Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?

  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.763
Поени од реакции
11.751
Што е лицемерно, особено од шпанските екипи и конректно Перез. На пример, распределбата на средства од ТВ права во Шпанија е скандалозна и тотално нерамноправна. Нормално дека Валенсија ќе е посиромашна и со помала куповна моќ од некој си Борнмут, кога од питата од ТВ права зема трошки, а Барселона и Реал се богатат на нивен грб. Од друга страна, распределбата на ТВ права во Премиер е многу порамноправна. Да не зборуваме за фондот при влегување во ПЛ од Чемпионшип и слично.

Значи, имаме ситуација во која самите Шпанци креираат нееднаквост со нивните постапки (и ред други работи, да не навлегуваме), а бараат фер третман и еднаквост од УЕФА, Премиер Лига.
Не оди тоа така.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.098
Поени од реакции
25.132
Се согласувам дека гледа и од за него тотално себична призна и од тука според мене доаѓа и целата фама. Перез цел негов мандат го базира на купување на најдобрите фудбалери на светот, вкпрочем така и станува претседател на Реал Мадрид.

Тој самиот себе се гледа како газда на фудбалот. Дон Флорентино. Го сакате Фиго? Направете ме претседател и нема проблем. Оп, еве го Фиго. Го сакате Зидан, Роналдо, Овен, Канаваро, Кака, Кристијано Роналдо - сите дотука освојувачи на златна топка (освен можеби Канаваро, кој ваљда прво направи траснфер во Реал летото па стана најдобар фудбалер на светот). Да не продолжуваме со другите големи имиња. Сигурно повеќе од пола од најголемите фудбалски ѕвезди во неговото време успеа да ги донесе во Реал Мадрид. А кој знае колкав му е процентот на успешност. Искрено освен Нејмар (кој патем сеуште беше само талент тогаш), не памтам Реал да запнал за некој играч а да не успеал да го донесе. Ама и таму излезе дека Барса направила триста глупости со татко му за да го привлече играчот.

Ова со Мбапе е личен пораз за него според мене. Значи дека губи дел од апсолутната моќ што ја има во фудбалот. Него му е тоа најбитно, он да остане Дон Флорентино. Му е гајле за Интер, Милан или не дај боже, Атлетико Мадрид.

Башка, екипи како Борнмут и Фулам воопшто не играат во ЛШ, а доаѓаат до парите до кои доаѓаат. Значи проблемот им е некаде дома, не е баш до УЕФА и делот од колачот кои си го земаат. Ако на Борнмут не му треба да игра ЛШ за да му парира на еден Атлетико, што правиме со екипите од Шпанија кои воопшто не се дел од УЕФА натпреварувањата. Зошто да не им помогне и на нив чика Перез?
Чекај сега, ти имаш против што е Перез главен на ова или самиот концепт на Супер Лигата и што фудбалските клубови сакаат да се одвојат од ЛШ?
Не те разбирам, зашто постов ти е напад на Перез.
Во ред, еве Перез да отстапи и да се тргне, ќе бидеш за Премиер Лигата?

Нормално дека Перез го прави ова од себични причини за Реал Мадрид, зашто е свесен дека ако не се промени нешто Реал Мадрид исто ќе биде изеден од екипите во ПЛ и од нафтените тајкуни, прашање на време е само кога.

Пробува да спречи да му се случи нешто на Реал, што веќе им се случи и им се случува на тимовите кои ги набројав.
И јас те разбирам, само сакав да ја потенцирам хипокризијата што извира од идејата за Супер Лига. Да не се лажеме, никого не интересира дали и како ќе преживее послабиот (вклучувајќи го и Челзи, општо земено).

Идејата за ваква лига = сме работеле лошо, нерационално, расипнички, а сме биле на врвот и сме постигнувале успеси, додека пак сега, некои други се на врвот и постигнуваат успеси, имаат финансиска моќ, а ние не сме. И тоа магично сега ни пречи. Тркалото врти. Италијанците и Шпанците беа при врвот, Англичаните не. Тогаш не паметам вакви иницијативи. Сега...

Ова не е спас на фудбалот, ова е спас на нечии газови. Таквото однесување во минатото си доаѓа по наплата во моментов.

Околу споредбите за ТВ примања, круцијално е да се знае дека Премиер Лигата има производ, најквалитетен и истиот уште поквалитетно знае да го продаде.

Нема да се реши ништо доколку Реал и Барселона го распределат колачот пофер, мислам нема суштински, ама тоа е убав почетен чекор кон намалување на јазот. Борнмут исто, доколку победи во плејоф финале во Чемпионшип ќе добие стартно 100 милиони. Лигата се грижи и за тие работи, своевидни солидарни фондови. Е сега доаѓаме до прашањето како сега еден мал клуб за промоција добива толку, од каде парите. Парите од претходно продадениот производ, јебига.

Сакам подобри времиња за играва и поголема рамноправност во секое можно поле. Но, верувам дека формирање на Супер/било каква лига, со слични намери, не води никаде. Напротив.
Јасно ми е мене дека Премиер Лига има продукт и дека го продава, пишав и во мојот првичен пост тоа е сосема легитимно и така треба да биде.
Супер Лигата никаде не ги спомнува тие приходи, ниту им замерува на ПЛ клубовите (тоа се мои аргументи).
Супер Лигата и замерува на УЕФА во врска со распределбата на парите, зашто сепак ЛШ е најгледаното натпреварување, а клубовите имаат трошки.

Единствен начин на Реал Мадрид да биде рамо до рамо со екипите од ПЛ и нафташките тајкуни е Супер Лига или поголема дистрибуција на парите од ТВ правата од страна на УЕФА.
Зашто Реал е огромен бренд, огромна фан база, нов стадион, милион титули, работи домаќински (за разлика од другите клубови) и пак црно му се пишува на долг рок доколку нештата не се променат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Чекај сега, ти имаш против што е Перез главен на ова или самиот концепт на Супер Лигата и што фудбалските клубови сакаат да се одвојат од ЛШ?
Не те разбирам, зашто постов ти е напад на Перез.
Во ред, еве Перез да отстапи и да се тргне, ќе бидеш за Премиер Лигата?

Нормално дека Перез го прави ова од себични причини за Реал Мадрид, зашто е свесен дека ако не се промени нешто Реал Мадрид исто ќе биде изеден од екипите во ПЛ и од нафтените тајкуни, прашање на време е само кога.

Пробува да спречи да му се случи нешто на Реал, што веќе им се случи и им се случува на тимовите кои ги набројав.

Јасно ми е мене дека Премиер Лига има продукт и дека го продава, пишав и во мојот првичен пост тоа е сосема легитимно и така треба да биде.
Супер Лигата никаде не ги спомнува тие приходи, ниту им замерува на ПЛ клубовите (тоа се мои аргументи).
Супер Лигата и замерува на УЕФА во врска со распределбата на парите, зашто сепак ЛШ е најгледаното натпреварување, а клубовите имаат трошки.

Единствен начин на Реал Мадрид да биде рамо до рамо со екипите од ПЛ и нафташките тајкуни е Супер Лига или поголема дистрибуција на парите од ТВ правата од страна на УЕФА.
Зашто Реал е огромен бренд, огромна фан база, нов стадион, милион титули, работи домаќински (за разлика од другите клубови) и пак црно му се пишува на долг рок доколку нештата не се променат.

Не, не, за концептот на лигава пишував своевремено и не сакам повторно да се навраќам на тоа.

Го цитирав тој дел од твојот пост, затоа што Перез е еден од иницијаторите. Една од причините за Супер Лига која тие ја наведуваат е нееднаквоста на приходите и зголемувањето на финансиската моќ на премиерлигашите. Перез и компанија и зимава беа со полна уста за трошењето на Челзи.

Постот е за лицемерието. И на Перез и на останатите. Како што си напишал и самиот. Реал кога беше на врвот и креираше Галактикоси токму со Перез, распределбата од УЕФА претпоставувам дека беше во ред. Сега не е. Не сум сигурен дека толку драстично се променети околностите.
На долг рок не можат можеби да се носат со нафташите и банкарите, ама во некои други времиња Јунајтед и Ливерпул, да не зборуваме за Арсенал, не можеле да се носат со кралскиот клуб и манифестирањето моќ. Ливерпул го купува Нил Мелор, Реал го купува Роналдо дебелиот.

Муабетот ми е, принципиелност. Најужасна да е УЕФА и премирлигашкото дејствување сега, позицијата од која Перез коментира и настојува е лицемерна. Така и идејата за Супер Лига. Перез забележува на УЕФА за трошки од ТВ права, а во својата лига токму тој им дава трошки на останатите. Како така?

На хартија, да, УЕФА некоректно распределува пари од ТВ права (ма да и ова е дискутабилно) и демек тоа е причината за формирање друга лига, под друга капа. Да не се лажеме, не е тоа толкава пара што ќе детерминира иднина на еден голем клуб.

Реалноста е (најмалку дури за Реал и Перез), се променил пазарот, се промениле позиции на моќ, сега наместо нас некој петти го дрма фудбалот: ова мора да запре. Супер Лига значи избавување на Барселона од длабока јама, значи враќање на долгови на италијански екипи, враќање во живот. Односно, избегнување одговорност за лошите потези направени во минатото. Идејава да беше искрена и главната причина навистина да беше УЕФА и ТВ права, можеби и ќе размислев. Вака, сламка спас за одредени големи клубови.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Постот е за лицемерието. И на Перез и на останатите. Како што си напишал и самиот. Реал кога беше на врвот и креираше Галактикоси токму со Перез, распределбата од УЕФА претпоставувам дека беше во ред. Сега не е.
Преку 20 години е идејата лично на Перез за натпреварување надвор од УЕФА. Не е од вчера. И кога ги праеше галактикоси ја тераше таа иницијатива. Ги памтам и од тогаш вестите низ нашите весници и фудбалски магазини, а многу се спомнуваше нели и кога бидна официјално суперлигата. Па се вадеа историски записи од негови изјави, и остало.

Е сеа зашто надвор од УЕФА, поентата е како они самите "знаеле подобро" да го водат и фудбалот (иновативно за самиот спорт и публиката) а и најбитно, маркетингот. Да праат многу повеќе пари од огромниот потенцијал што го има европскиот фудбал на светско ниво.
Не дека не е у право за тоа.

П.с
Има слична идеја и за кошарката у Европа, па дури и Реал да игра у НБА лига. Само проблемот е далечните патувања, што може да успее само кога ќе се скратат летовите преку атлантикот на помалку од 5 часа, некад.
 
Паметам дека ти беше еден од апологетите на идејата за Супер Лига, што е сосема легитимен став, но искрено мислам дека твоите побуди беа субјективни. Нема врска.
И тогаш и сега, сакам да се оградам, бидејќи противниците на идејата се портретираа како поддржувачи на УЕФА.

УЕФА е тешко ѓубре, корумпирана организација која не работи во полза на овој спорт. Тоа е јасно како ден, нека биде потенцирано уште еднаш.

Идејата можеби тогаш Перез ја споменал, тивко. Идејата пред колку, две години веќе, на чекор беше до отелотворување во пракса. Сета среќа помина како што помина. На чекор до отелотворување, симптоматично, токму кога наведените клубови се наоѓале во незавидни ситуации финансиски, со мал исклучок на Реал.

Нека се формира друго тело, лига, што и да е. Батали го УЕФА. Нека се вика и Супер Лига. Само не на овие постулати. Тоа беше и поентата на протестите и негодувањата. Нека има промени во фудбалот, ама нека не бидат тие промени што беа иницирани.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.257
Поени од реакции
18.206
Не, не, за концептот на лигава пишував своевремено и не сакам повторно да се навраќам на тоа.

Го цитирав тој дел од твојот пост, затоа што Перез е еден од иницијаторите. Една од причините за Супер Лига која тие ја наведуваат е нееднаквоста на приходите и зголемувањето на финансиската моќ на премиерлигашите. Перез и компанија и зимава беа со полна уста за трошењето на Челзи.

Постот е за лицемерието. И на Перез и на останатите. Како што си напишал и самиот. Реал кога беше на врвот и креираше Галактикоси токму со Перез, распределбата од УЕФА претпоставувам дека беше во ред. Сега не е. Не сум сигурен дека толку драстично се променети околностите.
На долг рок не можат можеби да се носат со нафташите и банкарите, ама во некои други времиња Јунајтед и Ливерпул, да не зборуваме за Арсенал, не можеле да се носат со кралскиот клуб и манифестирањето моќ. Ливерпул го купува Нил Мелор, Реал го купува Роналдо дебелиот.

Муабетот ми е, принципиелност. Најужасна да е УЕФА и премирлигашкото дејствување сега, позицијата од која Перез коментира и настојува е лицемерна. Така и идејата за Супер Лига. Перез забележува на УЕФА за трошки од ТВ права, а во својата лига токму тој им дава трошки на останатите. Како така?

На хартија, да, УЕФА некоректно распределува пари од ТВ права (ма да и ова е дискутабилно) и демек тоа е причината за формирање друга лига, под друга капа. Да не се лажеме, не е тоа толкава пара што ќе детерминира иднина на еден голем клуб.

Реалноста е (најмалку дури за Реал и Перез), се променил пазарот, се промениле позиции на моќ, сега наместо нас некој петти го дрма фудбалот: ова мора да запре. Супер Лига значи избавување на Барселона од длабока јама, значи враќање на долгови на италијански екипи, враќање во живот. Односно, избегнување одговорност за лошите потези направени во минатото. Идејава да беше искрена и главната причина навистина да беше УЕФА и ТВ права, можеби и ќе размислев. Вака, сламка спас за одредени големи клубови.
Избегнување одговорност за лошите потези.. А што се лошите потези. Немање на арап или некок друг криминален тајкун за газда?
Зашто колку и да и се смеете на барса, единствена разлика меѓу нив и вас е што абрамович со свои пари ви го покриваше срањето. Премиер лигата не стана популарна до овој степен ради домаќинско работење, туку ради наплив на тајкуни кој не жалат свои пари.
Перез, Реал и останатите сакаат да си ја заштитат позицијата како традиционални гиганти од нови клубови во тој ранг. Релативно помали клубови со богат газда како вашиот.
Ти се надеваш дека нема му успее, ја дека ќе му успее. Сакам да глеам фудбал со јаки Барса, Милан, Јуве и тн, а не Њукасл, Сити,или во иднина били кој англиски второлигашки клуб.
Автоматски споено мислење:

Апсолутно никој во Италија нема забрането странски капитал и апсолутно не мора газда на некој италијански клуб, кога веќе не е домашен, да биде некој преварант од Индонезија кој ќе гледа да го препродаде клубот и да оствари некој профит. Зошто не се нашол некој Роман, не знам.

Отворен и слободен е пазарот, за жал. На Абрамович некој му отворил врата и Абрамович две децении работеше како што работеше.

Расипништво е тоа што се случуваше со наведените клубови, да трошат колку што немаат, за да се одржат при врвот. Меѓудругото.

Не сме идиоти, полека. На италијанските клубови не им биле газди млекара Радово и ТВ Едо. Најбогатите семејства во земјата, претседатели и премиери, бизнисмени, бизнис магнати. Кога биле во врвот, нивните сопственици исто така поседувале енормна моќ. Е сега тркалото се сврти, оп - проблем.

Ти гледај што сакаш, желбите твои се
Истото расипништво го имаш и сега со дел од англиските екипи. И они трошат пари кој не ги заработуваат туку се инјектирани. Значи нема никаква разлика за да бараш некаква карма тука.

Инаку не реков дека италиканските газди билњ поштени, исти кур биле. Меѓутоа се клубови со вековна традиција како
гиганти и светска фан база. Не се клуб од пред 10 или 20 години со искомплексиран арап.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Избегнување одговорност за лошите потези.. А што се лошите потези. Немање на арап или некок друг криминален тајкун за газда?
Зашто колку и да и се смеете на барса, единствена разлика меѓу нив и вас е што абрамович со свои пари ви го покриваше срањето. Премиер лигата не стана популарна до овој степен ради домаќинско работење, туку ради наплив на тајкуни кој не жалат свои пари.
Перез, Реал и останатите сакаат да си ја заштитат позицијата како традиционални гиганти од нови клубови во тој ранг. Релативно помали клубови со богат газда како вашиот.
Ти се надеваш дека нема му успее, ја дека ќе му успее. Сакам да глеам фудбал со јаки Барса, Милан, Јуве и тн, а не Њукасл, Сити,или во иднина били кој англиски второлигашки клуб.
Автоматски споено мислење:

Истото расипништво го имаш и сега со дел од англиските екипи. И они трошат пари кој не ги заработуваат туку се инјектирани. Значи нема никаква разлика за да бараш некаква карма тука.

Инаку не реков дека италиканските газди билњ поштени, исти кур биле. Меѓутоа се клубови со вековна традиција како
гиганти и светска фан база. Не се клуб од пред 10 или 20 години со искомплексиран арап.

Бидејќи доаѓаме до вечната дебата на природни vs вештачки клубови, можеме наназад да се враќаме и да поставуваме прашања. Што мислиш ти, како Реал ја стекнал таа позиција за да од оваа дистанца се третира како гигант? Од каде потекнува надимакот познат, што ти значи Франко и дали знаеш како легендата нивна Ди Стефано е доведен во клубот?

Премиер Лигата станала најдобра на светот затоа што вложувала пари. Добро, што мислиш, како станала Сериа А најдобра, ме интересира ептен.
Кој ги спречил Италијанците да внесат странски капитал и кога веќе тој би пристигнал, кој ги спречил странските газди и нафташи да вложуваат во нивните клубови?

Полека, чекај. Во прајмот на Сериа А и доминацијата на италијанските екипи, дали знаеш кои биле сопственици на истите? Што е разликата помеѓу бизнисменот и богаташ Тод Боели и бизнисменот и богаташ Силвио Берлускони?
Челзи поради Роман е вештачка екипа, останатите се природни, од небо им паднало така.

Си има оваа дискусија генеза и игнорантно е како фанови на фудбал да мислите дека нема и дека фудбалот се игра во 21 век. Откако некој решил дека ќе застане на стадион и ќе наплати билет, фудбалот е таков. Само наративите се менуваат.

Премиерлигашите сега не прават ништо поразлично од своите претходници. Само времињата се поинакви и околностите, па изгледа тоа спектакуларно.

Супер Лигата, да, антитеза на спортот, духот на фудбалот, емоцијата која го води. Основачите последново го немаа земено предвид и затоа идејата им се соочи со пропаст. И затоа, барем во догледно време и барем со овие замисли, нема никогаш да се реализира.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Паметам дека ти беше еден од апологетите на идејата за Супер Лига, што е сосема легитимен став, но искрено мислам дека твоите побуди беа субјективни. Нема врска.
И тогаш и сега, сакам да се оградам, бидејќи противниците на идејата се портретираа како поддржувачи на УЕФА.

УЕФА е тешко ѓубре, корумпирана организација која не работи во полза на овој спорт. Тоа е јасно како ден, нека биде потенцирано уште еднаш.

Идејата можеби тогаш Перез ја споменал, тивко. Идејата пред колку, две години веќе, на чекор беше до отелотворување во пракса. Сета среќа помина како што помина. На чекор до отелотворување, симптоматично, токму кога наведените клубови се наоѓале во незавидни ситуации финансиски, со мал исклучок на Реал.

Нека се формира друго тело, лига, што и да е. Батали го УЕФА. Нека се вика и Супер Лига. Само не на овие постулати. Тоа беше и поентата на протестите и негодувањата. Нека има промени во фудбалот, ама нека не бидат тие промени што беа иницирани.
Нормално. Секогаш има можност за подобрување на условите на еден формат.

И мене лично не ми се допаѓаше едно од правилата што гласеше, нема испаѓање од лигата... тешка глупост.
Ама па тоа и беше еден од примамливите услови за учесниците и "основачите", затоа што им ветува и гарантира секоја година -излез во Европа. Рачунај дека баш следната година може многу лесно тоа да не го добијат баш Ливерпул или Челзи на пример. Или Јувентус.

Е сега приметувам дека и има некои работи што донекаде не им се баш јасни на луѓето.
Прво, сите одма поврзуваат и има некои коментари погоре, како, еј па не сакам да гледам Њукасл-Арсенал, сакам да гледам Арсенал- Баерн секоја година (или обратно, сакам да гледам Пул-Евертон и да се задржи шмекот на фудбалот).
Супер лигата не ги исклучува тимовите од настапи во домашните првенства. Е сега што потоа самите лиги под притисок од УЕФА им се заканија дека ќе ги избацат овие тимови од партиципација во домашните лиги е веќе друг муабет. Исфорсиран, што мислам дека беше само блеф. Каква лига би била шпанската на пример, без Реал и 8арса..

Друго, се оди на тоа дека Реал со Перез сакале да го задржат приматот преку оваа Супер Лига. Не делува дека е точно од повеќе причини.
Како прво во самата лига беа поканети и ПСЖ и Сити, и сите други клубови на најразлични магнати. Автоматски тие клубови ќе имаат покрај милијардите на газдите, потенцијално и милијарда долари плус од учество и освојување на лигата.
Потоа ,во случај да Реал биде година за година доминиран од тие тимови (што и не би било невозможно) значи дека баш така многу лесно Реал ќе го изгуби приматот во Европа.
Друга причина е и што и Реал е препознатлив по Лига на Шампиони и рекордните титули, од кои во старт ќе се само-лиши.
Значи повеќе причини дека не е гарантиран приматот на Реал како клуб над другите со оваа лига, дури и напротив.

И на крај ќе додам нешто што во текот на овие години лично се промени кај мене што искрено, ми е веќе сеедно дали ќе се случи лигава или не.
Форматот на УЕФА ми се допаѓа што на пример и во држави утепани и небитни како нашава, секоја година дава одреден процент на поддршка на фудбалските федерации. Колку клубови би згаснале само без тие пари, пари што на пример ќе се ги присвојат екслузивно одбраните клубови во супер лигата. Колку и деца, не би можеле да тренираат во некои локални селски клубови, на стадиони изградени од некоја донација од УЕФА.

И не ми се допаѓа претераната комерцијализација. Ќе станат уште повеќе customers clubs сите овие тимови. Па чекај, и што ако место милијарда ипол, ќе генерирале 3 милијарди евра приходи? Што ли ќе смени тоа само на подобро?
Ете Барса со Кутињо и Гризман од по 120 милиона евра беа подобри, или сега со Гави и Педри ? Со плати од по 20 милиони евра, со услови да ќе земаат и по 50/100 милиона евра. За да дресовите кои вредат за изработка 2 евра, ги шиткаат за 120 евра?

Или, она на Перез, децата повеќе не гледале фудбал. Тие што сакаат, гледаат и те како. А Супер Лигата сигурно нема да им ги тргне од раце мобилните на децата ако место Јунајтед- Лидс, би играле Јунајтед- Атлетико Мадрид.
Ќе било ова сега "амерички модел"... ако е ваков
received_2443957059092061.jpeg (сите со мобилните во раце),
немора.

Али легитимна им е борбата, таков е и впрочем капитализмот. И секоја чест за храброста сепак.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.225
Поени од реакции
14.508
Супер Лигата, да, антитеза на спортот, духот на фудбалот, емоцијата која го води. Основачите последново го немаа земено предвид и затоа идејата им се соочи со пропаст. И затоа, барем во догледно време и барем со овие замисли, нема никогаш да се реализира.

Точно, иако од европски или поточно неамерички поглед. Затоа сега пробуваат да го поправат тоа, мора клуб да се избори за место, може да испадне, па така да ја сведат битката само на тоа дали кровната организација ќе биде УЕФА или новата лига т.е. клубовите.

После првиот смешен обид, сега ретко кој им верува дека може да истуркаат нешто до крај. Мене не ми е јасно кои клубови се подготвени навистина да ја водат битката. Само Реал, Барса и Јувентус?

Но и да се само клубовите од југот, поточно Шпанија и Италија, доволни се да направат некаков проблем. Не можат УЕФА, па и Англичаните, толку лесно без нив и да ги игнорираат.
 
Член од
12 јули 2018
Мислења
1.667
Поени од реакции
5.380
Еден е Дон Силвио, грев е да се споредува со некои си тодевци и тедовци.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.324
Поени од реакции
5.362
Нека направат бе и така новиов систем на ЛШ е без везе. Ама без загарантирано место, може? А не тука Јуве од Серија Б ќе ми игра елитен фудбал.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.324
Поени од реакции
5.362
Ова веќе е нешто, далеку подобро од таа првата глупост што ја измислија.
Само не ми се допаѓа ова no home and away games. Што значи ова дека ќе се игра на рандом стадиони? Па која е поентата тогаш да имаш стадион и да се викаш пример Барселона кога ти во тој град нема никогаш да играш.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.786
Поени од реакции
1.698

Веројатно приход од карти, маркетингшки причини и слично, замисли играат Реал и Баерн во Скопје, колку би било тоа добар спектакл и би влијаело на посетеност на градот. А домашните стадиони секако си имаат посета во лигата.
 
Тогаш би требало да се игра целото натпреварување претежно во Источна Европа и нешто во Азија. :icon_lol:

Не знам колку е паметно во Милано или Минхен секое коло да им игра некој Реал, ПСЖ, Јувентус, а не нивниот клуб.

Не ми се верува дека е така замислено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom