгледав, интернет и телевизија сеуште неам пуштено, утре треба да одам во телеком, телефонот функционире. Уредот кој е поврзана оптиката не знам што е, бидејќи е позади плакар на "сигурно".
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.552
Поени од реакции
931
Stavi sliki od ruterot i opremata i dali vo optickiot internet imas fiksna IP asresa ili Dinamicna IP adresa.
Јас ке ставам баце,ти уживај.Топ си е интернетот,дојдоа и кај мене да местат,завршија одлична работа,почнав ко нездрав да ги прашувам 300 работи,но имаше причина зошто.Подоцна си заминаа а наредните денови одидовме до салон да ни ја покачат брзината на 50/50 и сега немам зборови.Едноставно интернетот "Лита".За филмови е десетка,стабилноста е топ,пингот е океј,телевизијата си работи како што треба,и сега за сега немам замерки.
 
Јас засега имам "проблем" со интернетот. Се конектирам на wifi но немам интернет, ова го приметив за почеток. После ќе се обидам со лан кабел па ќе видам што ќе направам. Имам инсталирано Huawei HG8245H рутер и сите ламбички светат коректно.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.552
Поени од реакции
931
Јас засега имам "проблем" со интернетот. Се конектирам на wifi но немам интернет, ова го приметив за почеток. После ќе се обидам со лан кабел па ќе видам што ќе направам. Имам инсталирано Huawei HG8245H рутер и сите ламбички светат коректно.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
Јави им се на 122,позбори и види што ке ти кажат.[DOUBLEPOST=1514295570][/DOUBLEPOST]Еве за оние што ги интересира за слики од опремата.И ве молам не замарајте,еве јас праќам слики,немора друг некој да праќа.Сегде е иста опремата на оптички интернет од Телеком. image%3A44852.jpg 20171226_125342.jpg 20171226_125352.jpg
 
Последно уредено:
Член од
1 мај 2012
Мислења
153
Поени од реакции
74
Јави им се на 122,позбори и види што ке ти кажат.[DOUBLEPOST=1514295570][/DOUBLEPOST]Еве за оние што ги интересира за слики од опремата.И ве молам не замарајте,еве јас праќам слики,немора друг некој да праќа.Сегде е иста опремата на оптички интернет од Телеком.Прегледај го приврзокот 182451 Прегледај го приврзокот 182452 Прегледај го приврзокот 182453
Истата опрема ја има и кај мене, интернетот го средив после повик на 122, и имам чувство дека телеком оди едно ниво повисоко кога станува збор за корисниците.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.596
Поени од реакции
11.770
Јави им се на 122, позбори и види што ке ти кажат.

Еве за оние што ги интересира за слики од опремата. И ве молам не замарајте, еве јас праќам слики, немора друг некој да праќа. Сегде е иста опремата на оптички интернет од Телеком.

Прегледај го приврзокот 182451

Прегледај го приврзокот 182452

Прегледај го приврзокот 182453
Истата опрема ја има и кај мене, интернетот го средив после повик на 122, и имам чувство дека телеком оди едно ниво повисоко кога станува збор за корисниците.

Sent from my FRD-L09 using Tapatalk
Фотографиите воопшто не ви се потребни, бидејќи Македонски Телеком кај сите корисници ги дава на користење истите рутери и/или IPTV рисивери, без разлика дали станува збор за бакарен телекомуникациски приклучок или за оптички телекомуникациски приклучок, и без разлика за кој кориснички пакет станува збор.

Исклучок е единствено ако корисникот потпишал договор за бакарен телекомуникациски приклучок во салон, а притоа одлучил опремата самостојно да ја поврзи и конфигурира - самоинсталација. Во случај на самоинсталација, се случува - многу ретко, но сепак понекогаш се случува - во салонот на корисникот да му дадат постар рутер за ADSL Интернет.

А кај оптичките телекомуникациски приклучоци, секогаш екипа од Македонски Телеком ја инсталира опремата и секогаш рутерите и/или IPTV рисиверите се исти кај сите корисници, без разлика на кој кориснички пакет се претплатници.
 
Да знам,али имаше едни дечки ме прашуваа па јас да пратам.Иначе лошото кај Телеком е што неможе секој сопствена опрема(пр. Рутер,Модем,Сплитер...)да си постави за разлика од Вип но заради тоа Телеком е и ке биде најбезбедниот интернет провајдер во Македонија (и без Телеком Safenet).
 
И кај Вип не може корисникот да користи своја опрема - истото важи и за рутерите и за кабелските рисивери.

Ако под своја опрема мислиш на втор рутер за Интернет, тоа е изводливо кај секој Интернет провајдер, а истото важи и за Македонски Телеком.

А кога сме кај сплитерите, и кај Македонски Телеком можеш да го смениш оптичкиот сплитер, само прашањето е зошто, бидејќи нема на никаков начин да ти го зголеми или намали квалитетот на услугата.
 
