- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.919
- Поени од реакции
- 73.289
Не знам дали си гледал иста утакмица или за инает пишуваш, ова е можеби најслабото издание на Чкембари некогаш.Za navivanjeto ve pregazija postoite za Ckembari vie imate B-kompleks na maksimum
Група што беше со 350 луѓе со Воска во умрен термин и 500+ со Силекс во работен ден, постоела за Чкембари. Бркај работа баце.
Забележав дека фалеа многу од поглавните ликови. Од сликите од Букурешт, само 1-2 дали присуствуваа денес. Можеби и затоа бројката им беше тиња. Нека потврди зелено белиот колега
Слабо навивање, второ полувреме се забуткаа меѓусебе, 2-3 пати имаше инцидент на нивна трибина. Ни водач на навивање, ни навивање имаа после тоа. Извадија 1-2 пароли и толку беше.
Знамето прво го поставија наопаку, Лозари на секоја фрка на трибината си го вадеа нивното знаме, па после го враќаа на ограда.
Да не коментираме дека се испичија да одат во Охрид (каде што сами си направија непријателство), а во исто време 4 нивни членови вадат знаме на друго гостување. Резил невиден.
Низ годиниве се направи слика дека Чкембари секогаш прават страшни гостувања во Скопје, затоа што неколку пати гостуваа над 400 луѓе. Али тоа е реткост, кога им се даваат сите привилегии, цела трибина за нив и тоо ноќен термин.
Сум кажал многу пати, они никогаш во мртви фудбалски термини и вакви попладневни саботни термини, не ни имале подобра бројка од денешнава. Секогаш се движеле меѓу 50 и 120 луѓе.
Без лутиш, таа е реалноста. Имаат солидна бројка на фудбал ко за нив, на ива поле напреднаа, ама некако се осакатија од ракометниве неуспеси и им влијае на бројот на обични фанови што на вакви гостувања одат ко навивачи.
Во салата слаба бројка, директен виновник управата на Вардар. Клубот полумртов, губи од Алкалоид сто разлика, ко мали деца ги рашлакаа и ти после 3 кола стабаш цени по 350-500 денари. Се знае кој оди на спорт во Скопје (па и општо во државава) најсиромашните слоеви. Јас дури и позитивно се изненадив што толку обична публика имаше. Ниту сме во крајна фаза од шампионатот, ниту пак имавме некии резултати последниве години за да наполниш сала со карти од 500 денари.
Бројката на Комити добра, но да бидам искрен очекував да го наполниме цел дел. Вака беше исполнет едно 80%. Уште останува констатацијата дека сите што се меѓу првите на трибина на ФК Вардар, воопшто не одат на ракомет. Одново само неколку подгрупи кои се поредовни на ракомет, беа на трибина.
Навивањето одлично на моменти (на почеток и последни 10 минути), другото просек. Пак имаше малку губење со пеење фудбалски песни кои се долги, наместо да се прави притисок на противнички напад (како што стално функционира публиката во Битола, пани нашата порано на ЛШ), ама се поправивме кога највеќе требаше.
Слабо дерби, ништо спектакуларно. Десетина последни минути на еуфорија, пак ги воспалив сите мускули, само што оздравев од средата Во средата прејако навивање, огромна штета што уште нема извадено видео. И со Воска беше топ, до инцидентите на крајот.
Дефинитивно мора да потенцирам дека денешниве млади генерации (деца до 16 години) се како мртви на трибина. На нивна возраст, кога ќе сум дошол дома не сум имал глас за да зборнам една недела. На противнички напади сум свирел и урлал додека не цркнам. Овие зинати како падавичари блејат. Срамота е на 35+ години да си одиме дома со воспалени мускули секое коло и зарипнат глас до наредна утакмица, овие си го држат. Али џабе е, едноставно ако се откажат овие генерации што сега се по 20-25 години и постарите, ништо нема да има веќе од навивање со новиов начин на живот на младите.