А дали знаеш колкава е застапеност на ВДСЛ во нивните локални централи, онака ме интересира дали имаат 100% покриеност во руралните места пошто имаше одлука за минимална брзина од 30Мб/с од страна на АЕК до 2020та?
Хехе, тоа е добра заебанција со загарантираната Интернет брзина наспроти достапната Интернет брзина.
Интернет М пакетот на Македонски Телеком предвидува Интернет со брзина до 30 мегабита во секунда, но Македонски Телеком се обврзува да достави Интернет со брзина до 15 мегабита во секунда преку бакарната телекомуникациска мрежа.
Или со други зборови кажано, плаќаш за услуга со повисок квалитет, а добиваш услуга со понизок квалитет бидејќи Интернет провајдерот се обврзува да ти обезбеди услуга со понизок квалитет, додека услугата со повисок квалитет зависи од техничките услови на терен.
Ги има безброј корисници кои се изненадуваат кога од бакарната телекомуникациска мрежа ќе направат миграција кон оптичката телекомуникациска мрежа и одеднаш добиваат Интернет со брзина до 30 мегабита во секунда - бидејќи преку оптичката телекомуникациска мрежа Интернет брзините се речиси неограничени и секако стабилни, додека преку бакарната телекомуникациска мрежа едвај добивале Интернет со брзина до 10 мегабита во секунда, а камо ли па Интернет со брзина до 15 мегабита во секунда.
Каква е ситуацијата со локалните телекомуникациски централи, особено во руралните средини - не знам, но можам да потврдам дека дури и ако локалната телекомуникациска централа има техничка поддршка за VDSL, сепак тоа не гарантира VDSL Интернет брзини до крајниот корисник, бидејќи колку повеќе точки на спојување ги има по пат - особено во руралните средини во кои се оди преку бандери - толку повеќе слабее сигналот.
Ќе мора некој техничар ептен посветен на работата да најде VDSL порта во локалната телекомуникациска централа со одличен сигнал, да го поврзи корисникот на таа конкретна порта, па потоа од локалната телекомуникациска централа па се до крајниот корисник да го измери сигналот на секоја бандера на која има точка на спојување и да се осигура дека сигналот е одличен се` до адресата на крајниот корисник.
За жал вообичаено таква посветеност од техничарот може корисникот да добие исклучиво ако техничарот му е пријател или некој близок, па да се изнашета од локалната телекомуникациска централа, низ бандерите, па се` до адресата на крајниот корисник за да се осигура дека сигналот ќе биде одличен и дека корисникот навистина ќе ја добие максималната Интернет брзина која ја нуди самиот пакет, а не загарантираната минимална Интернет брзина.
Замисли таков техничар да ринта од Кучевиште во Скопска Црна Гора каде што се наоѓа една од локалните телекомуникациски централи за Скопска Црна Гора, па се` до Бањани каде што се наоѓаат најоддалечените крајни корисници, за жал таква посветеност тешко се добива од техничар не само на Македонски Телеком, туку и од техничар на било кој македонски Интернет провајдер. Настрана фактот дека од Кучевиште до Бањани има повеќе од 1 (ЕДЕН) километар оддалеченост, што значи дека единствен начин да се донесе техничка можност за VDSL телекомуникациска линија од Кучевиште кон Бањани е со поставување на појачала за засилување на VDSL сигналот, а дали воопшто имаат поставено такви појачала и дали воопшто планираат да постават во иднина доколку до сега немаат поставено, останува под знак прашалник.