ТИФОМАНИЈА!

Член од
10 мај 2022
Мислења
777
Поени од реакции
2.400
Јас мислам дека подфорумот има модератор. Можеби грешам, не знам како точно се поставени ингеренциите таму, ама ќе прашам, сепак.
Освен што си еден од босовиве на форумов,Злате ти од која навивачка група си?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.993
Подфорумот нема модератори, џабе го прозиваш :D

Кога се направи новава тема, целта беше да се почне со нормална дискусија, без детско препукување. Баравме од админите да стават по еден модератор барем од Комити и Чкембари. За жал, мислам дека не добивме ни одговор на не знам колкуте испратени пораки и тагнувања во темава на админите на форумов.
@Zlatikevichius ќе го тагнам повторно да ни ги слушне молбите :D
Едноставно не може да се тера нормален муабет без активен модератор на темава.
Има модератор, кој редовно чита. Само кренав раце затоа што подфорумов го модерирам добри 11-12 години и е исто срање од прв до последен ден. Не може да има ред кога 2 грама мозок немаат некои членови тука, кои релано пола би биле банирани ако се водиме по правила и прописи.

Еве чист пример, прашање до Чкембари зошто не гостуваа вчера, а знаат секоја утакмица да прашуваат за Комити и да се смеат како не се појавуваме, и сега место да си признаат грешка они имаат 20+ коментари со провокации кон Ото.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848

На кој досега полуфинален дуел сме гостувале освен во Куманово во овие 31 година куп на РМ????
Вчера во 19и30 не знаевме кој тим ќе се појави а не гостување да прајме, заборајвте дека пред 24часа уште се бомбардираа со соопштенија??
И да беше се по редослед, за нас оваа утакмица беше ЧИСТА ФОРМАЛНОСТ! Пред бурен викенд кој ни претстои од многу аспекти, требаше да трошиме енергија и средства, во работен ден да доаѓаме за ск кое е едно од за нас најдалечни гостувања и каде нормално за Чкембари треба малку повеќе организација отколку да треба некој да се појави во некое село.
Да бидиме реални, нити имавме најавено гостување, ни планиравме да гостуваме ни па некогаш освен еднаш како шо напоменав сме гостувале во полуфинален меч од купот.
Коментарот на Ото е ЧИСТА ФРУСТРАЦИЈА од претходниот ден. Ни повеќе ни помалку. А за комити и рк вардар...си знаете сами, да не ги пишиме истите муабети по стотти пат. И вас и нас ни е јасно.
 
Член од
28 февруари 2023
Мислења
216
Поени од реакции
858
Ото детиште едно недоквакано, ни ги потече мадињата 10 страни. Оди лапни некое дунде и ела недела тинкај малце да видиш шо е навивање и атмосфера.
Учете од Чкембари и Комити.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.993
На кој досега полуфинален дуел сме гостувале освен во Куманово во овие 31 година куп на РМ????
Вчера во 19и30 не знаевме кој тим ќе се појави а не гостување да прајме, заборајвте дека пред 24часа уште се бомбардираа со соопштенија??
И да беше се по редослед, за нас оваа утакмица беше ЧИСТА ФОРМАЛНОСТ! Пред бурен викенд кој ни претстои од многу аспекти, требаше да трошиме енергија и средства, во работен ден да доаѓаме за ск кое е едно од за нас најдалечни гостувања и каде нормално за Чкембари треба малку повеќе организација отколку да треба некој да се појави во некое село.
Да бидиме реални, нити имавме најавено гостување, ни планиравме да гостуваме ни па некогаш освен еднаш како шо напоменав сме гостувале во полуфинален меч од купот.
Коментарот на Ото е ЧИСТА ФРУСТРАЦИЈА од претходниот ден. Ни повеќе ни помалку. А за комити и рк вардар...си знаете сами, да не ги пишиме истите муабети по стотти пат. И вас и нас ни е јасно.
Аха, во ред, чиста формалност. Следен пат ќе казнувам кога некој ќе провоцира каде се Комити на ракомет затоа што истото е 200 пати објаснето на темава, ама ако Комити ги нема на ракомет е проблем така? Ако за вас е формалност полуфинале во куп, така и за Комити горе доле се беше формалност вон ЛШ.

