Знаеја се, но замижаа со двете очи!
Господинот Хашим Тачи е единствениот господин кој може во спалната соба да влезе без претходно да се најави." Ова со задоволство во 1999 г. го изјави Државниот секретар на САД, Медлин Олбрајт, по прес-конференцијата во Рамбује. Иако лично се сомневам дека господин Тачи некогаш имал такви амбиции, тој несомено е поличико чедо на госпоѓа Олбрајт. Поточно, американско чедо. Чедо кое во отсуство е осудено од српските органи на десет години затвор поради убиство на српски и албански цивили, но и на еден полицаец
Сега кога сите се изненадени и вчудоневидени што господинот Тачи можеби е новиот доктор Менделе, треба да се присетат како САД и Западот со години тргуваа со Садам Хусеин, иако добро знаеја за неговите злосторства направени против Курдите. Хипокризијата се прекина непосредно пред нападот на Ирак во 2003 година кога британскиот Форин офис објави досие под наслов Садам Хусеин, злосторство и кршење на човековите права". Пред печатењето на тоа досие Лондон на Ирак со години му продаваше оружје. И после одеднаш Садам е чудовиште.
Дали САД и Велика Британија за време на Втората светска војна знаеле за холокаустот?Секако дека надлежните служби знаеја. Дали било можно да се убијат 6 милиони Евреи, а за тоа во текот на војната во медиумите во тие земји да не се појави ниту една статија? Ако американските и британските авиони можеле да снимат се детално, тајните германски ракети и бази на островот Менеминде, како тогаш не можеле да го снимат комплексот на смртта, логорот Аушвиц? Имале, снимиле, но сето тоа е ставено под ембарго. Зошто?
Мафијата постоела на Косово и во времето на српските власти, но по доаѓањето на НАТО силите во јужната српска покраина настана прав вакуум во кој Косово стана идеално место за правење големи пари за крток период. Идеално место за устоличување на организираниот криминал, пишува "Франкфуртер рундшау" од 29 август 1999 г. Значи, многу пред извештајот на Дик Марти се знаело се. За косовските патишта на дрогата, за УЧК и трговијата со дрога извештуваше и Стратфорт" од Остин уште на 17 март 2000г. Стратфорт прецизира дека владата на САД е добро запознаена со трговијата со дрога која се одвивала преку Косово, како и со улогата на УЧК во тоа. Стратфорт" потенцира дека американската агенција за борба против дрога ДЕА објави дека уште во 1998 г. дека албанските организации на Косово се главни криумчари на хероин на балканската рута, веднаш по турските банди. Значи и тоа се знаеше..
Балтимор сан" од 6 март 1998 г. во анализа на односите меѓу УЧК и ЦИА наведува "Доколку се сака да се сопре албанскит наркопромет и тероризам Запад мора да почне од корените на финансиите на центарот на УЧК во Швајцарија. Наместо тоа стотици милиони, а можеби и милијарди, и понатаму лежат во швајцарските банки. Во октомври 1998 дојде до средба меѓу УЧК и ЦИА. И каде ако не во Женева, објави тогаш британскиот Скотсмен" на 30 ноември 1998.
Сандеј тајмс" од 12 март 2000 г. ја објавува исповедта на Шабан Шалија, тогашен вработен за дестабилизација на албанските селски подрачја во Јужна Србија. Шабан раскажува како тој за прв пат се поврзал со британските, американските и швајцарските агенти уште во 1996 г. во северна Албанија. И не се спорни американските и британските агенти, но што барале тајните агенти на неутралната Швајцарија во тренинг-базите на УЧК во планините на северна Албанија?
Сите кои требаат да знаат, знаеа се. И замижаа со двете очи. Обидот на Западот да наредува со Косово е трагична грешка на сите нивоа, политички инженеринг за творбата наречена Косово и сега виновниот Хашим Тачи, пред се, е фијаско на Медлин Олбрајт и лажната мисија за демократскиот евангелизам во американската режија.
Зошто и после се не верувам дека на господинот Хашим Тачи ќе му се случи нешто? Зошто тој ги контролира ситуациите на Косово, а за Вашингтон најлошата солуција е Албанците од Косово да припукаат по американските војници. Тогаш целата американска приказна за Косово отиде по ѓаволите. За американската војска на Косово приоритет над сите приоритети е сопствената заштита. Нула губитници.
Пред англоамериканската опсада на Сицилија 1943 г. Вашингтон ги повика двете мафијашки страни на консултации во САД, од наследникот на Лаки Лучијано до следбеникот Ал Капоне. Коза ностра во преговорите со Стејт департментот одлучувала како да се обезбедат американските и британските војници со пријателски однос со населението. Секако претседателот Рузвелт не учествуваше во разговорите меѓу шефовите на мафиите.
Но длабоката бразда на американските политички моралности вметнати во 14 точки на Вудро Вилсон од 1918 година? Ханс Морентау, американски политиколошки класик, тврди дека американската надворешна политика паметно оди нагоре уште од 18 век. За неа не постои надворешнополитички проблем за изборот меѓу моралните принципи и националните интереси, лишени моралности, туку помеѓу една збирштина морални начела издвоени од стварностите на другите збирни морални начела, извадени од политичката реалност. Меѓу тие два собира на морални начела се наоѓа и сегашниот случај на Тачи.
БИОГРАФИЈА
Лазански е роден 1950 во Карловац. Дипломирал на Правниот факултет во Загреб, каде што и започнал со новинарската професија, прво во Полет, подоцна во Вјесник, Старт, Данас, Политика Експрес, НИН, Вечерње новости 1996-2001. Во 1999 година преоѓа во Политика каде и ден денес работи. Известувал за војните во Авганистан, Чеченија, Конго, Ирак, Иран, Либија... Интервјуирал два врховни команданти на НАТО и три маршали на СССР, триесетина министри за одбрана и началници на генералштаби на светски армии. Автор е на седум книги и десет големи ТВ серијали. Воен рок служел во 1977 година во Биттола, во 41. пешадиска дивизија на ЈНА. Одликуван е со медал за војнички заслуги.