Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Нека си ги средат брзините па после потпишувања договор
12/1 уште од 2010 немаат сменето.
Ја знам колку беше лошо пошто и јас поминав низ тоа вие што сте поминале,бидејки со нивните брзини ама баш ништо
ајде сваќам исти брзини ама преку оптички кабел,а вака тешко.
Гледајте тие што ќе зимате оптика, или преку Неотел, или ако до толку сакате само од Телеком, гледајте да не ве заебат,пошто знае некогаш системот фаличен да биде,ќе те извисат извесно време а ти ке си плаќаш
за тв може телекабел или total tv чим даваат опција без Max TV.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Новиве понуди на телеком се прилично посимпатични од старите за во 2019. Ама како што спомна @Гејминг пак има голем број корисници што линијата им поддржува максимум 8 скапани мбити (тие што се оддалечени по 2+ километри од локални централи). Јас сум еден пример за тоа. Што планираат телекомци да напраат со овие корисници? Не постои ли некоја технологија за појачување на сигналот? Јас за среќа успеав да им извлечам 4G рутер за дома, и резултатите се подобри, иако пак не фаќам баш добар сигнал, сепак знае да варира од 10/12 мбити па дури и до 30 мбити стигнувам некогаш, ама некогаш паѓа и на 2 мбити. А знам примери што имаат претплати за до 12 мбити а со 4G рутер имаат константни 45 мбити. Јас на почеток некој период имав константно 25-30 мбити, ама дали после ми воведоа некои ограничувања не знам. Сепак дали е некој поупатен и дали има претстава како телеком планира да им испорача прилично солидни брзини на корисниците оддалечени од локалните централи ?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Македонски Телеком вообичаено не ги пуштаат вака нивните оптички кабли, можно е ова да е на Вип или на Телекабел.

Ако можеш да ги провериш цревата од поблиску, можеби ќе ја најдеш ознаката ONE - VIP за Вип, или MKT за Македонски Телеком.
Телеком користи портокалови црева. Секој оператор начелно има своја боја на црева...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Телеком користи портокалови црева. Секој оператор начелно има своја боја на црева...
Не баш.

Има портокалови црева и од другите оператори, а Македонски Телеком конкретно ги користи портокаловите црева или кај објектите кои се на подолга оддалеченост од уличниот ормар во кој се сместени оптичките разделници, или кај објектите со повеќе корисници, на пример станбени објекти со повеќе од 50 станови или поголеми деловни објекти.

И да - има и црни црева на Македонски Телеком, се зависи од ситуацијата на терен. Затоа спомнав дека на цревата треба да има ознака MKT ако се од Македонски Телеком, или ознака ONE - VIP ако се од Вип.

Не сум баш најдобро запознаен со праксата при пуштање на доводни оптички кабли кај Македонски Телеком, но барем во реон Центар - Центар, Автокоманда/делови од Железара, МРТВ/судови/факултети, Мавровка, Кале, чаршија, Бит Пазар, Народна Банка, Олимписки Базен, Железничка Станица Скопје, Црниче, Водно - имам забележано дека Македонски Телеком практикуваат да ги пуштаат своите доводни оптички кабли во цевки за канализација - за кабелска подземна канализација, се разбира.

Баш вчера повторно ги видов како копаа некаде низ Центар, не помнам точно, но сеуште ги пуштаат прво канализациските цевки, потоа низ нив цревата, па на крајот низ цревата ги пуштаат оптичките кабли.

А на таа сликата на претходната страница од темава каблите се директно положени во земја, а не пуштени низ цевки. Но да не избрзуваме со заклучоци, јас спомнав како ги пуштаат доводните оптички кабли на Македонски Телеком во реон Центар, можеби во други реони применуваат поинаква пракса.

Сепак лично мислам дека информација од прва рака најдобро може да се добие директно од Конти Хидропласт - бидејќи тие ги прават цревата за сите телекомуникациски оператори. :)
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Во право си до некаде... јас ова го работам затоа знам какви се праксите. Обично секој оператор има договор со произведувач на црева. Сега ги има повеќе. Конти Хидропласт е само еден од добавувачите. Многу често се зима тоа што има на лагер затоа бојата не е секогаш иста. Ако се работи реонизација со оптика се нарачува поголема количина и во производството се дефинира и боја. Печатењето е покомплицирано и непрактично пошто не можат да продадат за интервентни барања од други оператори. Канализација сите ја користеа порано пошто беше релативно практично. Со канализација има голем проблем пошто за било каква интервенција користат ежеви за чистење кои кинат се и во принцип е лоша и непостојана инсталација.
Како и да е сите оператори си ги знаат инсталациите и скоро никад нема проблем за распознавање на инфраструктурата.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Во мојот реон на пример, сите црева од Телеком се само со портокалова боја, без разлика на тоа дали одреден објект е висок или низок.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Sakas da kazes deka kablite na banderite ke si ostanat i kaj optika? Nema vrska kabelot na banderite ni so bakar ni optika ? Dal bakar dal optika toj si e istiot kabel na banderite.
Не знам каде живееш но каблите се одамна под земја, евентуално подземните кабли одат до бандера и оттаму до куќите во околината. Ова би требало да е секаде, имаше голема акција за поставување на подземни бакарни кабли во 2000-2001 на ниво на цела Македонија, со цел за прилагодување на АДСЛ стандардот, како и замена во некои места на дрвените стари бандери од поранешна Југославија, кои служеа за пренос на телефонски кабли.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
И Бакарот е под земја.
Во Радовиш е сосема обратно.
И оптика и бакар одат по бандера, и оптика нема до дом, туку на одредено место завршува па се мења у бакар.
Слично е и кај мене, барем во реонот каде што живеам. Бакарниот кабел искача од под земја и оди кон една дрвена бандера од каде продолжува до една друга, исто така дрвена бандера, па од таму или лево во друга бандера подоле, или десно пред влез кај мене, позади еден ѕид во сандаче.

Се знае, веќе не ни треба да се прашува..
Најбезбедна и најсолидна мрежа е онаа која што е наместена под земја.
Џабе оптика кога не е се тоа закопано под земја, наместо на бандера кафе што може буквално од непогоди да дојде до губење на сигнал/квалитет, и уште полошо да дојде до паѓање на мрежа.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.058

Не треси глупости, јас имам 50/50 оптика и е од бандера до дома директно оптика, никаков бакар, за во Радовиш. Којзнае од кога не доаѓаш во Радовиш и не пратиш ништо, само се глупираш по темите.
На која улица живееш во Радовиш, па да ти кажам дали завршува оптика, па бакар?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не знам каде живееш но каблите се одамна под земја, евентуално подземните кабли одат до бандера и оттаму до куќите во околината. Ова би требало да е секаде, имаше голема акција за поставување на подземни бакарни кабли во 2000-2001 на ниво на цела Македонија, со цел за прилагодување на АДСЛ стандардот, како и замена во некои места на дрвените стари бандери од поранешна Југославија, кои служеа за пренос на телефонски кабли.
Сеуште има бајаги оптика по бандери. И во Скопје и низ Македонија. Сите оператори имаат делумни воздушни мрежи. Се одбегнува како решение ама некогаш нема опција за копање. Се користат градежни активности нарочито иницирани од Град Скопје за миграција на воздушни траси. Квалитетот на оптиката не се менува ако трасата е воздушна дури од искуство многу повеќе прекини има со подземни инсталации.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Сеуште има бајаги оптика по бандери. И во Скопје и низ Македонија. Сите оператори имаат делумни воздушни мрежи. Се одбегнува како решение ама некогаш нема опција за копање. Се користат градежни активности нарочито иницирани од Град Скопје за миграција на воздушни траси. Квалитетот на оптиката не се менува ако трасата е воздушна дури од искуство многу повеќе прекини има со подземни инсталации.
Точно.

На бандера полесно се отстранува дефект бидејќи кабелот е над земја, додека кај подземна инсталација понекогаш мора да се чека со недели додека да добијат дозвола за да копаат и да менуваат оштетен оптички кабел.

Сум имал ситуации кај кои во цела станбена зграда сигналот бил катастрофален токму бидејќи доводниот оптички кабел некаде по пат бил оштетен, па се чекало со недели додека да го сменат истиот, токму бидејќи бил подземен.

А на бандера единствено е важно добро да се фиксира кабелот, односно да не се тегне премногу и да не се витка под остар агол.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Не треси глупости, јас имам 50/50 оптика и е од бандера до дома директно оптика, никаков бакар, за во Радовиш. Којзнае од кога не доаѓаш во Радовиш и не пратиш ништо, само се глупираш по темите.
На која улица живееш во Радовиш, па да ти кажам дали завршува оптика, па бакар?
Мислев за вип дека оптика им иде преку бандера до одреден дел,па потоа се мења у бакар.
Јас како што знам,повеќето од радовиш е така, и ако не се грешам во радовиш оптика слабо.
Радовиш одам кога имам можност, и иако таму сум израснат не го знам цел град на памет нормално,па така да не ме фаќај за тоа дека во радовиш нема оптика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom