Здраво дечки
Јас сум 4 семестар психологија во Тетово и имам прилично застрашувачко тажно смешно и забавно патешествие со моево студирање
Гледам овде сте се студенти од УКИМ ... Веројатно затоа што вкупно 6-7 македонци има на ДУТ во сите 4 години.
Се запишав таму во прв уписен рок зошто мислев дека во Скопје нема да ме примат (бев одлична од 1-3 година, во 4 не, плус завршив во Борис, па на матура полагав Мак, Анг, бизнис, економија и социологија проектна). Меѓутоа, од мојот клас една година подоцна примија моја соученичка со далеку послаб просек од мене (јас на матура имав само 1 4-ка). Како и да е, во моја генерација секако ќе ме примеа, затоа што многу малку имаа повеќе поени од мене, веројатно ќе бев некаде помеѓу државна и приватна квота
И така почнав да патувам секој ден Скопје-Тетово-Скопје... Почнав да слушам предавања на албански јазик, што од една страна ме одмараше на почетокот зошто не морав јас да се замарам премногу, а од друга ме нервираше страшно зошто не знаев албански па имав проблем со разбирање и доразбирање на предавањата, а да не зборувам колку ми беше досадно и колку се ми се одмили. Плус, имав ептен шкарт предмети, врска со ништо немаа - ние имаме 14 предмети годишно, 4 повеќе од УКИМ. Ама затоа имаме чудесии, како што учиме Англиски 4 семестри, по 1 семестар Албански и Македонски, па психологија на спорт, итн итн итн... Ама приметив и дека многу предмети се измешани - Ние учиме 2 пати повеќе физиологија (нема нешто што не учиме), после во прв семестар логика, антропологија.... Нешто што е изборен предмет мислам во 3 година на УКИМ.. После, ние во 2ра учиме Теории на личноста - а во трета Личност (во Скопје е обратно)... Психологија на педагогија (поточно ученици - професори психологија)..
Во Тетово сме поделени на професори и психолози (односно после дипломирање едните ќе бидат професори по психологија а другиве психолози) а до 3 година исто учиме. Јас сум професионална насока, ама џабе, пак си учам и како професор да бидам и ме отруа со децава и нивното воспитување!!!!!!
Мене ми е целта да работам во болница (клиничка) или во форензичка психологија. Дали некој од вас има некаква информација ----- каде има постдипломски за двете насоки. Друго, дали кај нас воопшто барем малце е развиена форензичката психологија? Бидејќи не успеав да најдам податок дека воопшто постои како постдипломски студии, туку психолозиве од затвориве ги однесоа на 3 дена семинар некој па ги специјализираа туку така за форензички психолози. Бидејќи мојата работа деф нема да биде во никаква образовна или академска установа, морам да одберам нешто од ова, мада имам време...
И друго, начув некои податоци дека потребно е да се оди на 2 годишен курс за психотерапија зависи од школата која ќе ја одбереш (психоанализа, бихевиоризам ...) ... Дали некој има некаква информација, дали ако веќе се мора, може да одам пред да дипломирам? Односно додека сум студент?
Фала ви дечки однапред... и да, бидејќи јас сум во вечна потрага по литература (моите колеги учат 100 а јас 150 страни, на пример
) веројатно ќе ве искористам, па ако има некој нешто од следново, ве молам да ме контактира!!
Историја на психологија
Теории на личноста (1 и 2, кај мене, не знам како е на УКИМ)
Психологија на колективното однесување
Психологија на односите меѓу половите -- или јас како што си викам Сексологија