Да направив една грешка,мислев на втор рутер,а за она со сплитерот исто така згрешив мислев на хаб и свич,нешто у последно време многу поими ми се испомешаа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.596
Поени од реакции
11.770
Да направив една грешка,мислев на втор рутер,а за она со сплитерот исто така згрешив мислев на хаб и свич,нешто у последно време многу поими ми се испомешаа.
Било каква дополнителна опрема може да се користи кај било кој Интернет провајдер, единствено не може да се замени рутерот или модемот кој Интернет провајдерот му го има дадено на користење на корисникот со рутер или модем кој е во приватна сопственост на корисникот. Но сепак може да се поврзи рутерот или модемот кој му е` даден на користење на корисникот, со втор рутер или свич или хаб, преку кој Интернет сигналот ќе се дистрибуира до трети уреди.

Истото важи и кај дигиталната телевизија, не може да се замени кабелскиот рисивер или IPTV рисиверот кој телевизискиот оператор му го има дадено на користење на корисникот, но затоа може да се поврзи кабелскиот рисивер или IPTV рисиверот кој му е` даден на користење на корисникот со видео рекордер или компјутер со телевизиска картичка, па така да се снимаат телевизиските содржини директно на компјутерот наместо на рисиверот.
 
Тотално те сфаќам али едно ме буни.Еве ја што сум на Оптика како ке може да поврзам втор рутер? Дали ке треба ново оптичко влакно да се пушти или преку една од четирите лан порти или???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.596
Поени од реакции
11.770
Тотално те сфаќам али едно ме буни.Еве ја што сум на Оптика како ке може да поврзам втор рутер? Дали ке треба ново оптичко влакно да се пушти или преку една од четирите лан порти или???
За почеток треба да земеш во предвид зошто воопшто ќе ти треба втор рутер - за појак безжичен Интернет или за жично поврзување со мрежни кабли на повеќе компјутери ?

За појак безжичен пристап ќе ти заврши работа втор рутер, а за жично поврзување со мрежни кабли на повеќе компјутери ќе ти заврши работа свич со 6 или 8 или повеќе мрежни порти, а ако ти треба за само 4 компјутери, тогаш и втор рутер би ти завршил работа.

Шемата на поврзување на рутерот од Македонски Телеком со вториот рутер кој си го купил е едноставна - преку мрежен кабел ја поврзуваш WAN или Internet портата на вториот рутер кој си го купил, со една од 4-те мрежни порти од рутерот кој ти го дале на користење од Македонски Телеком - по можност првата или втората мрежна порта, бидејќи тие секогаш се наменети за Интернет, додека третата и четвртата порта вообичаено се резервирани за MaxTV - без разлика дали воопшто (ќе) користиш MaxTV или не.

Ако веќе имаш MaxTV, па планираш да го прошириш телевизискиот пристап на трет, четврт, петти телевизор итн; или планираш допрва да ставаш MaxTV на повеќе од 2 телевизора, тогаш од Македонски Телеком ќе ти донесат IPTV рисивери и свич за нивно поврзување со рутерот, а ако не сакаш да ти влечкаат мрежни кабли низ домот, подобро би ти завршиле работа безжични засилувачи на сигналот како овој во Логинг Електроникс.

http://www.loging.mk/1926/191066/0/ShowProduct/Ekstender_za_WiFi_signal

Ќе го поврзеш IPTV рисиверот преку мрежен кабел со ваков безжичен адаптер, така што претходно ќе го конфигурираш адаптерот да се поврзува безжично со рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком.

Безжичниот адаптер ќе ти отепа две муви со еден удар - од една страна ќе го засили безжичниот Интернет сигнал од рутерот, а од друга страна нема да мораш да влечкаш мрежен кабел од IPTV рисиверот до рутерот, туку само до безжичниот адаптер.

За местоположбата на безжичниот адаптер ќе мораш да внимаваш, мора да биде исправен вертикално, односно да не лежи на продолжен кабел во хоризонтална положба на подот, и препорачливо е да е вклучен вертикално во штек на висина од 100 до 150 сантиметри за подобро да го превземе безжичниот сигнал од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком.

Бидејќи безжичниот адаптер од една страна ќе го прима и ќе го ре-дистрибуира безжичниот Интернет сигнал од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком, а од друга страна IPTV рисиверот ќе биде поврзан преку мрежен кабел со безжичниот адаптер, IPTV рисиверот ќе мисли дека е поврзан жично - бидејќи навистина е поврзан преку мрежен кабел, а истовремено преку безжичниот адаптер ќе го прима Интернет сигналот од Македонски Телеком, а со него и IPTV сигналот и IPTV услугите.
 
Последно уредено:
Член од
2 јануари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Само во Македонија има ваков хаос, уште од летоска од нив добив понуда со агент на Телеком кај мене со флаер супер промотивно за интернет и тв оптички пакет ( демек сега стигнал кабелот и за улицата промотивни понуди за приклучок), чекав 3 недели екипа за монтажа за да ми кажат после , а па ние немаме оптички кабел до таму. Мизерија. Потпишаниот договор дома ми седи уште, и си стаив Телекабел оптика пред недела дена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom