Тачи слави, Европа го обвини за трговија со органи

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Све ќе заташкаат сега американциве. Кај ќе ти дозволат нивни пулен да биде осуден за вадење органи.
Дали навистина мислите дека ќе се вратите некој ден на Косово , земја со 2.1 резидентни жители и 500.000 надвор , кои плаќаат за оваа независност. Во земја каде годишно се раѓаат 35.000 албански деца , со природен прираст од 27.000 жители ( за 10 години , плус 270.000 , за 35 години 1 милион), додека Србија секоја година минус 35.000 , за 10 години минус 350.000 , за 35 години минус 1.2 милиони.

 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
^

Само напред.

Косовските избори се нелегитимни

Москва, 17 декември 2010 (МИА) - Русија не ги признава резултатите од парламентарните избори во Косово, кои ги смета за нелегитимни, изјави денеска претставник на руското Министерство за надворешни работи Алексеј Сазонов.

- Изборите за косовското Собрание што се одржаа на 12 декември не ги сметаме за легитимни, бидејќи се организирани од властите на самопрогласењната република, истакна Сазонов.
Тој изрази и загриженост дека на изборите „успех постигнале ултра радикалните партии на косовските Албанци“.
- При гласањето регистрирани се махинации со избирачкиот список, употреба на фалсификувани ливчиња, повеќекратно гласање на едни и исти лица. Се тоа ја потврдува неодржливоста на косовската квази држава, рече Сазонов.
 

saman

Раскажувачот
Член од
1 август 2009
Мислења
367
Поени од реакции
91
Интересна изјава на Американците во врска со Тачи. Во право се потребни се докази, се до тогаш ќе соработуваат со Тачи и како што велат Косово е во нивен интерес,не Тачи значи Косово. Милојко друже, извини но Косово е независно и повеќе не е дел од Србија можете да се надевате на северниот дел,можеби некогаш ќе си го повратите но не во блиска иднина, ќе го повратите со помош на етничко чистење. Затоа и се овие поделби на Балканот еднаш едните ебат друг пат друѓите. Некој го спомна западниот дел на Македонија, би му порачал седете си овде никаде нема да ви биде поубаво, во ниту една Држава нема дома да седиш и плата да ти даваат само кај нас Албанците ѓи уживаат тие бенифиции дури ни Македонец не ужива таква бенифиција. Сакајте си ја оваа Држава и народот кој живее во неа ѓи уживате сите права како државјанин на Р.М.
 
L

Liberation

Гостин
Лекарот по судска медицина Хозе Пабло Барјабар, кој работеше во УНМИК, изјави дека со одобрување од Хашкиот трибунал уништени се 400 ДНК примероци од жртвите во Косово.

- Чудно е што Карла дел Понте објавува книга за трговија со човечки органи, бидејќи можеше да покрене истрага за тоа додека беше на функција. Од наша страна ние (судските лекари) ја завршивме работата. Ќе кажам дека немаа одобрување за истрага во Албанија, но ако тоа ги интересираше ќе беа поактивни, истакна Барјабар.

Тој тврди дека германските полицајци во Косово во 1999 година собрале 400 ДНК примероци и оти во 2002 година тој ги побартал примероците за идентификација, но му било кажано оти со одобрение од Хашкиот трибунал истите се уништени.

Барјабар во интервјуто за швајцарскиот весник „Време“ тврди дека албанскиот министер за јавни работи Лулзим Баша знаел за трговијата со човечки органи, бидејќи Баша бил негов преведувач за време на посетата на Жолатата куќа.

Лекарот тврди дека во Жолтата куќа пронашле лекови, мускулни релаксатори, медицински игли, дури и еден апарат за трансфузија на крвта.

- Ни беше незамисливо селаните во тој крај да знаат да ракуваат со таков материјал. Се беше однесено во Хашкиот трибунал. На ѕидовите на Жолтата куќа имаше траги од крв, вели Барјабар за швајцарско „Време“, додавајќи дека не само што Хашкиот трибунал туку и американскиот претставник во Приштина не бил заинтересиран за истрагата.

Барјабар во последните 20 години работи како експерт на Обединетите нации во Руанда, на Хаити, во Босна и Херцеговина, во Хрватска и во Косово, беше шеф на Бирото за истрага на исчезнатите лица и судската медицина основана во УНМИК од 2002 до 2007 година.

sitel.com.mk
 
T

Tetro

Гостин
„Гардијан“: Турски хирург ги нарачувал човечките органи од Косово

Еден турски хирург се верува дека ги нарачувал човечките органи за илегални трансплантации од припадниците на поранешната ОВК, пишува „Гардијан“.


Случајот потекунива уште од 1999 година, кога се верува дека припадниците на ОВК ги носеле тајно своте косовски заробенци во Албанија, каде во селски куќи се правени импровизирани хурушки зафати врз мртвите тела на заробените Срби и Албанци, за да нивните органи, најчесто бубрезите, се продваат на илегалниот пазар на човечки органи.

Во извештајот што за Советот на Европа го направи известувачот Дик Марти за илегалната трговија со органи, посебно се обвинува така нареченеата „Дреничка група“ на ОВК, со која тогаш командувал Хашим Тачи, актуелен премиер на косовската Влада.

Тачи и косовските власти таквите обвинувања на Марти во извештојот на Советот на Европа категорично ги демантираат.

Лондонскиот весник тврди дека станува збор за лекарот Јусуф Ерчан Сонмез кој во 2008 година извршувал илегална операција на бубрег на еден млад Турчин и трансплатација на повозрасен Израелец во клиниката „Медикус“ во Приштина.

Случајот бил откриен откако младиот Турчин на пат за домасе онесвестил на приштинскиот аеродром. Кога било откриено дека на телото има голема рана, на полицијата им објаснил дека „му бил украден бубрегот“.

Според „Гардијан“ по одбивањето на косовските политичари да ги потврдат наодите на Марти, почната е потрагата по овој лекар, затоа што се верува дека тој би можел да ги каже врските и оние од кого ги нарачувал човечките органи.

Претпоставките дека Сомнез би можел да биде нарачателот за илегалната трговија со органи за време на војната и потоа на Косово, пред 11 години, се објаснува со биографијата и досегашното однесување на турскиот лекар. Тој се споменува како еден од главните нарачатели на „црниот пазар“ за човечки органи, кој е баран од Интерпол за злосторства врз луѓето и нивното здравје, како и за трговија со луѓе.

Весникот пишува дека годинава бил виден во Азербејџан, каде има правено трансплатации во болницата во Баку, но азербејџанските власти по истрагата што ја имаат направено откриле и обвиниле четворица украински лекари за извршени илегални хирушки интервенции.

Сонмез се тврди дека оперирал и во Еквадор.

Репортерите на „Гардијан“ ја посетила деновиве болницата „Медикус“ во Приштина и утврдиле дека таа се подготвува за операции врз луѓе од Русија, Казахстан, Молдавија и Турција кои ги продаваат своите органи, што потоа се трансплатираат, а весникот смета дека турскиот лекар и сега доаѓа да работи во оваа косовска болница.

Сонмез е избришан од регистерот на турските лекари уште во 1998 година, за кого весникот се сомнева дека органите за пресадување ги барал и набаувал од своите врски меѓу косовските Албанци, затоа Што клиниката „Медикус“ се споменува и во извештајот на Дик Марти. Како организатор на таа иелгална трговија со човечките органи се споменува и името на Мосе Харел, Израелец од турско потекло, забележува „Гардијан“.

http://www.time.mk/read/32e043cd35/2f1ecf8835/index.html
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Весникот „Хамбургер абендблат“ ја анализира натаму улогата на меѓународната заедница.

„Доколку критиките на Советот на Европа се точни, тоа значи дека Косово до врвот е опфатено со мафијата, која многу повеќе заглавила во криминалот и корупцијата отколку што е тоа случај во другите земји од регионот, каде што и инаку тоа е вообичаено. Европа не може да прифати докажан криминалец, можеби дури и убиец, да стои на чело на државата. Меѓутоа, скандалот со уште попогубни последици се крие меѓу редовите на извештајот на Советот на Европа. Доколку е точно дека САД, ЕУ и ОН од тактички причини, ги затворале очите пред трговијата со органи, тоа би претставувало невиден морален пораз за Западот“, наведува „Хамбургер абендблат“.
 

