ТОМОС за Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.524
Поени од реакции
5.254
Фанариотсите “игри“ околу МПЦ-ОА продолжуваат.
Сега и медиумите кои се нели независни и демократски добиваат задача да одработуваат скоро па на ист начин како и кога насилно ни сменија име на државата Македонија.


Зошто водителката се однесува толку агресивно кон Владиката Петар, па тој не е политичар ?

Има ли некој повеќе инфо за водителкава навистина не ми е јасно зошто таква агресивност и промоција на фанариотските барања...?
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.524
Поени од реакции
5.254
Игрите околу МПЦ-ОА продолжуваат и понатаму.
(читај негирањето на Македонци-Македонија никогаш не престанало само поприма различни форми)

И на форумов имаше такви кои сакале томос од фанариотите а не од СПЦ, се разбира тоа го правдаат дека било демоНкратија и тие имале право на свое мислење, што би било во ред ако таквото мислење не НЕГИРА постоење на Македонци и МПЦ-ОА а што во слободен превод се вика НАЦИФАШИЗАМ.

Еве уште едне видео запис каде гостинот се обидува да појасни за што всушност станува збор, за оние кои не се запознаени а би сакале препорачувам.

 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.454
Поени од реакции
16.661
Вартоломеј притиска врз МПЦ-ОА, па ако Синодот донесе решение според кое дијаспорните епархии се предаваат на владение од Цариград, со тоа приказната би била завршена, МПЦ-ОА би останала со надлежност само во денешните државни граници, а иселениците би можеле да се бунат колку сакаат...

МПЦ-ОА нема дадено таква согласност, како еден од предусловите за добивање томос и од Цариград, така да Вартоломеј за сега не е наш „газда„.
Колку се сеќавам, во Австралија иселениците по судски пат земаа една црква, ни МПЦ ни Цариград ни бутур, они си ја граделе со свои пари...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.116
Поени од реакции
5.310
Колку се сеќавам, во Австралија иселениците по судски пат земаа една црква, ни МПЦ ни Цариград ни бутур, они си ја граделе со свои пари...
Владиката Петар, кој беше често споменуван како вмешан во „настаните„ со австалиските епархиско/парохиски црковни објекти, објасни дека во државата Австралија, верските заедници се регистрираат кај властите како „фирми„, како „правни лица„, не како „верски„. Ради тој правен пристап, нашинците од „Острелија„ сметаат дека црковните објекти и имоти се „нивни„ а не „црковни„, како што е редот, односно нашинците сметаат дека црковните објекти кои се дел од МПЦ-ОА се „нивни„ само ради начинот на кој тие (верските заедници) се регистрирани па затоа нашинците ги сметаат црковните објекти и црковните имоти за „приватна сопственост„, не за „црковна„ односно „заедничка„.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.524
Поени од реакции
5.254
Колку се сеќавам, во Австралија иселениците по судски пат земаа една црква, ни МПЦ ни Цариград ни бутур, они си ја граделе со свои пари...
Имаш селективно сеќавање.
Точно има таканаречени цркви во принцип приватни секти градени со пари на иселениците кои мислат на тој начин да си ја измијат совеста (има и кај нас такви примери за големи донатори кои потоа се водат за ктитори, црквата од секогаш имала потреба од пари)... и нема никаков проблем истите да ги преземе фанарот, можеби и веќе се регистрирани кај фанарот, ПРОБЛЕМОТ е што фанарот одбива да признае Македонци па следствено на тоа и Македонска Црква и Македонска Држава а деловите од епархиите на МПЦ-ОА кои се низ светот сака да ги узурпира стави под свое.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.454
Поени од реакции
16.661
Владиката Петар, кој беше често споменуван како вмешан во „настаните„ со австалиските епархиско/парохиски црковни објекти, објасни дека во државата Австралија, верските заедници се регистрираат кај властите како „фирми„, како „правни лица„, не како „верски„. Ради тој правен пристап, нашинците од „Острелија„ сметаат дека црковните објекти и имоти се „нивни„ а не „црковни„, како што е редот, односно нашинците сметаат дека црковните објекти кои се дел од МПЦ-ОА се „нивни„ само ради начинот на кој тие (верските заедници) се регистрирани па затоа нашинците ги сметаат црковните објекти и црковните имоти за „приватна сопственост„, не за „црковна„ односно „заедничка„.
За тоа мислев, Петар тргна таму ама доби корпа... Кај нас државата ја штити и привилегира црквата во однос на верски здружениа кој ги карактеризира како секти, на запад е друго
Сакав да кажам МПЦ-ОА не може и да сака да ги даде тие под Цариград ако тие не сакаат
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.116
Поени од реакции
5.310
За тоа мислев, Петар тргна таму ама доби корпа... Кај нас државата ја штити и привилегира црквата во однос на верски здружениа кој ги карактеризира како секти, на запад е друго
Сакав да кажам МПЦ-ОА не може и да сака да ги даде тие под Цариград ако тие не сакаат
Не гледам дека државата „нашата земја„ е нешто наклонета кон МПЦ-ОА, иако формално-правно може да се така поставени работите.

Македонија, поточно Македонците, себе си се сметаат за правоверни па оттаму (би требало...) призлегува ставот дека Македонија е претежно православно-рисјнаска држава односно општество.

На другите религии, кои кај нас се лесно преброиви, не им нешто ускратено (само слушни ги мујазините низ Шкупи....), а т.н. „секти„ се друга приказна, особено како се произлезени од некоја главно-носечка религија. Т.н. „секти„ на Запад, кои се произлезени од римо-католицизмот и кои себе си се гледаат/нарекуваат како „цркви„, се „нормална„ појава„ и се нарекуваат „деноминации„ и не се предмет на државно ограничување.

Новокомпонираните секти, култови, „недефинирани„ верски заедници и сл. се сосема трета приказна...

Што се однесува до Вартоломеј и Цариградската патријаршија, неговиот апетит за глумење „источен папа„ е очигледен, а ако знаеме дека зад Вартоломеј стои и „чадорот„, тогаш Цариград пред себе не гледа никакви пречки за „зафаќање„ туѓ имот. Случајот со ПЦУ е таков пример, а односот од Вартолмеј кон МПЦ-ОА е сличен со украинскиот. „Признавањето„ кои Цариград го упати до МПЦ-ОА јасно покажа како Цариград сака да ја „гледа„ македонската помесна Црква.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.454
Поени од реакции
16.661
Не гледам дека државата „нашата земја„ е нешто наклонета кон МПЦ-ОА, иако формално-правно може да се така поставени работите.

Македонија, поточно Македонците, себе си се сметаат за правоверни па оттаму (би требало...) призлегува ставот дека Македонија е претежно православно-рисјнаска држава односно општество.

На другите религии, кои кај нас се лесно преброиви, не им нешто ускратено (само слушни ги мујазините низ Шкупи....), а т.н. „секти„ се друга приказна, особено како се произлезени од некоја главно-носечка религија. Т.н. „секти„ на Запад, кои се произлезени од римо-католицизмот и кои себе си се гледаат/нарекуваат како „цркви„, се „нормална„ појава„ и се нарекуваат „деноминации„ и не се предмет на државно ограничување.

Новокомпонираните секти, култови, „недефинирани„ верски заедници и сл. се сосема трета приказна...

Што се однесува до Вартоломоје и Цариградската патријаршија, неговиот апетит за глумење „источен папа„ е очигледен, а ако знаеме дека зад Вартоломеј стои и „чадорот„, тогаш Цариград пред себе не гледа никакви пречки за „зафаќање„ туѓ имот. Случајот со ПЦУ е таков пример, а односот од Вартолмеј кон МПЦ-ОА е сличен со украинскиот. „Признавањето„ кои Цариград го упати до МПЦ-ОА јасно покажа како Цариград сака да ја „гледа„ македонската помесна Црква.
Мислиш Цариград ќе им ги земе црквите -фирми на нашите од Острелија, сакале не сакале ??
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.116
Поени од реакции
5.310
Мислиш Цариград ќе им ги земе црквите -фирми на нашите од Острелија, сакале не сакале ??
Не, туку обратното-МПЦ-ОА, која е „сопственик„ на епархиите австралиски, под уцената за добивање „признавање„ и томос и од Цариград, (МПЦ) самата треба да се откаже од епархиите кои се надвор од територијата на државата „нашата земја„. Со тоа самооткажување, Цариград би станал нивен нов „сопстеник„ оти без МПЦ, епархиите австралиски (или било кои други...) би останале без матичната црква, а Цариградската патријаршија автоматски би била нивниот нов „газда„. Помалку битно е како државата Австралија ги третира верските заедници на својата земја, вклучувајќи ги и и епархиите од МПЦ.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.574
Поени од реакции
22.287
Владиката Петар, кој беше често споменуван како вмешан во „настаните„ со австалиските епархиско/парохиски црковни објекти, објасни дека во државата Австралија, верските заедници се регистрираат кај властите како „фирми„, како „правни лица„, не како „верски„. Ради тој правен пристап, нашинците од „Острелија„ сметаат дека црковните објекти и имоти се „нивни„ а не „црковни„, како што е редот, односно нашинците сметаат дека црковните објекти кои се дел од МПЦ-ОА се „нивни„ само ради начинот на кој тие (верските заедници) се регистрирани па затоа нашинците ги сметаат црковните објекти и црковните имоти за „приватна сопственост„, не за „црковна„ односно „заедничка„.
Не е така едноставно. Ако се сеќавам добро во Австралија случајот беше дека верниците и црковната општина со свои средства изградија црква. Потоа дојде владиката и побара тој имот да биде препишен на МПЦ. И ја би рекол полека малце со тоа барање и не би прифатил така лесно оти потоа црковната општина буквално губи контрола над имотот. Правниот аспект дополнително иде во предвид. Ете во Германија МПЦ не е регистриран како правен субјект и не може да има имоти. Објектите, колку што знам, ги раководат црковните општини кои се регистрирани како здруженија. Со тоа идат и правни обврски и тие мора да работата поред правото кое важи за здруженија. Еден свештеник овде убаво кажа, црковната општина му е вид работодавач на свештеникот. Не гледам ништо спорно во ваква констелација. На крај верниците и црковната општина се тие што се грижат за работата на црковната општина и објектите. Свештениците идат за Богослужбите и верските обврски и си одат. Си функционира сосема добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom