Мојата зграда во Скопје е поврзана со кабелските мрежи на Вип ТВ - поранешен Близо/Кејблтел и на Телекабел, поврзана е со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а од вчера мојата зграда е поврзана и со оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел.
Но судејќи според изведбата на Телекабел, премногу импровизираа и делуваат несериозно, бидејќи наместо да копаат и да пуштаат подземни оптички кабли, пуштија оптички кабел преку бандера и поминаа едно 4 часа - ако не и повеќе - пуштајќи оптичко влакно од кабелот до крајниот корисник, кој сосема случајно е мој сосед кој живее на истиот кат на кој живеам и јас.
Ваквата изведба од страна на Телекабел е доста несериозна, бидејќи ќе мораат повторно да пуштаат оптичко влакно и до идните крајни корисници, додека Македонски Телеком во урбаните населби како мојата практикуваат да ги пуштаат оптичките кабли исклучиво подземно, а во станбените згради прават внатрешна оптичка инсталација и на секој кат или на секои 2 или 3 ката поставуваат сандаче низ кое поминува главниот оптички кабел, поради што идните корисници треба да бидат поврзани директно до главниот кабел преку сандачето.
За разлика од Македонски Телеком, импровизацијата на Телекабел во мојата зграда - каде што оптичкиот кабел виси на еден од горните катови - налага дека за сите идни корисници ќе мора да се пушта оптичко влакно од тој главен кабел на еден од горните катови. Од една страна техничарите ќе имаат повеќе работа, а од друга страна ваквата импровизација не е исплатлива на долг рок бидејќи ако мораат во иднина да го менуваат оптичкото влакно во случај на негово оштетување, сосема непотребно ќе трошат резервен оптички кабел за да стигне новото влакно до главниот кабел на горните катови.
Баба ми е корисник на кабелската телевизија на Телекабел и можам да потврдам дека нудат одличен телевизиски квалитет, не сум нивен корисник, но судејќи според вчерашната импровизација во мојата зграда, ми делуваат доста несериозно.