Студирам психологија

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Само 40 матуранти запишуваат на психологија. Сакав и јас да се запишам но се премислив, 5-6 мои школски другари ке одат на психологија. Доколку би завршиле тешко да си најдеме сите работа, а и врие од психолози во Куманово. А дали може на пример да студирам филозофија, па кога би го завршил да запишам постдипломски психологија? Мислам дека ја има психологија како предмет на студиите по филозофија.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Само 40 матуранти запишуваат на психологија. Сакав и јас да се запишам но се премислив, 5-6 мои школски другари ке одат на психологија. Доколку би завршиле тешко да си најдеме сите работа, а и врие од психолози во Куманово. А дали може на пример да студирам филозофија, па кога би го завршил да запишам постдипломски психологија? Мислам дека ја има психологија како предмет на студиите по филозофија.
A како филозоф што би можел да работиш освен како професор по филозофија?
А постдипломските не знам, ама мислам дека не можеш ради големата разлика во предмети, а кај нас има само клиничка психологија.
Инаку, 40 пишува во конкурсот а секоја година примаат по 80-90 студенти, секако тие се со кофинансирање.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
A како филозоф што би можел да работиш освен како професор по филозофија?
Работеше човекот градежништво џабе му диплома по филозофија. Добро е што се ожени со пријателката која што имаше студирано микробиологија на прехрана и која што работи во мултинационална компанија за прехрана. И си го зема со нејзе таму да и чисти по дома, затоа што овде не му вредеше многу многу дипломата, а па таму ич.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Глеам дека нема многу кајганџии што аплицираа на психологија оваа година, ама на оние малку-им посакувам среќа :)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Луѓе јас запишав психологија на Тетовскиот Универзитет.Се надевам дека ќе има соработка со колегите од Скопје бидејќи ваму материјалите се на албански претежно. :)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Иии официјално примена, во државна квота и тоа, радости радости :)
Јас ќе си бидам редовна на темава со секакви прашања за се и сешто што ќе следи, се надевам нема да бидам игнорирана :icon_lol:
И то, 30ти и 31ви денови за запишување и после ќе си чекаме почеток. Со среќа и на другите кајганџии психолози, ако има такви :smir:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Па се трудам да ви вратам на сите постови во најбрз можен рок :)
Инаку честитки, те видов на список, со лесно нека ти тргне...
Да не се повторувам - моеш да ми се обратиш ако ти треба нешто :)

А за колегата што е на Тетовскиот универзитет - прв пат слушнав за тоа, ама ако ти требаат нешто матерјали, кај нас на факс има скрипти да си копираш - можам да ти посочувам коа ќе ти требаат некои..и така...
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Некој да не бил случајно деновиве на факултет и да видел некое соопштение, чул некоја гласина за можно проширување на квота и слично? :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Колку што видов, сите до број 101 се примени, е сеа дали 101 на список или 101 на бројчињата шо ви ги даваа..не знам..
Има соопштение инаку, да.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Колку што видов, сите до број 101 се примени, е сеа дали 101 на список или 101 на бројчињата шо ви ги даваа..не знам..
Има соопштение инаку, да.
Кога го виде тој список :)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Едно прашање до постарите студенти, каков професор е Ицко, по физиологија? Денес ни дадоа да бираме меѓу него и Владимир Трајковски за физиологија, ко што видов повеќето кај Ицко избравме, се чинеше доста асален, ама да си прашам сепак :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Едно прашање до постарите студенти, каков професор е Ицко, по физиологија? Денес ни дадоа да бираме меѓу него и Владимир Трајковски за физиологија, ко што видов повеќето кај Ицко избравме, се чинеше доста асален, ама да си прашам сепак :)
Супер е Ицко, ептен е фер кон сите, може да полагаш кај него кога сакаш, ја денес му полагав и ептен онака ни попушта зашо знае дека не ни треба нас тоа многу, за разлика од генетика шо ни бараше цел матерјал да го знаеме -.-
Јез да колоквиумите му се малце зезнати, ама океј е. Другиов не го знам, мислам дека оваа година прв пат ќе ви предава он.

Што друго треба да бираш?
Не избрзувај пред да видиш на темава, или слободно прашувај ме по пп или на профил, зашо има зезнати професори кај кои ќе си го искомплицираш животот ако одбереш :)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Абе ја имам прелистано темава не знам колку пати и врз основа на твоите коментари и одлучив да земам физиологија, педагогија и филозофија(би земала социологија зошто тоа колку-толку знам, ама зошто имаш пишано дека не е баш најарен професорот баталив тоа, веќе имав двајца такви :)) Ама денес не знаевме дека покрај тоа што ќе бираме меѓу предмети ќе бираме и меѓу професори, тоа да знаев ќе се распрашав, ама еве ти викаш дека е океј професоров, не сме се заебале значи :D А педагогија и филозофија какви се?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Педагогија професорката (Марија Тофовиќ) не ни се појавуваше многу, кај асистентката имавме повеќе вежби, ама таа тивка е, се сомневам дека сама се слуша шо си кажуа. Лесно е како и да е, ќе ви даде есејски прашања и може да си лупате шо сакате, пошо не ги прегледува баш.
А филозофија Олга - биди и редовна на предавања и коа ќе ви дава домашни пишувај си ги редовно па ќе поминеш лесно. Прашањата шо ги дава за домашна се паѓаат на колоквиуми така да нема да имаш ни многу за учење.

Ова ни се дешаваше нас, ако имаат нешо сменето - нека кажат помладиве колешки :)
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Ајдееее, каков е тој по социологија?
Изгледа се заебав јас.:tapp:

--- надополнето ---

Ајдееее, каков е тој по социологија?
Изгледа се заебав јас.:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom