Со бендот ептен прогресивно тргнавме, Љубов, па Хавана, па сеа ни ѕирка и Маракана... тоа ми е онака, највпречатлива нишка на осмицата драга... Факсот, горе долу, исто како и лани, совршено досадно но и смешно, супер зближување со одредени професори...:smir:
Сестра ми дипломира, јас се радувам повеќе од неа. Во љубов се млаткам, но и не ми е така лошо... Битно е што здраворазумски знам дека во деветката тоа ќе се смени. Значително. Друго... Отворивме волонтерски центар во средното ми школо, многу драг и убав момент... Летото полно со воздишки и раме за плачење на изнервираната другарка, јас, јас...па јас се бањав летово?!:nesvest:
Хихи...2008...најсмешниот роденден... Најновите запознавања, некој статус бр 1 на блог на Каде Вечер...добро чувство на отворена поетичност, не знам зошто до сега сум ферментирала...
Со себе, тргувам сеуште.
Радост мала во крајот на август. Изгубив невиност, пак:pos2:
Сега...можно е само да бакнам еден и да отиде 2008 во неповрат.