Струјомерите - како функционираат?

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не поврзувајте се со „чесност на државата“
Овде се работи за чисто технички прашања.
Погледнете ги првите три страни од овој прилог. Објаснето што е Активна моќност, Реактивна моќност и Привидна моќност:
Активна моќност - P = U ⋅ I ⋅ cosϕ
Реактивна моќност - Q =U ⋅ I ⋅ sinϕ
Привидна моќност - S = U ⋅ I
Прашањето е што мери ЕВН со новите дигитални струјомери?
 

Attachments

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Едно време од метрологија ја стопираа монтажата на новите броила токму поради овие причини.
Ова ми значи конкретно - значи можеме да прашаме во Бирото за метрологија што мерат
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ова ми значи конкретно - значи можеме да прашаме во Бирото за метрологија што мерат
Дојдоа кај мене да местат струјомери,ама им побарав комплетна документација и сретификати за струјометрите,немаа комплетна документација и не им дадов да монтираат.
Кај многу граѓани струјомерите се монтирани на диво односно кога биле на работа,викенд,одмор или од некоја друга причина не биле во своите домови па сега се јавува овој проблем.
--- надополнето: 29 септември 2013 во 22:13 ---
Малце ќе забегам од темата,поодамна поднесов барање за нови струјомери,а замената уште трае.
Во меѓувреме владата почна да субвенционира соларна енергија,па се спремам и јас да монтирам,а кога ќе дојде ако дојде ЕВН ако имам монтирано соларни панели ќе им речам дека можат слободно да го пресечат кабелот.
Ќе ставам повеќе соларни плочи од што ми се потребни па ќе им продавам струја на комшиите без 33,3%;18% и улично осветлување по цена од само 3 денари за kw/h
 

DarthKaran

Gray Jedi
Член од
4 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
123
Чекај чекај...на страна ДДВ и "дополнителни трошоци". Збориме за киловати :)
--- надополнето: 29 септември 2013 во 17:34 ---


Донекаде да,ама и не е баш така... Прво што е киловат/час, па после се друго. Било каде во МК ќе мериме рандом и ќе видиш дека нема баш 220-230в напон. Од тука, сите потрошувачи, па и сијалица (крушка) не трошат баш како што пишува на нив нели? Или ајде практично и јасно за сите:
Имаш сијалица од 100W, така?
Е сега, ако имаш едносмерно броило математиката е: P(W)= U(напон во волти) * I (струја во ампер)
Или 100W=220*I ....... I=100/220.....или цело ова е 0,4545А така?
А при напон од пример 180V?
100W=180*I.......=0.55A
Отпор на една сијалица е 529Оma или математиката вика вака
P=U*I ....(220*220)/529 = 91.49W
P=U*I.....(180*180)/529 = 61.24W
Преведено на крај - Ако имам помал напон (волтажа) автоматски мојата сијалица троши ПОМАЛКУ, а ЕВН ми наплатува како да троши на посилен напон!!! Ова не е крадење?
не е точно - и самиот пресмета дека ако имаш помал напон ќе тече поголема струја, а струјата е таа која ствара индукција, што значи ако мрежата кај тебе е лоша ти ќе плаќаш повеќе затоа што трошиш повеќе. тоа е така затоа што моќноста ти е фиксна величина во равенката. имаш една сијалица од 100W и таа не ја менува својата моќност. како сакаш врти ја, производот U*I мора да ти биде 100W. што значи ако падне напонот, мора да потече поголема струја и обратно - поголем напон, помала струја.
и имајте предвид дека не постои разлика меѓу „поминало“ и „се потрошило“. ако поминало, значи дека негде се троши

инаку броилата бројат само активна. реактивната моќност што сите ја плаќаме е фиксно определена да биде 33% од она што си го потрошил како активна. без разлика што нас како мали потрошувачи/домаќинства не ни треба реактивна, ама оваа бројка си е останата уште од комунизмот и ниедна влада не сака да си се откаже од милионите
реактивната компензација е неопходна во системот (еве линк со убаво објаснување зошто) и се плаќа во секоја држава. проблемот е што кај нас многу скапо ја плаќаме
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Едноставно не крадат, што има чудно :confused:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Како бе не крадат, или само тебе не те крадат?
Прочитај ја убаво реченицата и ќе сфатиш што сум рекол...... некоја попроста верзија од реченицата.....

Едноставно крадат пари од нас, што има чудно :D
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
DarthKaran моја грешка погрешно сум се изразил. Мислев ми наплаќа поголема моќност, не посилен напон. А дури и да е вака...сијалица од 100W со работна искористеност од 100W е едно, а сијалица од 100W со реална искористеност од, ајде да не претерам 80W е сосема друго.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Точно...од кога го ставија новото броило, секој месец имам скоро пола плус (некогаш и 70%) (n)
А посебна приказна се тие 33,33%. Тоа му доаѓа како таксист да те вози некаде за 100 денари и да ти побара +33,33% амортизација на колата :mad:
Процентот од 33% за т.н. „ангажирана моќност„ (не знам како е сега преименуван..) е рецидив од претходниот опшетствен систем, каде со наплаќањето на тие 33% плус на сметката, ЕСМ ги покриваше сите можни загуби на електро-системот, вклучувајќи ја и крадената струја и одржувањето на системот.

Денес, кога е-струја е третирана како пазарен производ а не како социјална категорија и каде како потрошувачи го плаќаме она кое сме го добиле и искористиле, може да не‘ боли „таквото„ за загубите и трошоците од производителот или диструбитерот на е-енергија па оние 33% вишок наплата стануваат непазарна категорија, но се‘уште се наплаќаат и служат за она за кое служеле и претходно...
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Не поврзувајте се со „чесност на државата“
Овде се работи за чисто технички прашања.
Погледнете ги првите три страни од овој прилог. Објаснето што е Активна моќност, Реактивна моќност и Привидна моќност:
Активна моќност - P = U ⋅ I ⋅ cosϕ
Реактивна моќност - Q =U ⋅ I ⋅ sinϕ
Привидна моќност - S = U ⋅ I
Прашањето е што мери ЕВН со новите дигитални струјомери?
Сите 3 ги мери вкупно + 33,33% + 18% ДДВ и можеш да се сликаш...
--- надополнето: 29 септември 2013 во 23:43 ---
Процентот од 33% за т.н. „ангажирана моќност„ (не знам како е сега преименуван..) е рецидив од претходниот опшетствен систем, каде со наплаќањето на тие 33% плус на сметката, ЕСМ ги покриваше сите можни загуби на електро-системот, вклучувајќи ја и крадената струја и одржувањето на системот.

Денес, кога е-струја е третирана како пазарен производ а не како социјална категорија и каде како потрошувачи го плаќаме она кое сме го добиле и искористиле, може да не‘ боли „таквото„ за загубите и трошоците од производителот или диструбитерот на е-енергија па оние 33% вишок наплата стануваат непазарна категорија, но се‘уште се наплаќаат и служат за она за кое служеле и претходно...
Крадена струја и одржување на систем не е наша обврска да плаќаме нели? Инаку ист е називот и баш тоа нервира. Која моќност...еве пак моето горе...ако е послаб напонот мојата сијалица НЕ работи со полн капацитет, туку со пола. А пак ми е наплатено како да е целосно искористена. Тоа ми беше поентата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Секако дека нечии загуби не се Твоја обрска, туку плаќаш краен/купен/потрошен производ или услуга, без да е замараш кои се загубите од производителот или сервисерот. Но, не заборавај каде живееш, нели...Истерувањето правдини во жалосна Македонија е утописки зафат.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не поврзувајте се со „чесност на државата“
Овде се работи за чисто технички прашања.
Погледнете ги првите три страни од овој прилог. Објаснето што е Активна моќност, Реактивна моќност и Привидна моќност:
Активна моќност - P = U ⋅ I ⋅ cosϕ
Реактивна моќност - Q =U ⋅ I ⋅ sinϕ
Привидна моќност - S = U ⋅ I
Прашањето е што мери ЕВН со новите дигитални струјомери?
Абе не зезај....работава наша е село гори а баба се чешла.
http://24vesti.mk/cheku-zadovolen-od-sorabotkata-megju-makedonija-i-kosovo
Се е отидено у курац!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
...ах златен плин, сеуште не сме во можност да го користиме на големо. и бојлер, и шпорет, и греење, ...... само со готвење на плин сум заштеда 600+ ден месечно. а боцата од 20кг ми трае 5-6 месеци.
Се извинувам и јас за офтопик, ама прилично ме интересира ова.

Смртта за зони и пајаци, ги направи долу-цитираниве пресметки кои велат дека плинот не е поисплатлив од струјата, барем не во однос на евтината тарифа. Спрема тие пресметки, дури и на скапата тарифа разликата во цени е мала.


Ме интересира како ја пресмета заштедата, и јас сум со намера да користам плин за готвење... или бев, пред да ги направат пресметкиве.

Еве ги фактите:
Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Еве ја страницата на Макпетрол каде ја има оваа цена
http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp
Топлотната моќ на ТНГ е пониска од онаа на безинот и изнесува околу 26МЈ на литар или 7,2 KWh на литар
Еве податоци за ТНГ
https://en.wikipedia.org/wiki/Liquefied_petroleum_gas
Ако се подели се добива:
39,5 : 7,2 = 5,5 денари за еден KWh
Ако пресметаш дека ќе има загуби во согорувањето од барем 5%
цената ќе биде 5,8 денари за еден KWh

Цената на струјата во момонтов е 6,35 денари во висока тарифа 3,19 во ниска тарифа за еден KWh

Што значи употребата на ТНГ се исплатува само за дуќаните бидејќи за нив струјата е поскапа и изнесува околу 10 денари за KWh
 

Kajgana Shop

На врв Bottom