Здраво форумџии, сакам да прашам дали некој има оптика во населба Козле од телекабел. Ми стигнаа флаери по пошта уште во мај и тогаш се јавив да го побарам основниот пакет ми рекоа дека има опција да се стави и ми запишаа адреса. И со месеци ништо не се случи, само ми кажуваа дека адресата ми е веќе запишана и дека ќе ме контактираат, па кога се јавив во септември да прашам до кај е работата, ме поврзаа со друга служба за оптика задолжена и тие ми рекоа дека не знаат за Козле воопшто дали има планови за оптика. Еднаш ти викаат има, после други викаат нема. Вработената во наплатен центар Капиштец рече обично се чекало со месеци ама не ми кажа дали воопшто има во Козле. Ако има некој оптика во Козле или ако знаете некој што има, ако може нека пренесе искуство.
Другар од телеком ми рече дека они имале оптика во Козле 90 посто, само не до мојата адреса моментално, па да почекам уште некое време.