Не сакав да ја вртам темата на тоа комити дали се или не се појавиле некаде, дали требало или не. Ајде од тоа што сега на памет ми доаѓа.
1.Каде бевте лани за финалето од купот на Македонија во Охрид?? Не ми велете бевме Гевгелија на фудбал, да не ви ја вадам сликата колку бевте во Гевгелија.
2. 2019 Финале куп на Македонија во Куманово, Вардар-Металург, Вардар загуби на пенали. Куманово вие на 20/30мин од вас, покажете слика каде бевте во Куманово? Очигледно штом сте загубиле значи не беше формалност.
3. Знаете и сами на колку ЛШ утакмици не сте навивале, ако ме дементарите за ова, ќе ви вадам и по датум утакмици и слики да покажите.
4. 2016 Финале на куп во Охрид, Вардар-Металург. Слика од Комити???
5. Колку мак титули РК Вардар прославил пред празна сала??? Тажни беа тие кадри каде играчите сами со себе си се радувале.
Итн, итн, итн...место за критика знаете самите(комити) има кон вас за вашиот однос кон РК Вардар. Но тоа си се ваши одлуки, наше е некогаш да си го нафрламе тој муабет.
Има место за критика, не велам не.
И јас критикувам редовно, затоа што Комити едноставно многу повеќе ќе добијат ако навиваат на ракомет, отколку да не навиваат.
Ама едноставно е, навивачките групи во цел свет се пред се' формирани да навиваат на ФУДБАЛ. Сите други спортови се гледаат како нешто споредно. Се навива кога му треба поддршка на клубот (европски натпревари, натпревари кои не се со однапред познат резултат итн), се навива кога има интересен навивачки дуел и слично. Едноставно, така е во целиот свет. Комити никогаш не навивале редовно на домашен ракомет, освен една сезона кога на секоја утакмица одевме по 30-40 луѓе. Исто и во кошарка, Комбат редовно навиваа неколку сезони по ред, ама се тоа било спорадично.
Се знае каде е фокусот и сто пати е објаснето на темава.
Бар српските и хрватските сцени ги следите, знаете дека и таму никогаш не навиваат Делије и Гробари ако не е утакмица од типот на оние на кои навиваме и ние. Едино што на гостувања им навиваат нивните подгрупи од месното население. Колку Гробари имаше лани на небитна утакмоца со Вардар самп ради Комити, а колку Гробари имаше на финалето со Војводина кое резултатски имаше многу поголемо значење? 0!
Е сега работата е што вие во фудбал сте тиња и си наоѓате да се фалите дека сте навивале и на други спортови.
А 60% од тие утакмици во домашна лига каде што наводно сте навивале уствари сте 20 луѓе што само стојат позади знаме.
Еве ставивте слика од утакмицата Пелистер-Тиквеш пред некоја недела и сакаш да кажеш дека тоа е одработена утакмица? Ни навивавте ни бутур, закачивте знаме 30 души севкупно и ете демек одработена утакмица.
Па децава до 12-13 години што одат на утакмици на РК Вардар на домашен терен, повеќе навивање даваат.
Па кај нас де факто имаше навивање со Алкалоид дома и особено на гости (5 дена бев зарипнат), како и со Тиквеш дома, само без никаква организација. И тие навивања беа многу поголема поддршка отколку некои групи што демек навивале, а уствари закачиле само знаме и дремеле таму.
Како група имавте многу повеќе однавивани натпревари годинава, што е нормално кога игравте во Европа. На ранг на првенството, позначајни навивања сте имале само ако имало ривалска група, се друго било онака колку да се стави знаме (а имало и значаен број утакмици каде што не сте ни биле организирано).
Едно што можам да симнам капа е што кај вас (во Битола) ракометот е тема број 1. Луѓето лесно се мобилизираат и за поважни утакмици да дојдат во огромна бројка.
П.с. бевме во Куманово за финалето во 2019. Во сала имаше преку 200-300 вардарци како обична публика, во второ полувреме правевме У-А со двете трибини.
Комити (Чентовци воглавно) беа во бројка од 20-тина души дојдени на своја рака, без организација. Кумани пробаа да нападнат, стоеја под нас на трибина и само пееја сисај Вардаре. Дојде полиција и ги набрка на другата трибина. Пред утакмица Кумани му земаа дрес на дете мало од Куманово што тренираше во Вардар и немаше врска со утакмицата. Пред членовите на Кумани кои седнаа на нивната трибина се собраа мали деца од Куманово и пееја зига-зага напред Вардар. Златни времиња