Сурфање со лаптоп или мобилен на јавни места, фалење или урбана култура

Сурфање од мобилен или лаптоп на јавно место


  • Вкупно гласачи
    176

BEZSTRASNIOT

PHONE MASTER
Член од
6 април 2007
Мислења
627
Поени од реакции
2
Читам и закчучувам дека пола повекето од пола мн глупи мислења сте кажувале... бтв јас не сурфам ни на телефон ни на лапотоп надвор, ама прво да беше селско и да беше за фалење немаше 70% од кафичите да ставеа ваерлес антени.....
 
Е

експерт

Гостин
а може е и немање интернет дома?

сурфање со лаптоп навистина неубаво изгледа, а со телефон мислам дека е прифатливо, на пр кога патувам со воз или автобус цело време мобилниот ми е в рака.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Зашо се правдате бе? Ви се седи со лап топ, седете! Ве гледаат, голем курац. Ве гледаат само зашто не можат да бидат како вас, срам им е дека сеуште не се ослободени од стегите на комшиските муабети.

Седење со друштво и имање лап топ крај себе е некултурно, дел од новиот бон тон е тој да се склопи додека пријателот е присутен, во спротивно е навреда. Ама да се мислам дали некој опинок од Скопско поле (тоа е “приградска“ скопска населба) ме гледа као чаталџија, не ми паѓа на памет. Единствен проблем ми е конобарките кога љубопитно ќе ми ѕирнат.

Сурфање од лап топ на јавно место е фалење за поседувањето урбана култура. :icon_lol:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Каде го гледаш чаламењето во муабетов?
Дете.. во кој век живееш, да му се сневиди? Кај вас во село, најјаките фраери со пејџери се цепаат, нели?
Лути се колку сакаш... ама, во денешно време да сфатиш (како го нарече) “сурфање на јавни места“ како било што друго освем потреба треба да си до тој степен заостанат, што се прашувам дали сеуште се чудиш како постојат толку мали луѓе, што ги собира во една кутија наречена телевизор...
Еве, јас ќе ти кажам за мене... дури и кога немам компјутер во непосредна близина, телефонот обавезно ми е врзан на mail, skype, msn, gtalk... Брее.. чаламџија сум бил, мајката.
Потреба за комуникација, информираност, нешто такво слично? Никако, нели
?

Извини Внуче,ти да не си директор на берза? :icon_lol:
Аман бе,јас разбирам да имаш потреба па да уклучиш нешто,ама да излезеш на кафе со пријатели и да се закачиш на скајп веќе се граничи со болест.А тоа се прави моментално,како без интернет да не се живее.И после мамо мамо мене никој не ме дружи,уствари што се тоа другари?
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Ќе кажам само 1 работа...се уклучила од мобилен или од лаптоп пичондрата и на фејсбук пишуе , у тој кафич со тие и тие...и што К ме боли кај е?нели е курчење тоа
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
од телефон си сурфам цело време, а за лаптоп не би носел надвор едино во друг град кога сум , на одмор , викенд или слично зиам лап топ во кафич пошто има wi fi па да зирнам шо има ново :)
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Ќе кажам само 1 работа...се уклучила од мобилен или од лаптоп пичондрата и на фејсбук пишуе , у тој кафич со тие и тие...и што К ме боли кај е?нели е курчење тоа
Тоа ти е брат, курчење.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Баш е фино со вифи, само што си станал од дома на комјутер одиш чаршија не поминале 10 мин бам телефонот одма гледаш дали има нешто ново.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Сурфање на мобилен и праќање/одговарање на пораки е дефинитивно дел од урбанaта култура. Меѓутоа, во таа урбана култура постои и одреден бон-тон. Значи, има ситуации во кои мобилниот треба да се исклучи или да не се употребува. Еден мој пријател адвокат, сопственик на реномирана адвокатска фирма во Калифорнија, ми раскажа за случај кога еден млад дипломиран правник конкурирал кај него за работа. Дечкото имал одлично CV и одличнa презентација. Таман пред да заврши интервјуто за работа, добил порака и почнал да 'рчка по мобилниот. Иако дечкото бил високо рангиран, не бил примен на работа. Коментарот на мојот пријател адвокат беше: “Јас имам угледни клиенти кои очекуваат моите адвокати да се воспитани и внимателни.”
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
99% од времето носам лаптоп со мене и не гледам ама баш ништо чудно да одработам нешто во јавност или кога убивам време дури и некој Skype муабет да свртам ... и воопшто не ме интересира што другите мислат зошто тоа го правам. Но никогаш не би закачил Skype на пример ако не сум сам, тоа би било страшно некултурно ... кога истото би ми го направиле на мене повеќе со тие „пријатели“ не би седнал на маса ...
 
V

Vollstandig

Гостин
Не го оспорувам фактот дека е фалење, но со тек на времето станува урбана култура.
За сурфањето од мобилен, не е воопшто фалење пошто и онака никој не знае што правиш со мобилниот ниту ти гледа во дисплејот на кој сајт си или читаш смс пораки. Фалење спаѓа кога го ставаш твојот смартфон на маса додека пиеш кафе, нема никаква поента во тоа да ти стои на маса мобилниот едино ако има гласна муика во кафичот па очекуваш важен повик со телефонот и само да се јавиш ти е потребата.

Со лап топот, мислам оти веќе преминува во урбана култура, почнувајќи од фактот кога народот немаше лап топи, или пак го имаше мислењето дека поседувањето (сурфањето) од лап топ представува луксуз и голема доблест, а уствари не е и некоја голема инвестиција поради што лап топите се движат со стандард цена како персоналните компјутери, така да не мислам дека би било некоја голема инвестиција во лап топот а уште помалце привлекување погледи и чуствување на повисок економски статус на истата личност која го има лап топот.
Денес,скоро секој втор студент поседува лап топ, секој човек скоро кој имал некаква потреба од интернет или медиа, и е во движење поседува лап топ,нормално секој со причина го носи со себе си, но оставам 30 % (пошто сме во македонија) на тоа дека со лап топот седејќи во кафич се фали оти имал лап топ него ли дека имал некоја потреба да седи на интернет.

седењето на кафе повеќе го гледам како кафе муабет, потреба да се напиеш кафе да одмориш, но исто така да завршиш некои битни работи како средување документи, мејлови и слично.Поради таа причина набавив јас мини лап топ, кој воопшто немав потреба да го изразувам кога седам во кафич од типот “еј видете ме имам лап топ“ туку од лични потреби.Мое лично искуство со лап топ и седење во кафич, секогаш се засновало на потреба, и никогаш на фалење. доколку се фалиме и сакаме да се покажеме кој колку сме богати, може да се направи една донација а тоа е од типот “Цела кафана на моја сметка, добивас лап топ гратис“. Направете го тоа, повеќе ќе ве знаат како богаташ + добар рејтинг, и сакани од сите;)
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Во развиениот дел од светот - Урбана Култура

Кај нас - не баш.

За одреден период ќе стане дел од урбаната култура и кај нас.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Извини Внуче,ти да не си директор на берза? :icon_lol:
Аман бе,јас разбирам да имаш потреба па да уклучиш нешто,ама да излезеш на кафе со пријатели и да се закачиш на скајп веќе се граничи со болест.А тоа се прави моментално,како без интернет да не се живее.И после мамо мамо мене никој не ме дружи,уствари што се тоа другари?
Прилично многу каснам со одговор, а? :)

Да бев директор на берза, ќе беше многу полесно. Има работно време. :)
Али, кога раководиш со фирма што работи со клиенти низ цел свет, во сите можни временски зони, сакал - нејќел мораш да бидеш достапен во било кој момент.
Occupational hazard... или како ќе дојде на наши?

Иначе, мамо - мамо... ме дружат мене, не се секирај ти за тоа ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom