- Член од
- 3 ноември 2009
- Мислења
- 1.558
- Поени од реакции
- 794
Да скоро ми поставија. Инаку процедурата е се јавуваш во Телекабел, проверуваат дали има техничка можност на твојата локација и ако има ти закажуваат монтажа, која за мене изнесуваше 2-3 дена. Оптички кабел ти носат буквално до дома, како Телеком, со тоа што го влечат од улицата, од уличните ормари. Се гледа најоптималното решение како да го донесат до дома, јас поминав без бушење, бидејќи сум на приземје, инаку во принцип ќе мора да се буши за да дојде оптиката до местото каде што ќе биде рутерот. Монтираат оптички модем и од него после со мрежен кабел си поврзуваш рутер за ви-фи.Друже скоро ли ти поставија? Ме интересира што и како беше процедура, колку време чекаше, како поврзаа од кај влечат оптички кабел итн. Фала однапред![]()
Кај мене дојде екипа од 4 луѓе, 2-ца работеа внатре, 2-ца надвор, се задржаа околу 2 саати, инаку доста љубезни дечки, мора да ги пофалам. Потпишуваш стандарден договор и тоа е тоа, на прва сметка ќе добиеш и 1500 денари за монтажа и после тоа секој месец плаќаш претплата од 1000 денари.
Што се однесува до самиот квалитет на интернетот, излишен е било каков коментар и споредба со кабелски или АДСЛ интернет, во погле на стабилност и брзина.
Ако заборавив нешто или те интересира било што слободно прашај.