@Lbaneso

Лаеш НЕ касаш !
Член од
19 ноември 2009
Мислења
2.425
Поени од реакции
798
Сите сте во право, ама кој ве слуша :vozbud:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
DJ-93'Slaughter
еве ги маршутите и рутите на Косовските и албанските криминални групи
754791.jpg
image038.jpg [FONT=Arial, Helvetica]Legend:[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica]
heroin
marihuana
cocaine
[/FONT]

humtrade.jpg
црните стрелки се крајната цел на белото робје

image020.jpg
"воџите" на криминалните групи и нивните региони

После јуни 1999 година Косово стана “омилено место за состанок” на сите криминални групи во светот.Голем број на западни медиуми,Косово го опишаа како рај на оргазнизираниот криминал,а европските лидери на него гледаат како база на организираниот криминал,поготово на трговијата со дрога.Денеска нарко мафијата на косовските Албанци во голема мера ги контролираат политичките партии на Косово како и локалната власт.Главниот збор тука го имаат трговците на дрогата,оружјето и белото робје,а како најпознати меѓу 12 познати нарко босови се издвојуваат и клановите на Хашим Таши и Рамуш Харадинај.




тие се фактите,но проблемот лежи во политичките бирократи од западот кои своите интереси ги остваруваат со помош на албанската мафија и обратно.........па затоа овие факти толку не се експонираат
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
^

Само напред.

Косовските избори се нелегитимни

Москва, 17 декември 2010 (МИА) - Русија не ги признава резултатите од парламентарните избори во Косово, кои ги смета за нелегитимни, изјави денеска претставник на руското Министерство за надворешни работи Алексеј Сазонов.

- Изборите за косовското Собрание што се одржаа на 12 декември не ги сметаме за легитимни, бидејќи се организирани од властите на самопрогласењната република, истакна Сазонов.
Тој изрази и загриженост дека на изборите „успех постигнале ултра радикалните партии на косовските Албанци“.
- При гласањето регистрирани се махинации со избирачкиот список, употреба на фалсификувани ливчиња, повеќекратно гласање на едни и исти лица. Се тоа ја потврдува неодржливоста на косовската квази држава, рече Сазонов.
До кога бе ке ве дупат русите ,многу јаки чмарови имате ,вие сте за во гинис :pos::pos::pos:.Ако ,ако верувајте им и понатаму ,па ќе и да ве спасат да не бидете Белградски пашалак во иднина :toe:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Знаеја се, но замижаа со двете очи!
Господинот Хашим Тачи е единствениот господин кој може во спалната соба да влезе без претходно да се најави." Ова со задоволство во 1999 г. го изјави Државниот секретар на САД, Медлин Олбрајт, по прес-конференцијата во Рамбује. Иако лично се сомневам дека господин Тачи некогаш имал такви амбиции, тој несомено е поличико чедо на госпоѓа Олбрајт. Поточно, американско чедо. Чедо кое во отсуство е осудено од српските органи на десет години затвор поради убиство на српски и албански цивили, но и на еден полицаец

Сега кога сите се изненадени и вчудоневидени што господинот Тачи можеби е новиот доктор Менделе, треба да се присетат како САД и Западот со години тргуваа со Садам Хусеин, иако добро знаеја за неговите злосторства направени против Курдите. Хипокризијата се прекина непосредно пред нападот на Ирак во 2003 година кога британскиот Форин офис објави досие под наслов Садам Хусеин, злосторство и кршење на човековите права". Пред печатењето на тоа досие Лондон на Ирак со години му продаваше оружје. И после одеднаш Садам е чудовиште.
Дали САД и Велика Британија за време на Втората светска војна знаеле за холокаустот?Секако дека надлежните служби знаеја. Дали било можно да се убијат 6 милиони Евреи, а за тоа во текот на војната во медиумите во тие земји да не се појави ниту една статија? Ако американските и британските авиони можеле да снимат се детално, тајните германски ракети и бази на островот Менеминде, како тогаш не можеле да го снимат комплексот на смртта, логорот Аушвиц? Имале, снимиле, но сето тоа е ставено под ембарго. Зошто?
Мафијата постоела на Косово и во времето на српските власти, но по доаѓањето на НАТО силите во јужната српска покраина настана прав вакуум во кој Косово стана идеално место за правење големи пари за крток период. Идеално место за устоличување на организираниот криминал, пишува "Франкфуртер рундшау" од 29 август 1999 г. Значи, многу пред извештајот на Дик Марти се знаело се. За косовските патишта на дрогата, за УЧК и трговијата со дрога извештуваше и Стратфорт" од Остин уште на 17 март 2000г. Стратфорт прецизира дека владата на САД е добро запознаена со трговијата со дрога која се одвивала преку Косово, како и со улогата на УЧК во тоа. Стратфорт" потенцира дека американската агенција за борба против дрога ДЕА објави дека уште во 1998 г. дека албанските организации на Косово се главни криумчари на хероин на балканската рута, веднаш по турските банди. Значи и тоа се знаеше..
Балтимор сан" од 6 март 1998 г. во анализа на односите меѓу УЧК и ЦИА наведува "Доколку се сака да се сопре албанскит наркопромет и тероризам Запад мора да почне од корените на финансиите на центарот на УЧК во Швајцарија. Наместо тоа стотици милиони, а можеби и милијарди, и понатаму лежат во швајцарските банки. Во октомври 1998 дојде до средба меѓу УЧК и ЦИА. И каде ако не во Женева, објави тогаш британскиот Скотсмен" на 30 ноември 1998.
Сандеј тајмс" од 12 март 2000 г. ја објавува исповедта на Шабан Шалија, тогашен вработен за дестабилизација на албанските селски подрачја во Јужна Србија. Шабан раскажува како тој за прв пат се поврзал со британските, американските и швајцарските агенти уште во 1996 г. во северна Албанија. И не се спорни американските и британските агенти, но што барале тајните агенти на неутралната Швајцарија во тренинг-базите на УЧК во планините на северна Албанија?
Сите кои требаат да знаат, знаеа се. И замижаа со двете очи. Обидот на Западот да наредува со Косово е трагична грешка на сите нивоа, политички инженеринг за творбата наречена Косово и сега виновниот Хашим Тачи, пред се, е фијаско на Медлин Олбрајт и лажната мисија за демократскиот евангелизам во американската режија.
Зошто и после се не верувам дека на господинот Хашим Тачи ќе му се случи нешто? Зошто тој ги контролира ситуациите на Косово, а за Вашингтон најлошата солуција е Албанците од Косово да припукаат по американските војници. Тогаш целата американска приказна за Косово отиде по ѓаволите. За американската војска на Косово приоритет над сите приоритети е сопствената заштита. Нула губитници.
Пред англоамериканската опсада на Сицилија 1943 г. Вашингтон ги повика двете мафијашки страни на консултации во САД, од наследникот на Лаки Лучијано до следбеникот Ал Капоне. Коза ностра во преговорите со Стејт департментот одлучувала како да се обезбедат американските и британските војници со пријателски однос со населението. Секако претседателот Рузвелт не учествуваше во разговорите меѓу шефовите на мафиите.
Но длабоката бразда на американските политички моралности вметнати во 14 точки на Вудро Вилсон од 1918 година? Ханс Морентау, американски политиколошки класик, тврди дека американската надворешна политика паметно оди нагоре уште од 18 век. За неа не постои надворешнополитички проблем за изборот меѓу моралните принципи и националните интереси, лишени моралности, туку помеѓу една збирштина морални начела издвоени од стварностите на другите збирни морални начела, извадени од политичката реалност. Меѓу тие два собира на морални начела се наоѓа и сегашниот случај на Тачи.

БИОГРАФИЈА
Лазански е роден 1950 во Карловац. Дипломирал на Правниот факултет во Загреб, каде што и започнал со новинарската професија, прво во Полет, подоцна во Вјесник, Старт, Данас, Политика Експрес, НИН, Вечерње новости 1996-2001. Во 1999 година преоѓа во Политика каде и ден денес работи. Известувал за војните во Авганистан, Чеченија, Конго, Ирак, Иран, Либија... Интервјуирал два врховни команданти на НАТО и три маршали на СССР, триесетина министри за одбрана и началници на генералштаби на светски армии. Автор е на седум книги и десет големи ТВ серијали. Воен рок служел во 1977 година во Биттола, во 41. пешадиска дивизија на ЈНА. Одликуван е со медал за војнички заслуги.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Незнам дали ние лекцијата ќе ја научиме некогаш.
На Косово ги имаш сите цивилни и воени мисии на западниот свет, Европа и НАТО.
Дали е возможно на 500 луѓе да им извадиш органи, да ги оставиш да умрат како кучиња а они да не знаат за тоа ?
Да, може, ако ти извадиле 99% од мозокот.

По овој пример ние може да видиме каков е нивниот однос кон нас.
Прикаските за демократија, права, сигурност се еден вид анестетик пред лоботомијата на Кушнер, Холбрук, Солајна, Питер Феит, Олбрајтова итн...

Што бараме ние кај канибалистите ?
Освен Заев кој сака живи луѓе да јаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom