Навистина имаше чист фаул над Ларкин на крајот, смешки што не го досудија тоа. Штета за Баскониа, навистина не заслужи да јаде метла во серијава. Две ептен тесни дуели во Москва, вториот имаа речиси продолженија во ракав ама ништо и вчера ова. Одлична кошарка играа, навистина заслужија да победат макар една утакмица. ЦСКА не одигра ништо посебно, играта во напад и широкиот ростер ги извади, одбраната им беше очај во сите утакмици. Де Коло лош првите две утакмици и влегуваше во проблеми со фаулови, Тео беше солиден ама ептен лежерно игра и не игра никаква одбрана, башка и бил повреден. Доволен факт за тоа е што вчера на крајот играа со петорка без овие двајца, со Џексон и Хигинс.
Фенер очекувано до 3-0, после двата брејка во Атина. Се виде и вчера дека Пао не прави ништо, колку да одиграат им беше вчера. Секоја чест за Жељко, од таква очајна игра што имаше Фенер во последно, ги стегна онака за плеј-оф. Перфектна одбрана, топка не поминува.