Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
IP адресата на компјутерот постојано ми се менува. на google кога ќе пишам my ip на секој линк адресата е разчична. 89.205.125.240, 89.205.125.204, 89.205.125.106 не ми е јасно зашто. и при прикачување на податоци со FileZilla и со било која друга програма за прикачување на сервер го дава истиот проблем. уплоадира ама поради тоа што се менува ip адресата дава грешка со конекцијата (too many ip addresses connected...) и чека додека некоја сама не се дисконектира некоја за да продолжи со upload и uploadot ке трае три дена за 100mb фајлови:) . и се така...

Го имав истот проблем при мојата работа. Само им звонеш во техничка поддршка и им кажеш дека сакаш да ти постават статична public ip. Ти го ресетираат модемот од Штип од централа и послем си фураш. Се надевам не ти е веќе касно зашто гледам пред две недели си прашал на темава. :)
 
Вака имам оптик пакет 100/100 често пати навечер по 21.00 до 23.00 е тапа едвај до 30мб/с крева на speedtest.Има некој што има оптика со истиов проблем?
 
До корисниците на Телекабел оптика:

Освен што се жалите на пониска брзина од ветената, дали паѓа интернетот често (колку пати во неделата) и дали IP адресата е фиксна како кај кабелскиот интернет?
 
Здраво форумџии, сакам да прашам дали некој има оптика во населба Козле од телекабел. Ми стигнаа флаери по пошта уште во мај и тогаш се јавив да го побарам основниот пакет ми рекоа дека има опција да се стави и ми запишаа адреса. И со месеци ништо не се случи, само ми кажуваа дека адресата ми е веќе запишана и дека ќе ме контактираат, па кога се јавив во септември да прашам до кај е работата, ме поврзаа со друга служба за оптика задолжена и тие ми рекоа дека не знаат за Козле воопшто дали има планови за оптика. Еднаш ти викаат има, после други викаат нема. Вработената во наплатен центар Капиштец рече обично се чекало со месеци ама не ми кажа дали воопшто има во Козле. Ако има некој оптика во Козле или ако знаете некој што има, ако може нека пренесе искуство.
Другар од телеком ми рече дека они имале оптика во Козле 90 посто, само не до мојата адреса моментално, па да почекам уште некое време.
 
Имам другар што го има 40/40 и не се пожалил. Ама за да ти наместат оптика ќе треба да им подосаѓаш малце. Јас им се јавив 3-4 пати
 
Имам другар што го има 40/40 и не се пожалил. Ама за да ти наместат оптика ќе треба да им подосаѓаш малце. Јас им се јавив 3-4 пати
Фала за одговорот, значи дефинитивно има во Козле, јас сум поточно Козле 2 или улица 2. За замарање не е проблем, само да знам дека сигурно има.
 
Фала за одговорот, значи дефинитивно има во Козле, јас сум поточно Козле 2 или улица 2. За замарање не е проблем, само да знам дека сигурно има.
Јави се на 6121609 или така нешто беше. Мене ми се погоди една фина за три дена ми наместија
 
Јави се на 6121609 или така нешто беше. Мене ми се погоди една фина за три дена ми наместија
Ова не верувам нешто да испадне кај мене, чим не било ни проверено досега изгледа само мотаат. Штом кај тебе ставиле за 3 дена јасна ми е сликата...

Се јавив пак и ме поврзаа со службата и ми рекоа дека на почетоков од септември сум бил запишан да се провери за техничка можност и дека од тогаш не е проверено.

Јас првпат уште во мај се јавив кога ми стигна флаерот со сметка и за тоа немало никакви информации дека од тогаш се запишав за проверка. Само во септември наводно сум бил запишан, последниов пат кога се јавив, за да прашам до каде е процедурата.
И да речеме дека воопшто не сум се јавил во мај, цел месец ли треба за да се провери и да се одговори на обично прашање „дали има или нема техничка можност?“ И после нормално истиот муабет, „ќе провериме, па ќе во контактираме“. Демек не знаат во која населба имаат кабли и корисниците се без мозок...
Од телеком барем ми дадоа надеж со приближни проценти. Изгледа мојот спас е таму, иако сум верен корисник на телекабел 10 години...
 
На web страната на телекабел пишува дека има пакет само интернет а ваму се јавувам и ми кажуваат дека треба и тв да плакам
 
На web страната на телекабел пишува дека има пакет само интернет а ваму се јавувам и ми кажуваат дека треба и тв да плакам
колку што знам за кабелски интернет ако земаш мора и тв, а за оптички интернет не мора тв, може само интернет тогаш.
 
Значи горе доле 800 денари мора да се плаќа.
Мислев дека за студенти има некој посебна понуда
 
Последно уредено:
Значи горе доле 800 денари мора да се плаќа.
Мислев дека за студенти има некој посебна понуда

Мислам дека 850 е минимумот - Интернет 500 и телевизија 450, на која добиваш 100 денари попуст. Само интернет може ако користиш оптички интернет, ама тоа зависи од достапноста на оптика во регионот во кој живееш и цената беше 1000 и 1500 монтажа.
 
Знае ли некој зошто спорт клуб 1 не е ХД а останатите ск 2 и 3 се? И зошто ск1 е само со хрватски јазик а останатите два може да се сѓенат и на српски?
 
Знае ли некој зошто спорт клуб 1 не е ХД а останатите ск 2 и 3 се? И зошто ск1 е само со хрватски јазик а останатите два може да се сѓенат и на српски?
Поради тоа што српската верзија нема дозвола да се емитува во МК. На 2 и 3 има повеќе аудиа поради тоа што на каналот се додаваат повеќе аудио јазици, а сигналот е од Белград (исто како Еуроспорт каде што имаш за избор на англиско и српско аудио). За СК 1 е различно поради правата за Формула 1, односно различни канали се СК 1 Србија и СК 1 Хрватска. Најчесто иста програма оди но проблемот е тоа што СК нема права за Ф1 во Хрватска. Плаќаат и за правата во МК но џабе кога се забранети кај нас. Тој проблем некако го решија со тоа што на СК 6 иде како посебен feed за Македонија додека има Ф1.

На нашиве телевизии им пречеше што одеа македонски реклами по странски телевизии па удрија по СК да го забранат кај нас ама не им идеше некако, како СК да е крив што никој не ги гледа македонскиве канали, па после се извадија некако ај гледајте ама Хрватска верзија, и тоа пази какво образложение: српски реклами не смеело да се пуштаат па ај сеа хрватски можело.

А за ХДто мислам дека хрватскиот СК 1 ХД не иде на сателит така да тоа е причината ама не сум сигурен.
 
Последно уредено:
:popce:
6779778983.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom