Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Дискусија во форумот 'Македонски интернет провајдери' започната од vmx, 7 јуни 2005.

  1. Јефто

    Јефто @101ot | 101от

    Член од:
    30 октомври 2011
    Мислења:
    2.238
    Допаѓања:
    981
    Колку што знам, не, џабе е, 12Mbps ќе ти бидат дадени на користење. Во L пакетот ти се брзините 50Mbps.
     
  2. Julian

    Julian

    Член од:
    8 ноември 2007
    Мислења:
    473
    Допаѓања:
    162
    На другиот кат имам рутер тп линк кој го имам поврзано со главниот рутер од т хоме. Доколку го поврзам пакетот од 50/50 дали и на тп линкот ќе ја имам таа брзина?
     
  3. Trajce Vasilev

    Trajce Vasilev

    Член од:
    1 септември 2017
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    14
    Да прашам на "оптика до дом" што нудат од Телеком дали брзините ке бидат симетрични (Пр: Ако е 50/50 или 60/60 U/D)?Или тоа нема везе така што викаат.И дали му се има десено на некој да му се намали брзината или да му падне интернетот на оптика?
    Колку ви е просечната брзина на оптика од Телеком(пратете спид тест)и има ли некој што е на пакет од 1GB/s интернет.Како сте задоволни со оптика?
    Пишете за да знам бидејки до следниот месец сигурно ќе се приклучам на оптичката мрежа па за да знам.Каков е рутерот,дали зафаќа место и дали може да го сврзам со досегашните IPTV апарати со обичните кабли од претходниот ZTE рутер или ке мора само со новите кабли...итн...
    Слободно пишете подоле за да знам.
     
  4. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.378
    Допаѓања:
    5.357
    Ако компјутерите на вториот кат ги поврзуваш жично со TP Link рутерот преку мрежен кабел, одговорот е ДА.

    Ако компјутерите и останатите уреди на вториот кат ги поврзуваш безжично со TP Link рутерот, тоа претежно зависи од техничките спецификации на TP Link рутерот, но вообичаено одговорот е ДА.

    Исклучок би било ако станува збор за некој евтин TP Link рутер кој чинел помалку од 1.000 денари - таквите не се баш синоним за квалитет и можно е да не достигнуваат безжични брзини до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда.

    Дете, ги надминуваш сите граници под неписменоста, земи информирај се, ги охрабрувам останатите членови да не ти одговорат на прашањата.
     
    На Julian и JB00F им се допаѓа ова.
  5. Julian

    Julian

    Член од:
    8 ноември 2007
    Мислења:
    473
    Допаѓања:
    162
    Поврзани се жично преку мрежен кабел што значи треба да ја добијам таа брзина. Фала.
     
    На Dexter26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Julian

    Julian

    Член од:
    8 ноември 2007
    Мислења:
    473
    Допаѓања:
    162
    Денес бев во салонот на Македонски Телеком, прашав за пакетот L од тука
    https://www.telekom.mk/internet-paketi-landing.nspx
    вработената ми рече дека тој важел само за оптички интернет. Нели оптички има други цени? Јас цело време мислев овој пакет важи за на бакар, само треба да се смени рутерот.
     
  7. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.378
    Допаѓања:
    5.357
    Си требал поконкретно да прашаш за VDSL Интернет, бидејќи Internet L пакетот доаѓа со симетрични Интернет брзини до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда, што говори дека станува збор за оптички Интернет - бидејќи доаѓа со симетрични Интернет брзини.

    Си требал поконкретно да прашаш кои пакети следуваат со VDSL Интернет и ако има пакет со Интернет брзина до 50 мегабита (5 мегабајти) во секунда за симнување (примање) на податоци, колку би те чинела месечната претплата за таков пакет и да прашаш дали има техничка можност за VDSL Интернет на твојата адреса.

    Веб сајтот на Македонски Телеком е катастрофа откако во 2016 година го освежија со нов - и претежно катастрофален - изглед.
     
    На gjoko-mkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    4.109
    Допаѓања:
    2.575
    Јас кога им се јавувам за некој технички проблем или информација...ако ми кажи операторот дека тоа го има на нивната веб страна, јас му одговорам дека ништо неможам да сватам од нивната официјална страна и затоа барам директен одговор...

