Не е работата со протестиве за храброст-туку нужност.
Во грција има Студенти кои не се политизирани кога нашиве кои се освестуваат КОГА ако не СЕГА
:pos2:
Понатаму Имаат саглам синдикат,Грчката интелегенција го разбра бекграундот на "проблемот" со името како и со Турција,а кај нас и студенти се партски определени,а синдикатот поткупен од владата.
Анархисти немаме доволно за жал кои барем ќе зовријат ако не друго па може ќе иницираат генерална заштита на правата ба работниците.
Капитализмот е суров троа,порано имаше ЦК на работници,работнички совет,и синдикат...имаше барем каде да се обратите за помош...денес бркаат од работа наставници,вработени во јавни претпријатија БЕЗ ОБРАЗЛОЖУВАЊЕ,и што е најлошо никој не се грижи за нив..
Грците имаат специфични набилдани цени оти зависат воглавно од туризам,па неќат атињаните да плаќаат 3 пати поскапи производи кои на пример во лариса се поевтини(слично како Охрид кај нас) понатаму нивната трка со вооружување со турција едноставно грција нема капацитет да ја издржи,ниту финансиски ниту пак технолошки...а храна знаеме дека од наша територија се хранат...солунското поле..многу плодно..без нашиот дел грција ќе колабира и ќе се врати назад 2000 години па ќе имаат градови држави,оти нивната нација е заснована на....илузија,наместо на реална основа. Сега сакаат од грбот на работниците да исперат троа пари,а и дел за каматата....затоа откажаа набавки на германска подморница која беше веќе во завршна фаза,многу претераа со погрешна алокација на ресурси...до сега ЕУУУУ ги држеше ама веќе и нив им се скурчи...посебно на германците кои всушност ја одржаваат ЕУ и конечно сватија дека со давање помош се создаваат ПАРАЗИТИ.
Сега грците си го бараат и ќе си го добијат,едноставно ситуацијата е катастрофална во цела Грција на рајата им е скурчено од политики и спитико...сакаат работа и достојна плата т.е економската слобода е сепак човеково право...ама знаеме грција колку почитува...правила и конвенции....дури и веќе станаа Нападни т.е досадни како мува во меѓународната заедница а и во ЕУ-нема повеќе толеранција.
И не верувам да се одрази негативно врз македонија,бидејќи тезата дека грција е најголем инвеститор е всушност реално нереална,имено постоечките нкапацитети за текстилна индустрија и сл..ги купија па тоа било СДИ...ма ајде..исто и љубчо продаде фирма од стратешка важност...Сувенир Самоков,која сега е демонтирана а е во сопственост на грк.
И имаме ли ние некаков бенефит поради состојбата на Грчиштана? Не сум многу упатен само чисто информативно сакам да си знам...
Можно ли е некакво смрзнување со ЕУ?
Можно е некои грчки компании да инвестираат во македонија,посебно за енергетскиот сектор и мини хидро централи,или пак се разбира здружени корпорации да ќарат од нашата ефтина работна сила,но имајќи ја предвид зависноста на грција од енергија...(па дури ние и ТЕЦ неготино ја рестартиравме за они да шират пропаганда...),плус можно е да се заинтересираат за средни претпријатија кои ќе произведуваат полупроизводи,а остатокот во грција т.е финалниот производ(ова е можно за металската индустрија,профили,цефки,итн...а и троа со градежништвото може.
Сепак можат да ги пуштат парите за помош на македонија(околу 150 милиони евра беа мислам),па да одберат грчка фирма да ги извршува работите.