Ама тоа не ве спречува секој викенд да провоцирате, нема проблем ќе модерираме. Еве другарчето над мене ќе ја добие првата опомена за лична навреда кон член.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.932
Поени од реакции
14.952
Целата критика кон чкембари си е навлечена од нив самите кои секогаш си даваат за право да коментираат каде кога и колку Комити навиваат за РК, за сега да кажат ама ова беше ревијална утакмица. Точно. Скоро сите утакмици се ревијални, ние така ги гледаме во лигава. Двократен европски шампион сме. Освен Пелистер и порано Металург, другите се ревијални утакмици (на кои ете две години ја губиме титулата заради несериозност на екипата која и самата ги гледа како ревијални). Затоа и јас да бев битолчанец немаше вчера да присуствувам во Борис.

Од друга страна Лозари :pos:
Каков пад на една група. Трагедија. Кој е нивниот изговор за неприсуството. Па тоа вчера за нив беше најважната утакмица во сезоната и единствена прилика да дојдат до било каков трофеј. Ама страшно е да се дојде во Скопје без поголемиот брат. Јасно ни е. Најтрагично е што првата екипа ќе се истовари во Скопје во недела. Повеќе гостувања имаат за еурофарм, него за тиквеш. Мизерија.
 
Член од
20 септември 2021
Мислења
42
Поени од реакции
276
Него каде се гревчињата од Кавадарци. Зашто не дојдоа ? немаа ли муда дека не најавиа гостување нивните браќа Чкембари?? Или у недела ќе се шлепате со нив?
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Не сакав да ја вртам темата на тоа комити дали се или не се појавиле некаде, дали требало или не. Ајде од тоа што сега на памет ми доаѓа.
1.Каде бевте лани за финалето од купот на Македонија во Охрид?? Не ми велете бевме Гевгелија на фудбал, да не ви ја вадам сликата колку бевте во Гевгелија.
2. 2019 Финале куп на Македонија во Куманово, Вардар-Металург, Вардар загуби на пенали. Куманово вие на 20/30мин од вас, покажете слика каде бевте во Куманово? Очигледно штом сте загубиле значи не беше формалност.
3. Знаете и сами на колку ЛШ утакмици не сте навивале, ако ме дементарите за ова, ќе ви вадам и по датум утакмици и слики да покажите.
4. 2016 Финале на куп во Охрид, Вардар-Металург. Слика од Комити???
5. Колку мак титули РК Вардар прославил пред празна сала??? Тажни беа тие кадри каде играчите сами со себе си се радувале.
Итн, итн, итн...место за критика знаете самите(комити) има кон вас за вашиот однос кон РК Вардар. Но тоа си се ваши одлуки, наше е некогаш да си го нафрламе тој муабет.
 
Член од
26 март 2022
Мислења
585
Поени од реакции
5.438
На кој досега полуфинален дуел сме гостувале освен во Куманово во овие 31 година куп на РМ????
Вчера во 19и30 не знаевме кој тим ќе се појави а не гостување да прајме, заборајвте дека пред 24часа уште се бомбардираа со соопштенија??
И да беше се по редослед, за нас оваа утакмица беше ЧИСТА ФОРМАЛНОСТ! Пред бурен викенд кој ни претстои од многу аспекти, требаше да трошиме енергија и средства, во работен ден да доаѓаме за ск кое е едно од за нас најдалечни гостувања и каде нормално за Чкембари треба малку повеќе организација отколку да треба некој да се појави во некое село.
Да бидиме реални, нити имавме најавено гостување, ни планиравме да гостуваме ни па некогаш освен еднаш како шо напоменав сме гостувале во полуфинален меч од купот.
Коментарот на Ото е ЧИСТА ФРУСТРАЦИЈА од претходниот ден. Ни повеќе ни помалку. А за комити и рк вардар...си знаете сами, да не ги пишиме истите муабети по стотти пат. И вас и нас ни е јасно.
Доволно си едуциран за да ја разбереш поентата на коментарите. Дека не дојдовте, не дојдовте. Дека не треба никому да се правдате, не треба, но сето ова ќе изгледаше вака, да ваши членови не буцкаа константно.

,,Оти не ојте на Тинекс Пролет" ,,Во Струга не не дружите" и сл. Последен пример се случи минатата година кога Комити не присуствуваа на Купот, туку беа во Гевгелија. Каква врска има бројката, патем многу беше поголема од речиси сите ваши гостувања фудбал минтатите 2 сезони? Каква врска има кога поентата е во принципот на функционирање, така да не ја врти приказната, нема потреба.

Не може кога вие ќе пишете дека не одите, тоа да биде ок. а кога Комити ќе пишат тоа да не е ок..чисто од тој аспект.

Ако за ништо друго, барем од сега па натаму секогаш кога некој ваш ќе пише глупост од ваков тип, ќе му го пуштам твојот коментар, кој е оправдан, ете така сте одлучиле, ама па затоа верувам дека ќе почитувате и одлука на друга група и дека нема веќе да има детски муабети.

Сте биле Комити некаде на гостување на РК овие 2 сезони? Не. Навивате Комити на домашни натпревари, освен против Пелистер? Не. Зошто не дојдовте во Кавадарци или Охрид? Немавте забрана. Нели од кога се појавивте против РК Пелистер пред неполн месец ќе одевте на сите наредни натпревари до крај на сезона, оти биле важни, а не оти бил Пелистер? Не отидовте ниту на еден. Статистички, Лозари имаат повеќе гостувања на РК од вас сезонава. Мислам дека треба да се држите до успехот со ФК и преубавите кореографии, за РК не сте достојни да споредувате овие 2 сезони.
Колку фрустрации насобрани во еден коментар. ГРК Тиквеш игра историска сезона, покажа дека може да изненади, а вие после се, не им давате поддршка на ПОЛУФИНАЛЕ од Купот? Оди легни си одма!

Знаеш што е поголема срамота? Што ќе дојдете во недела и вашите ракометари ќе ве видат во копот. Со кое лице ќе излезете пред нив бе? Да знаат дека се згнавте да одите на најнебитниот од сите најнебитни купови- Супер купот во Струмица за Еурофарм Пелистер, а дека за својот тим немате муда/време да го бодрите во за вас историското полуфинале, кое патем беше изедначено до 50-та минута речиси..уште статистички ми пишува. Друже вие сте статистичка грешка во копот на Чкембари. Група која имаше простор за докажување, но која ја урнисаа комплексите. Сега седете си таму и спремајте се за финале...и чудете се после што секој ве смета за смешни.

И искрено не сакам да верувам дека за вашето недоаѓање влијаеле Чкембари, е тоа би бил крах над краховите. Да оставиш на цедило свој тим, за да направиш услуга на друг.

Како и да е, вие си знаете, само убаво што се случи ова за никогаш повеќе да не би текне(особено на Лозари :) ) да коментирате.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.316
Не сакав да ја вртам темата на тоа комити дали се или не се појавиле некаде, дали требало или не. Ајде од тоа што сега на памет ми доаѓа.
1.Каде бевте лани за финалето од купот на Македонија во Охрид?? Не ми велете бевме Гевгелија на фудбал, да не ви ја вадам сликата колку бевте во Гевгелија.
2. 2019 Финале куп на Македонија во Куманово, Вардар-Металург, Вардар загуби на пенали. Куманово вие на 20/30мин од вас, покажете слика каде бевте во Куманово? Очигледно штом сте загубиле значи не беше формалност.
3. Знаете и сами на колку ЛШ утакмици не сте навивале, ако ме дементарите за ова, ќе ви вадам и по датум утакмици и слики да покажите.
4. 2016 Финале на куп во Охрид, Вардар-Металург. Слика од Комити???
5. Колку мак титули РК Вардар прославил пред празна сала??? Тажни беа тие кадри каде играчите сами со себе си се радувале.
Итн, итн, итн...место за критика знаете самите(комити) има кон вас за вашиот однос кон РК Вардар. Но тоа си се ваши одлуки, наше е некогаш да си го нафрламе тој муабет.
Има место за критика, не велам не.
И јас критикувам редовно, затоа што Комити едноставно многу повеќе ќе добијат ако навиваат на ракомет, отколку да не навиваат.
Ама едноставно е, навивачките групи во цел свет се пред се' формирани да навиваат на ФУДБАЛ. Сите други спортови се гледаат како нешто споредно. Се навива кога му треба поддршка на клубот (европски натпревари, натпревари кои не се со однапред познат резултат итн), се навива кога има интересен навивачки дуел и слично. Едноставно, така е во целиот свет. Комити никогаш не навивале редовно на домашен ракомет, освен една сезона кога на секоја утакмица одевме по 30-40 луѓе. Исто и во кошарка, Комбат редовно навиваа неколку сезони по ред, ама се тоа било спорадично.
Се знае каде е фокусот и сто пати е објаснето на темава.

