Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување
Член од
3 јуни 2013
Мислења
14
Поени од реакции
1
Како што спомна @Име И Презиме во пост #11185, треба да провериш дали рутерот кој ти е` даден на користење има налепница од Микротел, кои ги поправаат неисправните уреди на Македонски Телеком.

Поправените рутери и IPTV рисивери имаат поголеми шанси да бидат неисправни, но тоа не е баш пишано правило. И јас порано кога користев 3 Max Comfort+ пакет од тогашен Ти-Хоум, ми изгоре Speedport W 503V рутерот, го заменија со тазе нов, штотуку отпакуван - јас лично отидов до главната централа во Центар за да го подигнам бидеји имаа премногу пречки и не можеа да испратат слободна екипа кај мене, па сепак се рестартираше на секои 3 или 6 часа, поради што морав повторно да го заменам - вториот пат кога ја пријавив пречката имаа слободна екипа за да го замени рутерот со нов - трет рутер.

Статична IP адреса нема ништо да ти реши во однос на рестартирањето на рутерот, бидејќи само IP адресата ќе ти остане иста после секое наредно рестартирање на рутерот или паѓање на линијата, а проблемот со рестартирањето на рутерот или паѓањето на линијата ќе ти остане нерешен.

Провери дали рутерот има налепница од Микротел, но дури и ако нема, пријави пречка на 122, кажи им дека рутерот се рестартира на секои 12 или не знам колку часа кога ти се појавува проблемот, па нека испратат екипа за да го реши проблемот.

Кај бакарните телекомуникациски приклучоци се појавуваат вакви проблеми со тек на време, но кај оптичките телекомуникациски приклучоци или имаш сигнал или немаш сигнал. Ако имаш сигнал, тогаш сигналот мора да биде стабилен, односно со прифатлива загуба на сигналот која нема да има влијание врз Интернет брзината, а тоа зависи исклучиво од оптичкиот кабел - ако некаде е` свиткан, може да прави проблеми.

Пријави пречка на 122 и побарај од нив да испратат екипа, бидејќи или проблемот е во рутерот или е` во оптичкиот кабел. Има можност проблемот да е` и во опремата во телекомуникациската централа, но за таков проблем повеќе корисници ќе пријават пречка, а не само еден корисник, што говори дека повеќе од сигурно е` дека проблемот не е во опремата во телекомуникациската централа.
Се јавив уште еднаш на 122 и дечкото што ми крена ми кажа дека тоа било сосема нормално и дефинитивно се случувало поради динамичката IP адреса, ми предложи да ме префрли на бакар за статичка IP адреса. Хахахахаха - W-T-F
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450

Тоа се вика типично дупење во здрав мозок.

Јави им се повторно и надевај се дека ќе ти се погоди некој асален телефонски оператор, ако повторно се обидуваат да те дупат во здрав мозок, јавувај им се повторно и повторно и повторно додека не им здосадиш.

Или играј ја нивната валкана игра - тресни го од земја рутерот и пријави им дека сега воопшто не работи, или малку поумереното сценарио - исклучи го рутерот од струја и кажи им дека сега воопшто не работи, па кога ќе дојде екипата кажи им дека баш половина час пред да дојдат се вклучил рутерот, па повторно се исклучил. Измисли им приказна за да им ставиш до знаење дека треба да го сменат рутерот.

За жал ги има такви кои ги земаат работата и платата здраво за готово, но тоа не значи дека треба да им го олесниш земањето плата за клатење врата.
 
Би им досадувал нон стоп доколку сум 100% сигурен дека тоа не се појавува кај други, а од мое искуство истото ми се случуваше и во другата локација како што напоменав горе. Затоа мислев дека е нормално тоа кај телеком оптиката.
 
Доколку на другата локација си го користел истиот рутер кој го користиш и сега, одговорот ти е` повеќе од очигледен - проблемот е` во рутерот.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Епа ја истиот проблем го имав, и кога дојдоа да ми средат за проблемот со рутерот им кажав и за тоа дека ми паѓа интернетот. Тие двајца ми кажаа дека нормално е и на оптика, и на бакар IP Адресата да се менува на секои 12 часа. За мене тоа не е проблем но пошто ми паѓаше интернетот мораа да отворат од таа кутијата од каде што оди оптичкиот кабел, да го исечат и да проверат. И кога проверила заклучиа (е сега забораив што точно рекоа, пошто одамна беше тоа) дека нешто сигналот бил премногу јак, и они го намалија. После тоа интернетот Ич не ми паднал, освен кога играм игри што бараат многу интернет. Пробај јави им се, кажи да ти пратат техничари и они ќе ти проверат од кај што доаѓа интернетот па се до рутерот и би требало да ти откријат од каде е проблемот и би требало да се среди. А тебе кога ти местеа оптика, тие што ти местеа да не беа у брзање случајно?
Мене тие што ми местеа дури и ми кажаа дека неможам да пуштам кабел на подолга дистанца заради наводно опсег на растојание, што испадна дека е голема лага. И сумљам дека они од брзање го дигнале сигналот и затоа многу паѓал интернетот. Ако и тие тебе што ти местеле биле у брзање, ондак најверојатно направиле грешка.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Доколку на другата локација си го користел истиот рутер кој го користиш и сега, одговорот ти е` повеќе од очигледен - проблемот е` во рутерот.
Неможе ист рутер на две локации да се киристи.Дури и за релокација се доделува нов рутер .[DOUBLEPOST=1528382503][/DOUBLEPOST]
Би им досадувал нон стоп доколку сум 100% сигурен дека тоа не се појавува кај други, а од мое искуство истото ми се случуваше и во другата локација како што напоменав горе. Затоа мислев дека е нормално тоа кај телеком оптиката.
Да не се повторувам, кога ке се јавиш дај точно кога бил паднат рутерот и ке проверат.Сега се добри операторите, порабо беа од надворешна фирма на еден директор.Учено недоучено пикнато со врски беше.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Неможе ист рутер на две локации да се киристи.Дури и за релокација се доделува нов рутер .
Знам дека не може, имам правено преселби, но ете, си реков можеби да не му дале да го користи истиот рутер од претходната локација.

Проблемот му е 95% во рутерот, би рекол 100%, но ајде нека бидат 5% за превиткан оптички кабел - ма да не е`.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
14
Поени од реакции
1
Дечки посебни пакети имам на двете локации, денес по 3 пат се јавив пред половина час во контакт центарот и ми објасна дечкото дека на секои 12 часа се ресетира IP адресата. Немало начин да се избегне ова, се консултирав и со други членови на IT форумот и истото им се случува и нив. Ова е стварно жално, уште една цела година имам од договорот - следен чекор најверојатно ќе ми биде неотел.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
кај сите е така со оптика, за бакар незнам, се менува IP адресатана секои 12 часа. ресетирај во она време кое тебе најмногу ри одговара односно не користиш интернет
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Здраво, веќе неколку денови доживувам малтретирање од Телеком алиас Тедупам. По 10 пати на ден на ТВ-то добивам известување дека ќе ме исклучат на 20ти овој месец поради неплатена сметка за Април(а фактурата ја имам платена во фиока,а и на нет на сајтот пишува дека не е платена). Дали има можност за некаква правна одмазда за ова малтретирање, која е процедурата, тужба ова она и дали се исплати?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596

Или појди во салон или јави се на 122 и објасни им
 
Истури им се. Ќе видат дека нема тата мата со тебе и одма ќе престанат.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Здраво, веќе неколку денови доживувам малтретирање од Телеком алиас Тедупам. По 10 пати на ден на ТВ-то добивам известување дека ќе ме исклучат на 20ти овој месец поради неплатена сметка за Април(а фактурата ја имам платена во фиока,а и на нет на сајтот пишува дека не е платена). Дали има можност за некаква правна одмазда за ова малтретирање, која е процедурата, тужба ова она и дали се исплати?
Провери по грешка во Телеком да не ти наплатиле по фактурата за месец мај, наместо за месец април. Сум слушнал за вакви случаи.
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Или појди во салон или јави се на 122 и објасни им
Истури им се. Ќе видат дека нема тата мата со тебе и одма ќе престанат.
Провери по грешка во Телеком да не ти наплатиле по фактурата за месец мај, наместо за месец април. Сум слушнал за вакви случаи.
Фала ви дечки, ама во пошта ми утнале една бројка при внесувањето...на таа што внесувала треба само :tapp: ...
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
168
Поени од реакции
77
Преку која агенција Телеком ангажира девојки за промотивни цели/настапи низ градовите? Ако има некој конкретни информации може и во приватна порака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom