Струјата поскапува за 10 отсто?

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Ама ти не читаш ко што треба очигледно?
Каде спомнав јас приватен монопол?
напротив, убаво напишав дека е добро да се ослободи овој сектор и да има конкуренција.
Но и во тој случај нема корисниците да се задоволни, тие сакаат да рокнат 3 печки по 4-6 киловати и да плаќаат 2000 денари во зима.
Бреј.
Форумџиите изгледа се брзи на прсти, а бавни во глава.
Се греам на парно, не на струја, ако на тоа целеше.

Како мислиш дека ќе го продаваат ЕЛЕМ? На 20 различни фирми па да има конкуренција? Немој да ме ј*беш.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас спаѓам во оние што сметаат дека продажбата на Електродистрибуција на ЕВН е голема катастрофа. Истото важи и за телефоните. посебно што се продава на фирма од странство
И тоа сето е направено демек „ државата не била добар домаќин “ а демек странциве биле... па затоа ни покачија цени до немај каде.
Меѓу редови се читаше дека овие речиси сите 10 % се за ЕВН
Има работи кој се за заедничко, општо добро и тие не се за продавање. Неможе да биде приватен водовод, гробишта, пат, црква и други работи кој се од заедничко значење за сите граѓани. Па затоа постои Државата, меѓу другото да ги задоволи заедничките потреби.
Најлошо е кога во јавни работи ќе се вплеткаат приватни интереси. тоа го знаеле уште Старите Римјани.
Ne publicis actibus privata servitia immiscerentur.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Поради тоа мешање на конгресот во економијата а подоцна и на императорот Римската економија пропаднала .Единствената работа која ја одржувало Римската империја толку долго е дисциплината и храброста на Римските војници и неединството на нивните непријатели.

Римските сенатори редовно си носеле проекти за јавно градење на патишта и водоводи кои си ги доделувале меѓу себе или на свои роднини и така станувале се побогати и побогати на крајот тоа довело до таква сиромаштија што дури и ја почнале познатата Римска пракса на "леб и и игри" кои за нив биле полесен начин да се држи масата под контрола отколку да се решат проблемите.Исто така и подоцнежната манипулација на валутите од која секако најголемата е од Diocletian само го забрзало целиот процес.

Источното Римско Царство преживеало уште 1000 години после Западното токму поради тоа што се отргнало од тој начин на владеење и се вратиле на неколку основни принципи како Валута комплетно подржано од злато и никакви манипулации,слободна трговија со сите и владеење на законот на правото.Дури при крајот кога огромната моќ која ја имала Византија почнала комплетно да го корумпира нивното општество морално и фактот дека исто како Рим целото јадро на империјата било во еден град и со тоа корумпираноста преку Константинопол ја зафатила целата империја они пропаднале.

Државата нема никаква работа да се меша во кој било дел од Економијата или продавањето на услуги освен за владеењето на законите,одбрната на државата и надворешните односи.

Еве ти линк прочитај подетално http://www.cato.org/pubs/journal/cjv14n2-7.html
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Сабајле коа слушна колку барале да биде поскапувањето , а колку одобриле , косата ( шо ја немам ) ми се дигна ..
И мене сабајлево исто ми се дигна али не косата...и незнам дали беше ради струјата :pipi:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..
Но и во тој случај нема корисниците да се задоволни, тие сакаат да рокнат 3 печки по 4-6 киловати и да плаќаат 2000 денари во зима.
Бреј.
кој тоа го побара? какви 3 печки, какви 2000 денари? јас еве користам една (1) печка во 35 квадрати дневна соба и за малку човечна, нормална температура плаќам 6000-7000 денари во зимските месеци?? и згора сеа ми фалеше поскапувањето:facepalm: и згора на сето ова, некој па уште и го правда тоа поскапување:facepalm: малку ли не ПЉАЧКААТ со тие 33%:facepalm:
Бреј..
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.152
I lol'ed at this
nuff said
Me too :facepalm: Само да се плукало а појма да се немало од областа за која се коментира.
.... Истовремено, „Чебрен“ и „Галиште“ ќе бидат централи со голема моќност, „Чебрен“ со 330 мегавати и „Галиште“ со 193 мегавати. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, нашиот најголем производител на струја, имаат вкупно 730 магавати инсталирана моќност. Засега најголемиот мавровски систем, во кој се хидроцентралите „Равен“ „Вруток“ и „Врбен“ и опфаќа 42 отсто од вкупните хидрокапацитети, има инсталирана моќност од вкупно 185 мегавати и годишно произведство на струја од 440 ггвч. Додека, годишното производство на струја од „Чебрен“ и „Галиште“ е проектирано на 1.100 гигават-часа. Толку, всушност, изнесува вкупното производство на струја од постојните домашни хидрокапацитети.

Enough said! :cuc:

Државите по светот чуда прават, срамнуваат планини, копаат тунели, скротуваат реки, прават огромни сончеви и ветерни паркови, а нашиве тука се караат, се саботираат едни со други кој колку да украде, да скрие, да пикне в џеб. Е затоа ќе си тапкаме во место за енергетиката и за се друго во државава, се додека луѓето кои донесуваат стратегии и одлуки не почнат да мислат за народот и неговата иднина, а не за тоа дали годинава ќе одат на одмор бо Дубаи, Бахами или Хаваи или да го шитнат 2 години стариот џип Туарег, за новиот Киа Спортејџ....:facepalm:

Нормално дека струјата ќе поскапува кога полека но сигурно станува ресурс кој се повеќе го увезуваме, наместо да го произведуваме. И домати и крастајци да не садат струмичани, увозните ќе бидат по 100 ден. кило

Ех бе колку ме фаќа нерва што живееме во една ваква скапана држава, која има неверојатни природни ресурси, ама за жал глуп народ и власт кои не знаат да го искористат тоа. Да беше Македонија населена со Израелци, Јапонци, Германци, Македонија ќе беше Швајцарија на балканот!
--- надополнето: 26 јули 2012 во 17:18 ---
Македонија нема поволен хидропотенцијал, а хидроцентралите не се некои значајни производители.
Струјата не е ефтина, ни за производство ни за конзумација.
А најскапа е кога се купува :eek:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Значи, ако те разбрав, ти си за национализација на ЕВН и ставањето на истата под капа на државата?
Тоа може да им пројде со голема политичка цена во Аргентина и Венецуела, но не и во Македонија.
Зошто воопшто трошиш време на размислувања кои немаат никаква можност за реализација?
Толку си информиран во Франција повторно го национализараа односно го вратија под владение водоводот на градот Париз. А во Британија железницата.

Само кај нас овде се продаваат мадиња за бубрези пазарно стопанство итн.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 17:30 ---
Да се вратат под државно владение ЕСМ Телеком Окта и Топлификација.
И од профитот за една година да се изградат браните на Чебрен и Галиште.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Толку си информиран во Франција повторно го национализараа односно го вратија под владение водоводот на градот Париз. А во Британија железницата.

Само кај нас овде се продаваат мадиња за бубрези пазарно стопанство итн.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 17:30 ---
Да се вратат под државно владение ЕСМ Телеком Окта и Топлификација.
И од профитот за една година да се изградат браните на Чебрен и Галиште.

xaxaxaxaxaxa
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Темава ме натера да прочешлам по домашните “архиви“ , и најдов сметки за струја од 99/00 година

Најчестите сметки беа под 1000 денари.

киловат час по тарифи било

скапа 2,29 денари
евтина 1,14

Денеска без овие 10%

скапа 3,8 денари
евтина 1,9

Со новото покачување

4,18 денари
2,09 денари

=

Тоа што пред 12 години , па и пред 7 години беше скапа струја , денеска викаат дека е евтина.
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
де бе за 10 % се циганчите, а биле, а не биле...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Поради тоа мешање на конгресот во економијата а подоцна и на императорот Римската економија пропаднала .Единствената работа која ја одржувало Римската империја толку долго е дисциплината и храброста на Римските војници и неединството на нивните непријатели.

Римските сенатори редовно си носеле проекти за јавно градење на патишта и водоводи кои си ги доделувале меѓу себе или на свои роднини и така станувале се побогати и побогати на крајот тоа довело до таква сиромаштија што дури и ја почнале познатата Римска пракса на "леб и и игри" кои за нив биле полесен начин да се држи масата под контрола отколку да се решат проблемите.Исто така и подоцнежната манипулација на валутите од која секако најголемата е од Diocletian само го забрзало целиот процес.

Источното Римско Царство преживеало уште 1000 години после Западното токму поради тоа што се отргнало од тој начин на владеење и се вратиле на неколку основни принципи како Валута комплетно подржано од злато и никакви манипулации,слободна трговија со сите и владеење на законот на правото.Дури при крајот кога огромната моќ која ја имала Византија почнала комплетно да го корумпира нивното општество морално и фактот дека исто како Рим целото јадро на империјата било во еден град и со тоа корумпираноста преку Константинопол ја зафатила целата империја они пропаднале.
Морам да признам, многу интересно, кратко и невообичаено толкување за пропаста на Римската и Византиската империја.
Само мислам дека е тоа за тема историја...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Морам да признам, многу интересно, кратко и невообичаено толкуање за пропаста на Римската и Византиската империја.
Само мислам дека е тоа за тема историја...
Заборавив да додадам извор http://www.cato.org/pubs/journal/cjv14n2-7.html земи прочитај си сам таму е малку поопширно.

Секој пат кога политиката ќе почне да се меша во економијата се добива истиот ефект а тоа е пропаст.Најсмешното е што скоро секогаш народот се вртел кон политичарите за решение.Како проблемите станувале поголеми така и повеќе моќ се давала на истите тие политичари да ги решат.И секогаш сето тоа завршува кога некоја надворешна сила ќе дојде конечно да им ги скрати маките на сите.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Темава ме натера да прочешлам по домашните “архиви“ , и најдов сметки за струја од 99/00 година

Најчестите сметки беа под 1000 денари.

киловат час по тарифи било

скапа 2,29 денари
евтина 1,14

Денеска без овие 10%

скапа 3,8 денари
евтина 1,9

Со новото покачување

4,18 денари
2,09 денари

=

Тоа што пред 12 години , па и пред 7 години беше скапа струја , денеска викаат дека е евтина.
Не можеш така да рачунаш.
Тогаш беше плата 200 евра сега е 400 евра.
Мој братучед работи како касиер во КАМ маркет зема 500 евра плата.
Часна реч.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
Не можеш така да рачунаш.
Тогаш беше плата 200 евра сега е 400 евра.
Мој братучед работи како касиер во КАМ маркет зема 500 евра плата.
Часна реч.
500 евра на каса ? Па и часна реч хах... браво браво
 
Kajgana Shop

На врв Bottom