Бар српските и хрватските сцени ги следите, знаете дека и таму никогаш не навиваат Делије и Гробари ако не е утакмица од типот на оние на кои навиваме и ние. Едино што на гостувања им навиваат нивните подгрупи од месното население. Колку Гробари имаше лани на небитна утакмоца со Вардар самп ради Комити, а колку Гробари имаше на финалето со Војводина кое резултатски имаше многу поголемо значење? 0!

Е сега работата е што вие во фудбал сте тиња и си наоѓате да се фалите дека сте навивале и на други спортови.
А 60% од тие утакмици во домашна лига каде што наводно сте навивале уствари сте 20 луѓе што само стојат позади знаме.

Еве ставивте слика од утакмицата Пелистер-Тиквеш пред некоја недела и сакаш да кажеш дека тоа е одработена утакмица? Ни навивавте ни бутур, закачивте знаме 30 души севкупно и ете демек одработена утакмица.
Па децава до 12-13 години што одат на утакмици на РК Вардар на домашен терен, повеќе навивање даваат.
Па кај нас де факто имаше навивање со Алкалоид дома и особено на гости (5 дена бев зарипнат), како и со Тиквеш дома, само без никаква организација. И тие навивања беа многу поголема поддршка отколку некои групи што демек навивале, а уствари закачиле само знаме и дремеле таму.
Како група имавте многу повеќе однавивани натпревари годинава, што е нормално кога игравте во Европа. На ранг на првенството, позначајни навивања сте имале само ако имало ривалска група, се друго било онака колку да се стави знаме (а имало и значаен број утакмици каде што не сте ни биле организирано).

Едно што можам да симнам капа е што кај вас (во Битола) ракометот е тема број 1. Луѓето лесно се мобилизираат и за поважни утакмици да дојдат во огромна бројка.

П.с. бевме во Куманово за финалето во 2019. Во сала имаше преку 200-300 вардарци како обична публика, во второ полувреме правевме У-А со двете трибини.
Комити (Чентовци воглавно) беа во бројка од 20-тина души дојдени на своја рака, без организација. Кумани пробаа да нападнат, стоеја под нас на трибина и само пееја сисај Вардаре. Дојде полиција и ги набрка на другата трибина. Пред утакмица Кумани му земаа дрес на дете мало од Куманово што тренираше во Вардар и немаше врска со утакмицата. Пред членовите на Кумани кои седнаа на нивната трибина се собраа мали деца од Куманово и пееја зига-зага напред Вардар. Златни времиња :D
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.744
Поени од реакции
6.467
Него каде се гревчињата од Кавадарци. Зашто не дојдоа ? немаа ли муда дека не најавиа гостување нивните браќа Чкембари?? Или у недела ќе се шлепате со нив?
Се спремат за во среда куп финале со Воска во Скопје , очекувам градоначалникот Јанчев да им организира 10 автобуси и да се појават на форумов после утакмицата со реченицата " живи сме " :icon_lol:
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
П.с. бевме во Куманово за финалето во 2019. Во сала имаше преку 200-300 вардарци како обична публика, во второ полувреме правевме У-А со двете трибини.
Лани Охрид имаше 500 битолчани, ама не веливме дека бевме ние(Чкембари). Поставив прашање за групата. Велите навивате на битни натпревари, а не е така. Ми цитираш мислење каде сум поставил 5 прашања а не одговори ниедно. Навивате против Пелистер во натпревар битка за титула, титулата ја освојувате и истата не ја прославувате. Е тоа ви е проблемот со вашиот однос со РК Вардар. Нејсе не е битно....без разлика на бројка, на крај ќе испаднеме група која имала најмногу дома гости натпревари во три спорта. Ајде да не арџиме енергија во празни демагоги, се "пишиме" после викендов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom