- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
Уапсен, па ослободен главниот хирург од аферата „Медикус“
Турската полиција го привела Јусуф Сонмез, кој е осомничен дека учествувал во десетици нелегални операции за вадење човечки органи, кои биле извршувани во приштинската клиника „Медикус“
Сонмез при апсењето во Истанбул
Турската полиција го уапсила докторот Јусуф Сонмез, кој е осомничен дека е главниот хирург во нелегалните операции за вадење човечки органи на Косово, каде што се претпоставува дека учествувал во десетици такви потфати.
Неколку часа по апсењето Сонмез бил привремено пуштен на слобода до евентуалното судење. Турција инаку не ги испорачува своите државјани на други земји, но дозволува тие да учествуваат во сослушување доколку има потреба за тоа. Во случај да биде осуден, Сонмез ќе ја издржува казната во Турција.
Турските медиуми пренесуваат дека Сонмез, кој оперирал во приштинската клиника „Медикус“, бил уапсен во Истанбул, но не се соопштуваат повеќе детали за неговото апсење. Портпаролката на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, изјавила дека апсењето било извршено врз основа на потерницата што била издадена од приштинскиот суд поради неговата вмешаност со аферата „Медикус“.
Гудељевиќ одбила да одговори дали турскиот хирург може да се доведе во врска и со извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за нелегалната трговија со органи, кои биле вадени од српски заробеници за време на војната во Косово.
Во извештајот, Марти посочи дека сите афери со кражбата на органи ги организирале истите луѓе, а судијата на ЕУЛЕКС, Џонатан Рател, неодамна изјави дека на сиромашни луѓе, кои биле пренесувани на Косово, им биле давани лажни ветувања дека ќе добијат пари за своите органи, кои потоа биле продавани на црниот пазар. За време на сослушувањето на седум лица обвинети дека припаѓаат на меѓународната мрежа за трговија со човечки органи, Рател го посочил Сонмез, кој е познат и по прекарот Доктор Вампир, како главен хирург во операциите во приватната клиника „Медикус“.
Извештајот на Марти привлече големо внимание, бидејќи во него беше наведено дека припадници на т.н. дреничка група на Ослободителната војска на Косово (ОВК), со која раководел косовскиот премиер Хашим Тачи, ги убивала заробениците, претежно косовски Срби, од кои потоа биле вадени органите
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1131192962&id=11&prilog=0&setIzdanie=22180