@Dexter26 Прашање е колку го даваат новиот рутер на нови и постоечки корисници. Доста луѓе се жалат дека не го добиле ни Huawei HG8145V5. За нови договори се случува и веќе користена опрема да инсталираат (иако кај мене на 2 пати кога сум правел нов договор, опремата била нова). За продолжување договор, секако, опремата не се чепка, па пологично е да се прекине договорот и да се направи нов, со надеж дека ќе има некој upgrade.
Инаку според тоа што најдов HG8145V5 не поддржува WiFi 6 - ax, додека новиот модел на Technicolor FGA2233 да.
Прегледај го приврзокот 374379
Да, имам пишано поназад во пост
#11.973, рутерот HG8145v5 од Хуавеи доаѓа со WiFi 5 ревизија, односно WiFi ac, а Техниколор рутерот доаѓа со WiFi 6 ревизија, односно WiFi ax.
Не знам зошто би имало поплаки за рутерите кои им ги даваат на новите и постоечките корисници на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, јас имам тотално поинаква информација од приватните подизведувачи: од ноември 2022 па наваму Македонски Телеком повеќе не нарачува рутери од Хуавеи и на сите нови или постоечки корисници кои се префрлуваат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком им го даваат новиот рутер од Техниколор, а рутерите од Хуавеи им ги даваат на корисниците на другите оператори кои нудат свои услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Но ова ми се информации од луѓе кои работат за приватни подизведувачи на Македонски Телеком, а кога сме кај техничарите кои се вработени во Македонски Телеком, за нив не знам какви рутери им даваат на корисниците, можеби тие корисници кои се жалат биле услужувани токму од техничари на Македонски Телеком и баш таа недела од магацин им дале баш такви рутери, а техничарите не прашуваат зошто, единствено им е важно уредите да работат исправно и функционално.
И да, опремата не се менува кај корисник кој обновил договор, освен ако корисникот тоа го побара. Ако сепак го одбијат корисникот за менување на опремата, алтернативна опција би била да побара преместување на приклучокот од една во друга просторија - ова се наплаќа еднократно како дополнителен технички зафат - така што корисникот би потенцирал во барањето дека бара промена на опремата или во спротивно ќе одбие да се реализира техничкиот зафат. Но и за ова останува под знак прашалник дали ќе му биде одобрено барањето на корисникот за менување на опремата со најнова, а дури и да го одобрат барањето, техничарите кои ќе треба да ја наместат опремата можат да ја заменат опремата повторно со стара опрема, со оправдание дека само такава опрема имаат на залиха. Но моја лична претпоставка е дека не би им претставувало проблем да ја заменат опремата кај корисникот кој тоа го бара, особено со оглед на фактот дека вообичаено имаат нова опрема на залиха, барем за новиот Техниколор рутер е општо познат фактот дека веќе 6-ти (ШЕСТИ) месец по ред го имаат на залиха без никакви недостатоци.
Бидејќи рутерот од Техниколор е брендиран од Дојче Телеком, истиот доаѓа со инсталиран софтвер од Дојче Телеком, поради што може да се дава на користење само на корисници на компаниите кои спаѓаат под брендот на Дојче Телеком, вклучувајќи го и Македонски Телеком, се разбира.
Поради истото тоа софтверско ограничување, рутерите од Техниколор кои се брендирани од Дојче Телеком не можат да бидат давани на корисници на други оператори кои нудат свои услуги преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, и затоа Македонски Телеком на тие корисници на други оператори им дава на користење рутери од Хуавеи.
Кристално истото ограничување го има и кај бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, Speedport рутерите исто така се брендирани од Дојче Телеком, доаѓаат со инсталиран софтвер од Дојче Телеком, и не можат да се даваат на користење на корисници од други оператори кои нудат свои услуги преку бакарната мрежа на Македонски Телеком.