Хидрауличен деспотизам.....не е ништо ново за што Цацко би требало да измислува топла вода....постои ињадници години и секогаш успешно функционира.....успешно го користеле старите Египќани, а успешно функционира и денес....финтата е едноставна....ги правиш луѓето зависни од одреден ресурс, а потоа тој ресурс им го контролираш и им го ограничуваш пристапот...индиректно ги контролираш луѓето
во Египет функционирало на следниот начин....се градат канали за наводнување и на земјоделците им се овозможува полесно да дојдат до вода за наводнување на нивите...земјоделците ги запоставуваат бунарите бидејќи имааат лесен пристап до вода....кога ќе станат целосно зависни од каналите....власта ги користи каналите како средство за контрола....секоја непослушност се казнува со ускратување на водата....последиците се јасни...или ќе слушаш или ќе умреш од глад
кај нас се користи истиот принцип...со градење на водоводи луѓето ги запоставија бунарите....струјата се користи речиси за се....така да со вртење на еден вентил и стискање на едно копче нашиот живот се става во опасност....доволно е во Скопје 5 дена да се исклучи струјата и водата и да испоцркаме во сопственото ѓубре и фекалии
пораката е многу јасна...или ќе слушаш или .....контролата е во мои раце...а ти одбери.....
Русија многу добро го користи овој принцип...откако ја навлече Европа на евтиниот руски гас...сега ја уценува...ако Европа мрчи....веднаш избувнува несопоразум со Украина....вентилот се затвара и пола Европа се мрзне....
Германија и другите европски држави грчевито бараат алтернативи .....но веќе се фатени на јадицата...а од таму тешко се бега....
....затоа како што рекле старите...нов бунар копај но на стариот не мочај.....не станувајте целосно зависни од модерниот начин на живот....научете некоја стара вештина....ако нашите предци умееле да преживеат без водовод, струја и интернет...можеме и ние....не е поентата да се лишиме од овие задоволства ...туку да не бидеме зависни од нив....а на тој начин и уценувани....
ако имате оџак...без разлика дали го употребувате или не секогаш нека биде чист и спремен за употреба....ако имате бунар исчистете го и заштитете го....секогаш имајте резервен план и резервни ресурси.....така нема да можат да ве уценуваат
се додека има побарувачка....ќе можат да диктираат цена и да уценуваат....во развиените европски земји актуелна е изградбата на енергетски независни куќи и згради....на почеток се инвестираат пари во изолација и паметни решенија....а потоа зависноста од надворешни ресурси е многу мала
и кај нас доколку поголем број луѓе се освестат и се создаде критична маса....ПАРАЗИТИТЕ ЌЕ МОРА ДА ИГРААТ ФЕР ИЛИ ДА ПРОПАДНАТ
и за крај ...Мохандас Карамчанд многу едноставно го изнел овој принцип....ќе јадеме и ќе носиме само она што самите можеме да го произведеме....нема да зависиме од никого