    па сега нека вртат`` као киша око Крагујевца`` со нивните понуди
     
    На miki80 и Dexter26 им се допаѓа ова.
  9. Julian

    Julian

    Член од:
    8 ноември 2007
    Мислења:
    473
    Допаѓања:
    162
    Во моментот не ми текнуваше на VDSL технологијата, али 5 пати ја прашав дали има таков пакет кој не е оптика а да нуди 50 мегабајти или пак околу 50. Таа упорно тврдеше дека само оптика нуди високи брзини.
     
  10. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.378
    Допаѓања:
    5.357
    Сепак ќе мораат да проверат техничка можност за линијата, бидејќи ако живееш оддалечен на повеќе од 1 километар од локалната централа, VDSL линијата воопшто нема да ти заврши работа, бидејќи нема да може да достигнува повисоки Интернет брзини од постоечкиот ADSL Интернет, за жал VDSL Интернетот го достигнува својот максимум во радиус од 1 километар околу локалната централа.
     
  11. leg0las

    leg0las

    Член од:
    24 септември 2016
    Мислења:
    163
    Допаѓања:
    89
    Dali nekoj probal VDSL tehnologija i koi se prvite vpecatoci...?
     
  12. Kris_GT

    Kris_GT

    Член од:
    16 јуни 2013
    Мислења:
    279
    Допаѓања:
    155
    Јас имам VDSL со постоечките брзини на Магенда M, и единствена разлика е тоа што имам понизок пинг. За гаминг е закон, оптика е подобра нормално.. но кога нема.. Во идниа сигурно ќе се појави некоја понуда со 30-70mb VDSL.
     
  13. Pej4o

    Pej4o

    Член од:
    13 мај 2013
    Мислења:
    20
    Допаѓања:
    8
    Да нема дилеми многу дали ќе има VDSL секој корисник.VDSL работи до 1,5 km одалеченос од централата(Сите што се блиску до централа вејќе се на VDSL),се што е над 1.6 km си остануваат на ADSL.
     
    На Dexter26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hitashi Nakamura

    Hitashi Nakamura

    Член од:
    петок
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки, сакам некој по искусен доколку може да ми објасни зошто брзината на интернетов не мрда од 4.5/4.6 Mbps. Јас сум на претплата Internet M & TV L. Значи според Internet M минималната брзина треба да биде 6 Mbps а максималната 12 Mbps. Значи на почеток, кога ја активирав понудата, значи првите неколку дена, брзината варираше во опсег од 6 до 7 Mbps. После почна од 5 до 6, и сеа еве над 4.6 не мрднува. Доколку не ја испорачуваат максималната барем очекувам да биде околу 8/9 Mbps.

    Во прилог ви давам преглед на некои информации од рутерот кои би можеле да ви бидат од корист за подетално да ми објасните.

    [Слика 1] - https://imgur.com/5SSw8nT
    AllInfo.png

    [Слика 2] - https://imgur.com/M4s16mf
    Statisctics.png

    [Слика 3] - https://imgur.com/4l1cNKR
    Prioratization.png
     
  15. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    6.378
    Допаѓања:
    5.357
    Во било каков случај, треба да го контактираш телефонски центарот на Македонски Телеком за корисничка поддршка на 122 и да пријавиш слаб сигнал.

    Табелите се од Speedport V503W рутер, кој одлично фаќа ADSL сигнал и нуди одличен безжичен сигнал за корисниците кои го користат за безжичен Интернет, така да најверојатно треба да се преработи телефонскиот приклучок од Македонски Телеком, а за тоа треба да пријавиш пречка и да испратат техничка екипа за отстранување на дефекти за да ја измери јачината на линијата, да го преработи телефонскиот приклучок, а можеби и да го замени рутерот - за ова последново мораш да инсистираш да ти дадат од новите Speedport Entry 2, бидејќи сигурно нема да имаат резервен Speedport V503W рутер, а да ти дадат од старите ZTE ZXV10 H201L реликвии воопшто нема да го реши проблемот, баш напротив - ќе го влоши.
     

Сподели преку: