Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.560
Поени од реакции
921
Ај пак ќе проверам деенс после 12 пошо погоре сум пишал вчера во 11 и кусур. Сабајлево беше истата ип. Онака ме интересира не дека е битно
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Не те разбирам што сакаш да кажеш. Во мојата ситуација, до 2018, имав 60/60, и беше 60/60. Го сменив пакетот на 50/50 во 2018, беше 50/50 брзината. Сега го сменив на 100/100 пакетот, а брзината е 45/45. А во договорот вика дека ќе дадат барем 60/10 ако не можат 100/100. Им се бунев, викаат тоа е. Пробај со кабел, друго не можеме. А зошто да не можат, кога порано си беше 60/60 на wifi. Ќе видам да го раскинам договорот ако не може да се подобри ситуацијата. Ме интересира дали некој има искуство со Телекабел 150/150, само што пуштија оптика во зграда кај мене.
Инаку, за овој проблем, по 2 ипол месеци натегања, од Телеком ми рекоа дека имало системска грешка, и ми пуштале послаба брзина од договорената, да поднесам приговор, да добијам некое обештетување. Ми рекоа дека ќе ја корегираат грешката и дека ќе ја пуштат договорената брзина, 100/100. Откако направив муабет, после некој сат направив тест 90/90 беше нетот. Арно ама, после некој сат, си се врати на под 50/50, и еве 2 дена пак не качува над оваа брзина. Више не знам што да им правам, овие од корисничка изгубени се.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592

Ако до толку си одлучен да бркаш Интернет пристап преку безжична мрежа наместо преку мрежен кабел - кој секогаш е загарантирано најстабилна мрежна врска и никогаш нема да биде целосно заменет од страна на безжична мрежа - повели купи си втор рутер и него конфигурирај го.

Убаво е тоа што порано си ги добивал посакуваните Интернет брзини преку безжична мрежа, но тоа речиси никогаш не зависи ниту од тебе, ниту од телекомуникацискиот оператор - без разлика кој е операторот.

Брзината на безжичната мрежа секогаш зависи од повеќе фактори:

- Дали твоите уреди кои ги користиш за безжично мрежно поврзување ја поддржуваат истата Wi-Fi ревизија која ја користи рутерот кој ти го дале на користење, од тука следува прашањето дали го меѓувреме ти го смениле рутерот или дали ти си го сменил мобилниот телефон/лаптопот/таблет компјутерот;
- Дали имаш гипс картон во домот, или си ставил во меѓувреме, бидејќи алуминиумските профили кои го држат гипс картонот ја слабеат безжичната мрежна врска;
- Дали имаш соседи кои користат свои безжични мрежни врски на истата фреквенција, односно на истиот безжичен мрежен канал на кој работи твојот рутер - доколку одговорот на ова е да, тогаш самото постоење на повеќе мрежни врски на истиот безжичен мрежен канал создава безжичен судир на сигналите и тоа само дополнително ќе го ослабнува безжичниот мрежен сигнал од твојот рутер;

Ниту еден оператор не ти гарантира максимална Интернет брзина преку безжична мрежна врска - ова слободно можеш да го прочиташ и во претплатничкиот договор кој го имаш потпишано со било кој оператор, дури и ако порано си бил задоволен од безжичната мрежна врска, појавата на нови фактори во домот или од кај соседите - особено ако живееш во станбена зграда - ги менува околностите, а со тоа и квалитетот на услугата.

Затоа Телекабел најпаметно постапуваат од самиот почеток, до денешен ден им даваат на своите корисници само модеми, дали кабелски модеми за кабелски Интернет, дали оптички модеми за оптички Интернет, но рутери не им даваат. Корисник на Телекабел кој сака домашна безжична мрежа ќе треба да си купи свој рутер и самостојно да си ја брка таквата проблематика.

Македонски Телеком повеќе од 3 години - од октомври 2019 па наваму, повеќе не се замара со поплаките на корисниците за слаб безжичен мрежен сигнал - барем кога станува збор за поплаки од корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - откако почнаа да им го даваат на тие корисници малку поновиот рутер од Хуавеи, моделот HG8145v5. Рутерот доаѓа со големи антени и зрачи со двојна широкопојасна безжична мрежна врска преку Wi-Fi 5 ревизија, односно Wi-Fi ac - едната на стандардните 2.4 гигахерци, а другата на 5 гигахерци.

https://forum.huawei.com/enterprise/en/huawei-hg8145v5-an-informative-product-review/thread/763941-100181

Рутерот има смалена ревизија кај која антените се поставени странично, но моделот е истиот.

https://www.blibli.com/p/ont-huawei-echolife-hg8145v5-dual-band-2-4g-dan-5g/ps--YOS-70120-05173

А од ноември 2022 па наваму, Македонски Телеком по ново им го дава на корисниците на својата оптичка телекомуникациска мрежа новиот модел FGA2233 од Техниколор, брендиран за Македонски Телеком и наменет исклучиво за корисници на Македонски Телеком.

Овој понов модел зрачи со Wi-Fi 6 ревизија, односно Wi-Fi ax и за него па уште помалку се замараат доколку пристигне поплака од корисник за безжичната мрежна врска.

Така да, за мир во куќа, најдобро ти е да си купиш втор рутер, некој поскап модел од над 2.500 денари кој зрачи со Wi-Fi ac или уште подобро Wi-Fi ax, па намести си го каде сакаш и конфигурирај си го како сакаш.

Ќе треба да пуштиш мрежен кабел од рутерот кој ти го имаат дадено на користење од Македонски Телеком до рутерот кој ќе го купиш, едниот крај на мрежниот кабел ќе треба да завршува во било која мрежна порта која не ја користиш за MaxTV - доколку воопшто користиш MaxTV, се разбира - а другиот крај на мрежниот кабел ќе треба да завршува во WAN или Internet портата на рутерот кој ќе го купиш. Потоа ќе треба да го конфигурираш самостојно како што ти е објаснето во упатството кое ќе ти дојде со самиот рутер кој ќе го купиш и крај на приказната.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Да, знам доста од работиве кои ги напиша. Јас живеам во Аеродром во стамбена зграда. Од почеток на 2005 имав АДСЛ на Телеком, а оптика од почеток на 2014. Уште го имам Huawei EchoLife HG8245H рутерот што ми го дадоа во 2014. Еве денес земав и постар лаптоп да го тестирам со мрежен кабел, и брзината беше некаде 92/90, што е океј. Но ова за wifi-то, брзиниве се по 40/40, 30/30, збориме со уреди на 20 см од рутерот. Во една од собите во станот ми е под 1/1, на некои 5 метри од рутерот. Претходно низ ѕид ми била брзината скоро 60/60 на пакет 60/60. Сега драматично е опадната брзината на wifi-то.

Ставив еден постар tenda рутер како појачувач на сигнал да делува, и иако прави некоја разлика, во собата од 1/1 ја качи на 15/15 некаде, пак не е на некое завидливо ниво. Најверојатно што викаш, нешто му пречи на сигналот да се шири, ама интересно ми е тоа што и до самиот рутер wifi-то не крева над 50/50 никогаш, освен пред некој ден кога зборев со корисничката поддршка на Телеком на мејл, и прашав зошто во тоа мојтелеком сметката, виртуелен техничар страната, пишува дека пакетот е 60м а треба да е 100м, па ми се извинија рекоа дека е техничка грешка, и после некој сат рипна на 90/90 на wifi, ама после пак по старо.

А и интересно, до него кога сум (рутерот), покажува јачина на сигнал 99%.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.567
Поени од реакции
5.612

Имаш 3 опции

1. Да се расправаш за вифи то, да им досаѓаш - Како што е и пишано погоре, на Вифи брзината не се гарантира,така да некако залудно би ми било барем на мене. Ниту еден оператор не ти ја гарантира таа брзина.
2. Да побараш со финода ти сменат рутер бидејки имаш проблеми при користење или нешто слично. (нормално ако има можност за тоа),со тоа што би ти стаиле нов рутер - јебига ако ти е од 2014та може и да има шанси да ти го заменат.
3. Да си купиш стварно добар екстендер и преку него да си добиваш вифи - со ова би немал никаков проблем, а и реално на класичен рутер би имал многу боље сигнал и стабилност.

Најбоље е да искомбинираш нешто од 2 и 3. Ем нов модем ем нов екстендер и нема да имаш гајле :D
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.515
Поени од реакции
2.886
Екстендер не би препорачал. Пак ќе имаш доста варирање, и повеќе е на среќа како ти се погодат околностите (колку мрежи имаш во близина со која јачина, конфигурација на стан и слично). Најдобро ти било ако можеш да ставиш Access Point до кој ќе довлечкаш ЛАН кабел (од Хуавеито до новиов рутер што би го зел) секако ова е ако имаш можност. Тоа старото HG8245 и HG8245H им се тотални ѓубриња веќе. Новите белите подебели малце што им се, се сосема солидни а и поддржуваат 5Ghz.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
555
Поени од реакции
744
Jas sum povrzan so dva rutera t.e. toj od telekom go koristam kako vlezen ruter, potoa so lan kabel e povrzan vtor ruter od koj koristam wifi.

Dali toa znaci deka avtomatski e napraven bridge ili treba da se konfigurira? Ako se napravi bridge, kje ima razlika bo brzina ili ne?
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.100
Поени од реакции
1.376
Дали со обнова на договор даваат од новите рутери што им се на Телеком?
 
Sikimco

Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
Член од
25 јули 2011
Мислења
528
Поени од реакции
251
Дали со обнова на договор даваат од новите рутери што им се на Телеком?
Само доколку имаш дефект/проблем или земеш поразличен пакет што таа опрема што ја имаш неможе да го овозможи тоа(пример сакаш да приклучиш уште 3 телевизори), тогаш се менува опремата.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.639
Поени од реакции
787
До каде се со Оптиката во Радишани ? од летоска се поставени подземните инсталиции само црева но не и оптичкиот кабел гледам на нивните бандери летоска поставуваа санудучиња и толку
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
До каде се со Оптиката во Радишани ? од летоска се поставени подземните инсталиции само црева но не и оптичкиот кабел гледам на нивните бандери летоска поставуваа санудучиња и толку
Станбените згради на улица Радишанска и улица Скоевска се целосно покриени, бандерите низ цела улица Скоевска се покриени за куќите, а и добар дел од бандерите на споредните улици кои се раскрстуваат со улица Скоевска се покриени за куќите.

Бандерите низ село Радишани исто така се покриени за куќите и за објектите, но не знам до каде.

За останатите улици не знам, но знам дека летото 2022 имаше офанзива за проширување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком низ Радишани, а добар дел од постоечките корисници на бакарната телекомуникациска мрежа веќе се префрлени на оптичката телекомуникациска мрежа.

Најдобро ќе биде да си поднесеш барање за префрлување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во салон или да се јавиш во Контакт Центарот на 070 122 и од таму да ти поднесат барање, па ќе дознаеш за 1 до 2 недели дали постои техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на твојата адреса на живеење.

Техничкиот зафат е бесплатен и трае од половина час до 2 или 3 часа во зависност од околностите на терен - големина на куќа/стан, оддалеченост од најблиската бандера - доколку станува збор за куќа, или од најблиското катно сандаче - доколку станува збор за стан.

А да, и за сите заинтересирани: никогаш не потпишувајте нови обврзувачки претплатнички договори доколку сте се префрлиле на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, освен ако така сакате. Добар дел од гребаторите кои работат продажба ќе се обидат да ве залажат дека ако сте се префрлиле или планирате да се префрлите на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, ќе морате да потпишете нов обврзувачки претплатнички договор - вообичаено на 2 години - или во спротивно ќе ве исклучат.

Не им верувајте ниту збор, немате никакви обврски да потпишувате нови обврзувачки претплатнички договори ниту со Македонски Телеком, ниту со било кој друг телекомуникациски оператор, а гребаторите од продажба само се обидуваат да остварат месечна бројка на нови корисници или старонови корисници кои успеале да ги убедат да потпишат нови обврзувачки претплатнички договори.
 
Ти благодарам за одговорот ,имам поднесено барање за 1 ден добив одговор дека работеле и дека многу бргу ќе биде тоа е некаде август септември поднесено
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
Ти благодарам за одговорот ,имам поднесено барање за 1 ден добив одговор дека работеле и дека многу бргу ќе биде тоа е некаде август септември поднесено
Поднеси ново барање, можеби тогаш немало техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата адреса на живеење, а сега можеби има.

Ништо нема да те чини да поднесеш ново барање, исто како што и техничарите од Македонски Телеком нема ништо да ги чини да проверат на лице место дали има техничка можност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom