Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
@Dexter26 и други поискусни. Дали може Телеком да имплементира нешто вакво по барање на корисникот и дали ова е ефикасно ако си на 2.5 до 3 киломентри од DSLAM-от ? Или пак, какво решение може да барам за да го имам Internet L пакетот?

VDSL2 Broadband Amplifier
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535

Не можам да ти потврдам, но претпоставувам дека имаат донесено такви појачала до некои места каде што сеуште нема и нема во блиска иднина да има техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Како и да е, најдобро ќе биде да поднесеш барање за проверка на техничка можност за VDSL линија или за хибридна линија во најблискиот салон на Македонски Телеком, или да ги прашаш лично во реонската канцеларија на одделението за технички услуги:

- Реон Центар во кафеавата зграда до зградата на Македонска Пошта кај мост Гоце Делчев;
- Реон Ченто кај поштата во Ченто, во истата зграда во која е салонот на Македонски Телеком;
- Реон Чаир кај внатрешниот паркинг кај поштата во Чаир наспроти стадионот;
- Реон Карпош кај поштата во Карпош до Тинекс, исто така кај внатрешниот паркинг;
- Реон Кисела Вода и реон Лисиче кај киното/домот на културата во Кисела Вода наспроти Гет кафе;
- Реон Драчево кај поштата и салонот на Македонски Телеком во Драчево - кај и да е ќе ги дочекаат првите оптички телекомуникациски линии најдоцна до крајот на 2020 година.
 
Имам 4G хибриден рутер. Кога го ставив првиот месец имав брзини 30/10 што баш ме изненади. После се намали според договорот и имам 12/1.5 . Ама во последно време зафркава и тој. Многу често имам 4/0.5. Последниов месец дена се јавив 7 пати на 122 и џабе. Таман ќе се опораи и пак иста песна после 2 дена. Сега работам и од дома, и не ми се доволни ниту 12/1.5 . Упатив мејл до kontakt@telekom.mk ми вратија дека барањето е испратено до соодветна служба и еве 3 недели немам ниту позитивен ниту негативен одговор дали може да стават засилувачи. Во салонот во Ченто на тој кога му кажав дека сум имал 30/10 на почеток ме прави будала, демек немало шанса да е така, а така беше. Ми рече да одам таму позади поштата, одам таму нема никој со денови, по терен, не знам каде, од дома работеле, не можам да ги најдам. А ми треба итно некакво решение. И поради ситуацијава ќе работам од дома сигурно месец/два . Не се два дена. Веќе месец дена маки мачам со Телеком. Навистина немаат осет. А знаат иста цена за услугите да наплаќаат за тие во урбана и за тие во рурална средина, а услугите дијаметрално различни. Катастрофа.
 
Ако живееш во реон Ченто - Маџари, Сингелиќ, Триангла, Ченто, Хиподром - тогаш можеш да поднесеш барање за проверка на техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком. Населбите се речиси целосно покриени со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, како станбените згради, така и куќите.

А истото можеш да го направиш и со А1 Телеком, токму реон Ченто е првиот реон во Скопјево кој А1 Телеком го има во голем дел - да не речам речиси целиот реон - покриено со своја оптичка телекомуникациска мрежа, па би можел и со нив да си ја испробаш среќата.
 
Кај мене нема да има можност за оптика уште долго. 2.5 километри сум од локалната централа која е во Црешево и има само бакарна линија. Па немам услови ни за ВДСЛ. Затоа побарав од телеком дали можат да постават засилувачи. Ама немам никаков одговор. Во салон тој остана нем. Не знае што да ми каже. Не знам каде да го упатам тоа барање..
 
Е да, навистина таму сеуште нема техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а сигурно нема ниту техничка можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на А1 Телеком.

Кога сме кај вработените во салоните, тие немаат никакви допирни точки со техничкиот дел од поврзувањето на корисниците, нивна работа е да работат продажба, а добар дел од барањата за поврзувања на нови корисници кои ги одобруваат завршуваат подоцна поништени од вработените во одделот за технички услуги поради немање на техничка можност.

Треба да го начекаш раководителот на одделението за технички услуги за реон Ченто за да го прашаш лично, единствено тој може да ти даде информација од прва рака, но ниту го познаваме, ниту знаеме кога ќе биде достапен во канцеларијата кај поштата во Ченто.

Останатите кои ќе ги начекаш во канцеларијата кај поштата во Ченто најверојатно ќе те отераат во 100 пм бидејќи не си корисник со голем приоритет.

Друга опција ти е да прошеташ до канцеларијата на раководството за целиот скопски регион во Ѓорче Петров, кај внатрешниот паркинг кај поштата во Ѓорче, но и тука повторно останува прашањето дали и кога ќе наидеш на главниот раководител за целиот скопски регион во канцеларијата кај поштата во Ѓорче за да ти даде информација од прва рака.
 
Има ли некој друг канал преку кој што можам да стигнам до овие луѓе? Или некаков друг начин преку кој моето барање ќе стигне до нив?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
Има ли некој друг канал преку кој што можам да стигнам до овие луѓе? Или некаков друг начин преку кој моето барање ќе стигне до нив?
Не знам, јас не работам во Македонски Телеком, информациите кои ги имам се од луѓе кои ги познавам, а кои работеле или сеуште работат во Македонски Телеком, или познаваат луѓе кои работеле или сеуште работат во Македонски Телеком.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.648
Поени од реакции
1.538

А дали знаеш колкава е застапеност на ВДСЛ во нивните локални централи, онака ме интересира дали имаат 100% покриеност во руралните места пошто имаше одлука за минимална брзина од 30Мб/с од страна на АЕК до 2020та?
 
Хехе, тоа е добра заебанција со загарантираната Интернет брзина наспроти достапната Интернет брзина.

Интернет М пакетот на Македонски Телеком предвидува Интернет со брзина до 30 мегабита во секунда, но Македонски Телеком се обврзува да достави Интернет со брзина до 15 мегабита во секунда преку бакарната телекомуникациска мрежа.

Или со други зборови кажано, плаќаш за услуга со повисок квалитет, а добиваш услуга со понизок квалитет бидејќи Интернет провајдерот се обврзува да ти обезбеди услуга со понизок квалитет, додека услугата со повисок квалитет зависи од техничките услови на терен.

Ги има безброј корисници кои се изненадуваат кога од бакарната телекомуникациска мрежа ќе направат миграција кон оптичката телекомуникациска мрежа и одеднаш добиваат Интернет со брзина до 30 мегабита во секунда - бидејќи преку оптичката телекомуникациска мрежа Интернет брзините се речиси неограничени и секако стабилни, додека преку бакарната телекомуникациска мрежа едвај добивале Интернет со брзина до 10 мегабита во секунда, а камо ли па Интернет со брзина до 15 мегабита во секунда.

Каква е ситуацијата со локалните телекомуникациски централи, особено во руралните средини - не знам, но можам да потврдам дека дури и ако локалната телекомуникациска централа има техничка поддршка за VDSL, сепак тоа не гарантира VDSL Интернет брзини до крајниот корисник, бидејќи колку повеќе точки на спојување ги има по пат - особено во руралните средини во кои се оди преку бандери - толку повеќе слабее сигналот.

Ќе мора некој техничар ептен посветен на работата да најде VDSL порта во локалната телекомуникациска централа со одличен сигнал, да го поврзи корисникот на таа конкретна порта, па потоа од локалната телекомуникациска централа па се до крајниот корисник да го измери сигналот на секоја бандера на која има точка на спојување и да се осигура дека сигналот е одличен се` до адресата на крајниот корисник.

За жал вообичаено таква посветеност од техничарот може корисникот да добие исклучиво ако техничарот му е пријател или некој близок, па да се изнашета од локалната телекомуникациска централа, низ бандерите, па се` до адресата на крајниот корисник за да се осигура дека сигналот ќе биде одличен и дека корисникот навистина ќе ја добие максималната Интернет брзина која ја нуди самиот пакет, а не загарантираната минимална Интернет брзина.

Замисли таков техничар да ринта од Кучевиште во Скопска Црна Гора каде што се наоѓа една од локалните телекомуникациски централи за Скопска Црна Гора, па се` до Бањани каде што се наоѓаат најоддалечените крајни корисници, за жал таква посветеност тешко се добива од техничар не само на Македонски Телеком, туку и од техничар на било кој македонски Интернет провајдер. Настрана фактот дека од Кучевиште до Бањани има повеќе од 1 (ЕДЕН) километар оддалеченост, што значи дека единствен начин да се донесе техничка можност за VDSL телекомуникациска линија од Кучевиште кон Бањани е со поставување на појачала за засилување на VDSL сигналот, а дали воопшто имаат поставено такви појачала и дали воопшто планираат да постават во иднина доколку до сега немаат поставено, останува под знак прашалник.
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Има некој проблеми со брзината на Magenta 1 со интернетот? Брзината е неретко 2-3 мегабита.. Страна сочитува со минути..
 
Член од
11 април 2018
Мислења
202
Поени од реакции
59

Точно така ако имаш среќа да најдиш професионален техничар од телеком да сака се да испита за тебе како поединец е вистинска среќа што е многу жално.Како корисници имаме право на тоа и сите договори тоа ти го гарантираат но само на хартија.Јас користам вдсл,кај мене линијата е толку добра што поддржува 130/25.Прво успеав да ги убедам и ме ставија на профил 90/10 за после една година ме вратија на 60/10 па се жалев и сега сум на 70/10 а сум на интернет л 1500 ден.
Телеком и се е можно но имаат најдобра мрежа и инфраструктура и немаме многу опции да бираме а тие тоа го користат и затоа цените му се високи.
 
Член од
23 октомври 2016
Мислења
72
Поени од реакции
17
Дали знае некој што има оптика од телеком што рутери ставаат и кој им е default admin user and password?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Дали знае некој што има оптика од телеком што рутери ставаат и кој им е default admin user and password?
Huawei ваљда уште ставаат.

root/admin
root/root
admin/root
admin/admin

еден од овие, мислам првиот беше
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.535
Дали знае некој што има оптика од телеком што рутери ставаат и кој им е default admin user and password?
Вообичаено адресата за најавување на корисничкиот интерфејс за конфигурирање на рутерот е отпечатена на налепница залепена од долната страна на рутерот.

Кај постарите рутери на Хуавеи корисничкото име за најавување е root, а лозинката е admin, додека кај поновите рутери на Хуавеи корисничкото име за најавување е root, а лозинката е adminHW.

Адресата за најавување на корисничкиот интерфејс за конфигурирање на рутерот е отприлика истата како и кај повеќето - да не речам сите - рутери: http://192.168.100.1/ .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom