Ne e zaebancija vetuvanjevo deka ke go izvadat bakarot vo Skopje, a moze da im se veruva zs za 5g kako sto najavija taka i ja instaliraa. Sto se sluci da se razraborat? mozda najava za konkurencija?
Makedonski Telekom Skopje
www.telekom.mk
Монтажа на предаватели за мобилна телефонија и монтажа на доводни оптички кабли се две тотално различни работи.
Кај предавателите за мобилна телефонија најчесто се врши заменување на постоечките 4Г предаватели со нови 5Г предаватели, бидејќи постоечката инфраструктура од типот на столбовите на кои се поставени предавателите и струјата за предавателите, постои со години, ако не и со децении. Единствен додаток кај базните станици во споредба со локалните предаватели, е во тоа што во базната станица освен столбот и струјата, исто така е спроведен и доводен оптички кабел за пренос на сигналот, кој исто така е поставен пред повеќе години, а во некои базни станици и со децении.
Тоа е кристално исто како да си купил нов мобилен телефон, СИМ картичката ја префрлуваш од стариот телефон во новиот телефон, заедно со контактите, апликациите и поседувањата. Не е некоја голема филозофија мигрирањето од еден мобилен телефон кон друг мобилен телефон.
Кај оптичкиот Интернет е тотално друга приказна, бидејќи најчесто треба да се гради нова телекомуникациска инфраструктура од 0 (НУЛА). Ретки се старите згради во кои може низ постоечки црева поставени додека се градела зградата, да се спроведат нови доводни - во овој случај оптички - кабли. Најчесто корисниците мораат да прифатат бушење во близина на влезната врата од станот и спроведување на оптичкиот кабел внатре во станот, вообичаено со фиксирање на кабелот по таванот бидејќи оптичкиот кабел лесно се оштетува при газење или било каков физички товар врз истиот.
Во споредба со мобилната телефонија, префрлување од бакарната мрежа кон новата оптичка телекомуникациска мрежа, ситуацијата ти е како да си се преселил на нова адреса на која нема никакви кабли внатре во станот, поради што мораш да прифатиш целосно нова инсталација од 0 (НУЛА). Добро не е баш целосно нова инсталацијата, мрежните кабли со кои се поврзани компјутерите и рисиверите си остануваат, се менува единствено главниот доводен кабел кој завршува во рутерот, ама па и неговото спроведување низ станот или куќата е доволно за објектот да стане градилиште во временски период од 30 до 60 минути, неретко и до 2 часа, а понекогаш и подолго.
Убаво од Македонски Телеком доколку навистина одлучиле да инвестираат во масовно проширување на нивната оптичка телекомуникациска мрежа низ Македонија, но таквите градежни зафати не се ни малку лесни, а уште помалку па брзи.
Најверојатно почнало да им гори под нозете бидејќи А1 од поодамна масовно ја шири својата нова оптичка телекомуникациска мрежа низ Скопје и низ други градови во Македонија, а од есента 2022 па наваму има масовен бран на корисници кои се префрлуваат на А1 благодарејќи на попустите кои им ги нудат на корисниците, не само на месечната претплата, туку и на попустите кои ги нудат за купување на нови телевизори, компјутери, мобилни телефони и други играчки за возрасните.
Од тотално непознати причини, Македонски Телеком не им дозволува на вработените во салоните да им нудат попусти на постоечките корисници на Македонски Телеком, тоа право им го дозволуваат ексклузивно на теренските агенти за продажба. А1 не се замара со таква политика на привилегирање на одредени агенти за продажба, поради што каде и да отиде постоечки корисник на А1 - дали во салон, дали во партнерска продавница, дали ќе стапи во контакт со теренски агент за продажба - секаде ќе добие понуда за претплата со попуст.
А да, и добар дел од приватните подизведувачи кои до неодамна беа претежно зависни од инфраструктурните дејности кои ги вршеа за Македонски Телеком, се повеќе почнуваат да ги шират своите дејности и за потребите на А1, само во Скопје ги има минимум 2 (ДВА) приватни подизведувачи кои работат и за Македонски Телеком и за А1, па можеби во Македонски Телеком виделе колку е часот, па им текнало да префрлат во втора брзина за да го забрзаат проширувањето на нивната оптичка телекомуникациска мрежа низ Македонија.