Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.478
Поени од реакции
11.525
вдсл пакет м зголемен на 50/10
Да...фала за известувањето. Сега проверив и така е...

Само ако постои техничка можност за такви брзини, се разбира.

Не е доволно само корисникот да живее на помалку од 1 (ЕДЕН) километар од најблиската телекомуникациска централа, туку треба и сите точки на поврзување од централата до крајниот корисник да бидат одлично поврзани.

Тоа се две, односно четири бакарни жички поврзани пар со пар кои мораат да бидат одлично споени и изолирани од надворешни влијанија, бидејќи со тек на време летни горештини, зимски студови, влажни услови и суви услови си го прават своето влијание врз бакарот и прашање на време е кога истиот ќе кородира и на крај ќе 'рѓоса.

Се разбира, треба и бакарната телекомуникациска порта во локалната централа на која се поврзува крајниот корисник исто така да биде во најдобра можна состојба.

Затоа е важно сите точки на поврзување да бидат одлично поврзани и во најдобра можна состојба, за да се добие максималната можна брзина преку VDSL.
 
Последно уредено:
Член од
24 септември 2016
Мислења
501
Поени од реакции
692
Dali treba nov dogovor za ova ili avtomatski na site im se zgolemuva bezinata, iako dogovorot e istecen?!
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.100
Поени од реакции
535
Автоматски беше највероватно поради зголемите брзини на оптиката ги зголемија и на вдсл
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Ова значи е најновиот модем/рутер. За MaxTV како изгледа новиот уред и кој модел е? Има некои подобрувања?
Мислам дека го даваат на корисници кои имаат гигабитен пакет ама не сум сигурен, пошо има 2.5 гигабитна LAN порта и Wi-Fi 6, за користење на цел потенцијал на пакетот.
 
Новиот рутер од Техниколор го даваат на користење на сите корисници на Македонски Телеком - и нови и постоечки корисници, без разлика кои пакети ги користат или ќе ги користат корисниците.

На 4-та мрежна порта на рутерот пишува дека е 2.5G WAN/LAN порта, што значи дека може да се користи за поврзување со надворешен уред - на пример втор рутер или модем, бидејќи хипотетички изводливо е корисникот да користи само фиксна телефонија или само фиксна телефонија и MaxTV од Македонски Телеком, а истовремено да користи Интернет од друг оператор, па ако сака може рутерот или модемот од другиот оператор да го поврзи со 4-та мрежна порта од Техниколор рутерот.

Инаку сите понови рутери поддржуваат гигабитни брзини, така да Техниколор рутерите не се некој технолошки новитет на тоа поле.

Кога сме кај рисиверите за MaxTV, ги има повеќе модели од 3 (ТРИ), односно 4 (ЧЕТИРИ) различни производители - четвртиот производител е Моторола, од која Македонски Телеком од поодамна не нарачува нови рисивери, но старите рисивери, тие првите со дисплеј со македонско мени, и секако ептен големи, се исклучиво издржливи, поради што на Македонски Телеком му се исплати да ги одржува и поправа на долг рок бидејќи се долготрајни и кога се расипуваат вообичаено е некој ситен дефект.

Како и да е, без разлика за кој модел на рисивер станува збор и без разлика од кој производител е рисиверот, колку и да се подобри поновите модели во споредба со постарите модели, сите го имаат истиот хендикеп - софтверот им е ист, а со тоа и техничките опции им се ограничени. Без разлика колку е понов рисиверот и без разлика какви му се технолошките спецификации, софтверот кој Македонски Телеком му го инсталира е истиот кој го инсталира и на најстарите рисивери, поради што и најновите рисивери доаѓаат со истиот хендикеп.

Еве на пример, MaxTV е достапна во Македонија повеќе од 10 (ДЕСЕТ) години, но до денешен ден USB портите на рисиверите се неупотребливи, бидејќи софтверот кој Македонски Телеком им го инсталира не им доделува никакви функции. Не се обидувајте ниту мобилни телефони да полните на тие USB порти, ризикот е голем како за рисиверот, така и за телефонот.

Рисиверите за MaxTV со Андроид оперативен систем се друга приказна, но со нив не сум запознаен, колку што знам досега им ги даваат исклучиво на корисници кај кои нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и тоа претежно на корисниците кои користат 4Г рутер од Македонски Телеком или хибриден рутер.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
90
Поени од реакции
183
@Dexter26 Прашање е колку го даваат новиот рутер на нови и постоечки корисници. Доста луѓе се жалат дека не го добиле ни Huawei HG8145V5. За нови договори се случува и веќе користена опрема да инсталираат (иако кај мене на 2 пати кога сум правел нов договор, опремата била нова). За продолжување договор, секако, опремата не се чепка, па пологично е да се прекине договорот и да се направи нов, со надеж дека ќе има некој upgrade.

Инаку според тоа што најдов HG8145V5 не поддржува WiFi 6 - ax, додека новиот модел на Technicolor FGA2233 да.

1680646081436.png
 
Гигабитни поддржуваат да, но портата како што викаш е гигабитна. Ако имаш 1/1 гбпс пакет нема да можеш симетрично целосно да го користиш. Да речеме 500/500 ќе ти биде брзината доколку паралелно симнуваш и прикачуваш. Со 2.5 гигабитна порта се решава тој проблем.
Автоматски споено мислење:

@Dexter26 Прашање е колку го даваат новиот рутер на нови и постоечки корисници. Доста луѓе се жалат дека не го добиле ни Huawei HG8145V5. За нови договори се случува и веќе користена опрема да инсталираат (иако кај мене на 2 пати кога сум правел нов договор, опремата била нова). За продолжување договор, секако, опремата не се чепка, па пологично е да се прекине договорот и да се направи нов, со надеж дека ќе има некој upgrade.

Инаку според тоа што најдов HG8145V5 не поддржува WiFi 6 - ax, додека новиот модел на Technicolor FGA2233 да.

Прегледај го приврзокот 374379
Мене ми го заменија, нит се мачев нешто само им пишав мејл дали може понов рутер со 5 Гхз и утредента ме бараа кога да дојдат термин да договориме. И стариот HG8245H го сменија со HG8145V5.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.478
Поени од реакции
11.525
@Dexter26 Прашање е колку го даваат новиот рутер на нови и постоечки корисници. Доста луѓе се жалат дека не го добиле ни Huawei HG8145V5. За нови договори се случува и веќе користена опрема да инсталираат (иако кај мене на 2 пати кога сум правел нов договор, опремата била нова). За продолжување договор, секако, опремата не се чепка, па пологично е да се прекине договорот и да се направи нов, со надеж дека ќе има некој upgrade.

Инаку според тоа што најдов HG8145V5 не поддржува WiFi 6 - ax, додека новиот модел на Technicolor FGA2233 да.

Прегледај го приврзокот 374379
Да, имам пишано поназад во пост #11.973, рутерот HG8145v5 од Хуавеи доаѓа со WiFi 5 ревизија, односно WiFi ac, а Техниколор рутерот доаѓа со WiFi 6 ревизија, односно WiFi ax.

Не знам зошто би имало поплаки за рутерите кои им ги даваат на новите и постоечките корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, јас имам тотално поинаква информација од приватните подизведувачи: од ноември 2022 па наваму Македонски Телеком повеќе не нарачува рутери од Хуавеи и на сите нови или постоечки корисници кои се префрлуваат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком им го даваат новиот рутер од Техниколор, а рутерите од Хуавеи им ги даваат на корисниците на другите оператори кои нудат свои услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Но ова ми се информации од луѓе кои работат за приватни подизведувачи на Македонски Телеком, а кога сме кај техничарите кои се вработени во Македонски Телеком, за нив не знам какви рутери им даваат на корисниците, можеби тие корисници кои се жалат биле услужувани токму од техничари на Македонски Телеком и баш таа недела од магацин им дале баш такви рутери, а техничарите не прашуваат зошто, единствено им е важно уредите да работат исправно и функционално.

И да, опремата не се менува кај корисник кој обновил договор, освен ако корисникот тоа го побара. Ако сепак го одбијат корисникот за менување на опремата, алтернативна опција би била да побара преместување на приклучокот од една во друга просторија - ова се наплаќа еднократно како дополнителен технички зафат - така што корисникот би потенцирал во барањето дека бара промена на опремата или во спротивно ќе одбие да се реализира техничкиот зафат. Но и за ова останува под знак прашалник дали ќе му биде одобрено барањето на корисникот за менување на опремата со најнова, а дури и да го одобрат барањето, техничарите кои ќе треба да ја наместат опремата можат да ја заменат опремата повторно со стара опрема, со оправдание дека само такава опрема имаат на залиха. Но моја лична претпоставка е дека не би им претставувало проблем да ја заменат опремата кај корисникот кој тоа го бара, особено со оглед на фактот дека вообичаено имаат нова опрема на залиха, барем за новиот Техниколор рутер е општо познат фактот дека веќе 6-ти (ШЕСТИ) месец по ред го имаат на залиха без никакви недостатоци.

Бидејќи рутерот од Техниколор е брендиран од Дојче Телеком, истиот доаѓа со инсталиран софтвер од Дојче Телеком, поради што може да се дава на користење само на корисници на компаниите кои спаѓаат под брендот на Дојче Телеком, вклучувајќи го и Македонски Телеком, се разбира.

Поради истото тоа софтверско ограничување, рутерите од Техниколор кои се брендирани од Дојче Телеком не можат да бидат давани на корисници на други оператори кои нудат свои услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и затоа Македонски Телеком на тие корисници на други оператори им дава на користење рутери од Хуавеи.

Кристално истото ограничување го има и кај бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, Speedport рутерите исто така се брендирани од Дојче Телеком, доаѓаат со инсталиран софтвер од Дојче Телеком, и не можат да се даваат на користење на корисници од други оператори кои нудат свои услуги преку бакарната мрежа на Македонски Телеком.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.100
Поени од реакции
535
А1 оптика преку телеком го има HG8145v5 рутерот (пред 2 години сега незнам што даваат)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.478
Поени од реакции
11.525
А1 оптика преку телеком го има HG8145v5 рутерот (пред 2 години сега незнам што даваат)
Го имаат од пред 2 години, точно, а мислам дека и сеуште го даваат на користење на нивните корисници.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
90
Поени од реакции
183
Нов договор направив и новиот рутер на Technicolor го инсталираа. Кажаа дека во 90% случаи тој го ставаат периодов. Сега засега се како што треба.
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
387
Поени од реакции
27
1683712505940.png

Дали и кај другите е вака? Приметувам дека реконектирањето на 24h е сеуште активно, но се добива истата IP адреса дури и со денови, иако немам активирано никаков дополнителен пакет за статичка IP а и мислам дека не даваат со оптички интернет.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Прегледај го приврзокот 378005

Дали и кај другите е вака? Приметувам дека реконектирањето на 24h е сеуште активно, но се добива истата IP адреса дури и со денови, иако немам активирано никаков дополнителен пакет за статичка IP а и мислам дека не даваат со оптички интернет.
Исто е и кај мене последниве денови.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
10
Поени од реакции
3
Здраво, имам рутер од Телеком (Speedport Entry 2i) и имам еден проблем. Вчера имаше грмотевици и го исклучив рутерот од струјата. Сепак, откако го вклучив после тоа, на рутерот ми светеа само Power и WLAN па не можев да се поврзам на WiFi мрежа преку телефон/лаптоп. Пробав физички да рестартирам, ништо. Сабајлево се пуштив на компјутер, кај што рутерот ми е поврзан со етернет кабел, и се логирав на самиот рутер, направив Refresh на статусот и почнаа да се пуштаат и светилките за DSL, Online и Telephony. Го исклучив компјутерот, пак падна интернетот, го пуштив, ја повторив постапката со логирање на рутер и рефреш на статус - пак дојде интернетот. Во логовите, за време на немањето интернет, ми го пишува следново:
P0000-00-00T01:23:42 [Notice] [SIP] +домашен_број registration failed (503 Service Unavilable)
P0000-00-00T01:24:44 [Notice] [SIP] +домашен_број registration failed (503 Service Unavilable)
P0000-00-00T01:25:44 [Notice] [SIP] +домашен_број registration failed (503 Service Unavilable)
P0000-00-00T01:26:46 [Notice] [SIP] +домашен_број registration failed (503 Service Unavilable)
P0000-00-00T01:27:49 [Notice] [SIP] +домашен_број registration failed (503 Service Unavilable)

Пред да побарам корисничка поддршка, сакам да прашам дали некој се има соочено со ваков проблем и дали е можно проблемот да ми е до рутерот или е нешто во инфраструктурата на телеком?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom