Студирам психологија

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
И друго, начув некои податоци дека потребно е да се оди на 2 годишен курс за психотерапија зависи од колата која ќе ја одбереш (психоанализа, бихевиоризам ...) ... Дали некој има некаква информација, дали ако веќе се мора, може да одам пред да дипломирам? Односно додека сум студент?

Фала ви дечки однапред... и да, бидејќи јас сум во вечна потрага по литература (моите колеги учат 100 а јас 150 страни, на пример :) :) :) ) веројатно ќе ве искористам, па ако има некој нешто од следново, ве молам да ме контактира!!

Историја на психологија
Теории на личноста (1 и 2, кај мене, не знам како е на УКИМ)
Психологија на колективното однесување
Психологија на односите меѓу половите -- или јас како што си викам Сексологија :)
Немате статистика? Психометрија? Методологија?
Кај нас не имаш иборни од области социологија и педагошка (баш тоа, да бидеш професор) а ти наметнуваат истражувачка... шо е многу нервозно зашо поише од сигурна сум дека никој нема да биде истражувач, али ај...
-.-

Клиничка психологија има постдипломски кај нас, ама не знам колку ти е призната дипломата, тоа ќе мора да си се распрашаш на уким. За форензичарска не сум чула...

Историја на психологија имавме у прва, скрипта е, не знам шо ви бараат точно....
За теории на личност, учиме и ние али една скрипта има шо е као превод на светска скрипта, а друга е напишана од професорот наш... не знам шо ви треба кај вас, распрашај се....
За колективно... не знам, кај нас има социјална психологија, може е исто... распрашај се и за ова...
А за последното, ние имаме психологија на род, т.е. сме последна генерација шо го учиме тој предмет...али и тоа е напишано од нашата професорка, така да види од кој ви бараат..

Патем, личност од шо скрипта учите?
Друго, ај пиши ми шо предмети имате... :)

Инаку одам јас на терапија, трансакциона анализа, кај нас не е задолжително, ако сакаш одиш...
Размисли која ја сакаш па ако знам некои информации, ќе ти пишам...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ах еве ти комплетна листа на сите 8 семестри :)

1 семестар
Вовед во психологија 1
Физиологија 1
Техники на комуникација
Англиски јазик 1
Албански јазик
Логика
Спорт

2 семестар
Вовед во психологија 2
Физиологија 2
Историја на психологијата
Англиски јазик 2
Македонски јазик
Социологија на образованието
Филозофска антропологија

3 семестар
Детска и младинска психологија
Теории на личноста 1
Педагошка психологија 1
Дескриптивна и експлоративна статистика
Англиски јазик 3
Психологија на лицата со посебни потреби
Психологија на спортот

4 Семестар
Психологија на зрелоста и староста
Теории на личноста 2
Педагошка психологија 2
АНОВА - МАНОВА
Англиски јазик 4
Психологија на односите меѓу половите т.е. Сексологија :)
Психологија на колективното однесување

5 семестар
Психометрија 1
Општа психопатологија
Социјална психологија 1
Методологија на неексперименталната психологија
Хумана генетика со советување

(нешто од ова ќе ни бидат изборни, не бираме сами, туку ни ги бираат - Истражувачка етика во професионалната работа на психологот, Менаџирање со стресот, Психологија на моралот, Психологија на виртуелните системи - Cyberpsychology, Применети и идејни скици)

6 Семестар
Психометрија 2
Клиничка психологија 1
Социјална психологија 2
Методологија на експерименталната психологија
Психологија на трудот 1
(изборни: Псих. на менаџирањето со човечки ресурси, Псих. на религијата, Псих. на колективизмот - Европски, Медицинска псих., Когнитивна и емоционална псих., Псих. на персуазијата и пропагандата, Псих. на творештовото и талентот)

7 семестар - професионална насока (мојот)
Детска и младинска психопатологија
Ментално здравје и психолошки советувања 1
Психологија на трудот 2
Информатика за психолозите
Етика
(изборни: Психодијагностика, Заштита на менталното здравје, Воена психологија, Политичка психологија, Псих. на емоционалната интелигенција)

Наставна насока:
Теорија на воспитувањето 1
Образовни системи
Педагошка етика
Општа дидактика
Методика на наставата по психологија - теоретски дел
(изборни: Псих. на решавањето проблеми, Психодијагностика, Заштита и ментално здравје, Политичка псих., Психологија на емоционалната интелигенција)

8 семестар - професионална насока
Детска клиничка психологија
Ментално здравје и психолошки советувања 2
Псих. на маркетингот
Псих. на решавањето проблеми
Дипломска

Наставна насока:
Теорија на воспитанието 2
Докимологија
Водството во класот
Методика на наставата по псих. - практичен дел
Дипломска

Што се однесува до литература, за Теории на личноста ми треба Џорџ Боер, знам што ми треба, за кај вас знам дека е од вашиот професор Благоја... како и да се презива..

Јас пошто сум единствена македонка во генерација не се ни трудат да ми дадат книга/скрипта па сама се снаоѓам вака така, ако не успеам преведувам се што учат они и така :)

За клиничка знам дека имаме на медицински (единствени предмети што ги слушам на мак се баш тие - психопатолошките, и си имам таму 10ка:) :) :) ) ама јас сепак сакам да работам со малце посложени умови.. Немам како да дојдам до информација дали постои кај нас, ако постои што се учи... Имаме криминалистичка псих.. Ама тоа е нешто однос право-психологија и тоа деф. не сакам да го учам. Не сум јас од теоретичарите повеќе сум кон практичната работа (затоа и не сум му омилена на проф. по развојна псих. не ме интересира мн мн размислувањето за проблемот, туку неговото решавање).

Инаку што се однесува за терапиите, сега за сега - најмногу ми се допадна Фројд и уживам читајќи го, посебно што многу лесно сфаќам што сака да каже и верувам дека ќе бидам во некоја психоаналитичка школа, само што како што кажав дури ни изборот не го знам.

Најголем проблем во Тетово е недостапноста на информации, во огомна мерка, а и тоа што имам професори кои едвај чекаат да им однесеш индекс да ти пишат оценка (па знаел не знаел, што е битно), а имам и такви кои ми кажуваат дека место разрез 1.5 во семинарската, сум имала 1.2 и плус кај користена литература не сум напишала од која година и која издавачка куќа е книгата (ват д фак???)...

Џабе ќе прашувам за литература плус, веќе си имам прашано, не кажуваат нешто конкретно (зошто не знаат, конкретно само на српскохрватски знаат) така да на мене останува од каде ќе учам. Историја ми одговара и скрипта, само кажи ми дали ја има кај Зоки овој во Мавровка?? Јас чекам да ми го вратат индексот од студентски (уште не ни завериле семестар), па да можам да одам во Универзитетска да се зачленам :)
 
Вовед во психологија 2?
:pos: првиот пат не ве вовеле убаво, па пак уше еднаш демек? :)

Овие предмети ми делуваат интересно:
Техники на комуникација
Психологија на колективното однесување
Менаџирање со стресот, Психологија на моралот, Психологија на виртуелните системи - Cyberpsychology, Применети и идејни скици п.с. они ви ги бираат?!!?!? њтф
Псих. на религијата, Псих. на колективизмот - Европски,
Психодијагностика

Ова се прилично забавни предмети, ако случајно имаш нешо матерјал, и малце да е на македонски или англиски, би сакала некако да го имам :) другите се слични, а некои се истите, само со друго име.

Ние имаме 2 скрипти по теории, едната е од Хол и Линдзи, другата од професорот. Види што учите, па ако има некои од теориите (а би требало да има зашо тоа се теориите главни), ќе ти дадам да копираш, иако мојата е целата со шкртаници и забелешки :) али ќе видам, може ќе најдам нешо нова...
Историја не знам каде ја има, ние си ја земавме од скриптарата на факултетот шо е, и пошо сме последна генерација со таков предмет, не знам дали ја имаат..

Инаку терапијава е таква, следбеничка на Фројд, разгледај низ нетов.. Има група шо почнува сега, месецов, јез да мислам дека ти е рано...
Чиста фројдовска, мислам дека не ни постои веќе, сите се некоја надградба или преработка. Многу маани имал Фројд.
А за неговиве книги, тие шо се преведени, многу малце се асални, катастрофални се преводите, врска немаат. Само толкување на соништа е добар преводот, глеај да читаш англиска литература ако веќе е од него.
Јунгијанската е ептен убава, ама за да бидеш јунгијанец треба светов да го превртиш, ептен се такви тие, тешко примаат нови членови :) Башка 10 години е минимум кај нив :/

Инаку да, најубави се клиничките и психопатолошките предмети, сеа не носеа нас у Бардовци и ептен е... вау...

Патем, кој е фекултетов? Има страна нешо? линк?

ако ти треба некоја информација или помош, пиши ми пп.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Види Вовед во психологија 2 соодветствува на Сознајни процеси на УКИМ... и се влече односно ако немаш положено 1, не можеш 2... што е особено тешко кај нас, посебно за предмети како физиологија, јас сеуште немам тоа положено, настрана што со асистентката си имам проблеми...

Техники на комуникација верувам дека веќе ти се познати поголемиот дел, не знам што средно имаш учено, јас во Борис ги имав во повеќе предмети, најчесто во маркетинг... Односно, учиш, што е информација, како се пренесува, начини на пренесување, дијалог.... итн итн.. Јас тоа не го ни учев, ама положив со 8 хахах :)
Псих. на колективни односи не можам да најдам книга, а немаат ни моиве албански колеги, професорот ни даде наслови сами да си бараме материјал според нив (втф??) така да не знам ниту како ќе не оценува... А инаку е интересен предмет, повеќе филозофски, односно кој што како мислел, пред се бихевиористите... Другите што ги имаш набројано уште не знам ни јас што се, 4 семестар сум.. Инаку да, они ни ги бираат што е трагично зошто сме повеќе студенти од УКИМ па може да се организираат групи (во 1ва бевме 180 студенти, сега сме околу 100).
За историја знам дека немаат мојава генерација, најмногу и тоа ми е проблем, и мислам дека е глуп предмет историја кога секако тоа го учиш по барем 60 посто од предметите - кој што кажал. Фројд најмногу го засакав кога учевме за фазите на развој, тогаш ми стана интересен :) Сеуште не сум нашла време убаво да го проучувам, зошто, јас мн мн мн мн време трошам на преведување од англиски, српскохрватски, бугарски, словенечки, албански посебно..... Па не ми останува мн време ниту за учење на преведеното. Повеќе за Фројд читам по нетов, другиве не ми се толку забавни :) Мада Јунг е навистина добар, иако сеуште не сум седнала асално да го проучам - пак зошто повеќе ме интересира праксата него теоријата :) Тоа ми е голема маана и малце ми е тешко со неа, ама се справувам.

Јас ќе побарам кај Зоки историја, ако има некаква (зарем има разлика во историите??) а теории ќе барам во Универзитетска, ако таму го немаат Боер, никаде во Македонија го немаат :)
Секако дека ако ми треба хелп ќе те барам... Моментално тоа ми се маките, да најдам лит. за колективно однесување и сексологија... Иначе ќе се швркнам уште тоа да го преведувам.. до сега 2 пати филолошки ќе завршев :)

Инаку и јас се согласувам дека ми е раничко малце, за школиве, меѓутоа 90 посто сум сигурна во кој правец - отприлика - ќе се ориентирам, посебно зошто таква и ќе ми биде професијата, со штракнати, а не здрави луѓе (иако според нашиот сакан сите сме на некој начин болни) :).

Еве ти линк од ДУТ мада кога ќе одбереш македонски ништо нема, не ја ажурираат македонциве странава... али на албански има се што те интересира :) па ако начекаш нешто интересно прашај, ќе ти преведам.

Инаку те молам остави ми линк од некои од можниве школи кај нас, ќе ти бидам мн мн благодарна...

П.С. Кои се твоите проф. амбиции?? :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Студираш психологија?
Ќе се усреќиш.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Студираш психологија?
Ќе се усреќиш.
Хм, зошто мислиш дека не?
Јас многу полесно комуницирам со моите колеги - во однос на животни филозофии и сфаќања - него со остатокот од светот. На иста бранова должина сме :)

--- надополнето ---

P

Peaceful Anger

Гостин
Ејј сакав да отварам ваква тема... Сакам да се пишам на психологија, ај некој шо студира или завршил скоро или знае некој шо е на психологија нека ми подобјасни како идат работите малце. Фала
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ејј сакав да отварам ваква тема... Сакам да се пишам на психологија, ај некој шо студира или завршил скоро или знае некој шо е на психологија нека ми подобјасни како идат работите малце. Фала
Низ цела тема, низ цели 9 страни ти пишува....
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Низ цела тема, низ цели 9 страни ти пишува....
јбг само 2 страни видов од 2009 г. Коа стиснав испрати видов 9 страни со одговори од 2011 и ми се разјаснија многу работи
 
Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Какви колоквиуми дава Никос ( семиотика)?
Бара конкретни дефиниции или може да се потпреш на некои свои размислувања за одредено нешто,импровизации и слично ? :)

И уште нешто..како е и на естетика кај Џепаровски околу оценувањето на есеите?
 
I

Intex

Гостин
Со колку поени беше примен последниот на државна квота; дека сигурно ќе го поебам македонскиот на матурата?
Мх, мх, математика имам во екстерни, електро стручен и англиски во интерни, ќе праат проблем?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Последниот примен во државна квота од оваа година имаше 93.040 поени. Па сеа ти рачунај си шо како ќе ти испадне... Шо се однесува до изборот на предмети мислам дека нема да имаш проблем, од општо образовните како адекватни ги сметаат биологија, математика, англиски, историја, информатика... Толку ми текнува. Значи твоите влегуваат во тие што се адекватни, па мислам дека ќе биде во ред.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Какви колоквиуми дава Никос ( семиотика)?
Бара конкретни дефиниции или може да се потпреш на некои свои размислувања за одредено нешто,импровизации и слично ? :)

И уште нешто..како е и на естетика кај Џепаровски околу оценувањето на есеите?
Никос дава обемни колоквиуми, многу прашања, многу слики да знаеш што значат, да објасниш, есејски се повеќе прашањата, али ако го имаш исчитано материјалот, ако си била на предавања редовно ќе немаш проблем. Немораш да се држиш стрикно така се од збор до збор како во скриптите, но пак треба да го знаеш материјалот, може и со свои зборови, ама да има смисла. Имаше нешто и со цртање ама ќе ви каже и тој, не бара да црташ којзнае како и да се фокусираш на тоа, гледај суштината да ја претставиш. А на естетика, треба да ти е читан материјалот секако и филозофирај :) Незнам дали ги чита есеите ние речиси сите имавме доста добри поени, а кој што пишувал . . . :)

П.С. Може каснам со информацијава, али сеа видов дека прашал некој, нешто ... :)
 
Веќе видов што како е ама фала во секој случај. :smir:

Само плус би допрашала врз која основа Никос дава поени, знам дека според тоа што е напишано,треба да е скоцкано се‘,да не се даваат кратки одговори туку толку колку што е предвидено ама прашав тие што имаат по 32+ и демек као глупости пишувале што некако не ми штима :) па некој совет? :pipi: :)
 
Не држи тоа за глупости пишување :) Ги чита секако, мислам дека кај нас рече тогаш дека не треба многу филозофирање, јасно напишано да биде, а не да неможе да разбере, не по секоја цена да е долго, може и да е кратко али јасно и прецизно, мислам дека на тоа дава најмногу поени :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom