Струјата поскапува за 10 отсто?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ма добро е, се додека не ни стават боци со кислород на грбот па да плаќаме колку што ќе издишиме ..... :tapp:
Тоа не можат али веќе спремаат данок за загадување или данок кој ќе го плаќаме што воопшто сме на планетава.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 13:14 ---
Евтини е уште е евтино, дури спонтано не се побуни народот има уште простор за поскапување.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 10:16 ---

Кој ти кажа телевизијата? Па не спремаат психолошки за поскапувањата кои што немаат врска со некој си пазарен систем. Туку е план кој што се спроведува, а пропагандата за некоја си оправданост е дел од тој план.
Ова воопшто не е пазараен систем исто како што не е ни со сите други енергенси имено горива и топла вода ( топлификација ) каде државата држи комплетен монопол со единствена цел да го пуни буџетот а народот е лажен дека ако пазарот се отворел и се воведе слободен пазар на енергенси цената ќе пораснела.За истото време топлификација дига цени и кога цената на мазутот и гасот расте и кога опаѓа.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Евтини е уште е евтино, дури спонтано не се побуни народот има уште простор за поскапување.
--- надополнето: 26 јули 2012 во 10:16 ---

Кој ти кажа телевизијата? Па не спремаат психолошки за поскапувањата кои што немаат врска со некој си пазарен систем. Туку е план кој што се спроведува, а пропагандата за некоја си оправданост е дел од тој план.
А кој да ни каже што ќе биде со струјата? Некој член од кајгана?
Ти можеш да си се тешиш дека постои глобална конспирација за зголемување на цената на струјата, но тоа нема да ја направи поефтина.
Во 2015 ќе има пазарна либерализација, па плаќај по пазарни цени.

Во Македонија, од 2008-та година, големите потрошувачи можат слободно, по договорени цени да купуваат струја, а од 2015-та тоа ќе важи и за домаќинствата. Со ова ќе се добијат реални цени за реални услуги, а не репресирани и регулирани цени – велат од МЕПСО.

Не може да плаќаш помалку за услуга од што треба да платиш, да не сакаш државата да ја субвенционира струјата за луѓето да продолжат да се греат со 6 киловатни термо печки, нефункционални домашни електрични парно системи, да греат вода со застарени бојлери и прават храна на електрични шпориња купени во Југославија или панели од 100 евра со коефициент на искористеност од кој било глава од неефикасност.
Струјата не е ефтина, ни за производство ни за конзумација.

Wow, ај просветли не' како да си ги зголемиме приходите.
Цената на струјата можеше да остане иста во овие 6 години ако се инвестираше во енергетика наместо во други работи.
Не може да се инвестира повеќе во енергетика од страна на државата, тоа се празни муабети, државата не е добар менаџер, да беше немаше да има потреба од продажба на ЕСМ.
Македонија нема поволен хидропотенцијал, а хидроцентралите не се некои значајни производители. Може да се направат нови централи на гас или лигнит, пак нема да е ефтина струјата од нив, особено што и тие капацитети ќе продаваат по цена која ќе им одговара со оглед на тоа дека ќе се приватни. Па ако Србија или Грција се спремни да платат повеќе нив ќе им испорачуваат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Гледам и не верувам човек да се крсти со лева :icon_lol:.

Во Париз 1985 година водоводот го имаат приватизирано и тоа на две компании лево и десно од Сена да не си конкурираат. И се тоа под изговор дека државата односно градот лошо стопанисувал, и со помош на доброто стопанисување до 2000 година на парижаните сметките им се покачени за едно 300 проценти. Се случува смена на градска власт и во 2000 година парискиот водовод се враќа под локална власт.

Колку пати до сега е покачена сметката на струјата од кога го продадоа ЕСМ на ЕВН? И зарем не е време ние да размислиме како парижаните, што сме ние мутави овде да веруваме на празна демагогија?
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Wow, ај просветли не' како да си ги зголемиме приходите.
Цената на струјата можеше да остане иста во овие 6 години ако се инвестираше во енергетика наместо во други работи.
А таман работа, па преку увоз на струја се остварува екстра профит, како би профитирале партиските фирми како ЕТФ Македонија ако не се увезува толку струја?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не може да плаќаш помалку за услуга од што треба да платиш, да не сакаш државата да ја субвенционира струјата за луѓето да продолжат да се греат со 6 киловатни термо печки, нефункционални домашни електрични парно системи, да греат вода со застарени бојлери и прават храна на електрични шпориња купени во Југославија или панели од 100 евра со коефициент на искористеност од кој било глава од неефикасност.
Дај му пари да си купат нови, како го пишуваш ова како да уживаат луѓето во користење на старите шпорети или бојлери, нејќат тие нови од инает да трошат многу струја.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
Џупциве и албанциве арно си знаат, не си плаќат сметки... и пак си имаат струја, вода итн.

... која глупа држава сме, се повеќе ја замразувам земјава. Повеќе од пола плата ти оди за сметки -_- Другово, за јадење... прашање и дали ќе ти стасаат. Е добро бре, нели треба да се облечиш, нели си и ти душичка да си купиш нешто...? ... страшно.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Гледам и не верувам човек да се крсти со лева :icon_lol:.

Во Париз 1985 година водоводот го имаат приватизирано и тоа на две компании лево и десно од Сена да не си конкурираат. И се тоа под изговор дека државата односно градот лошо стопанисувал, и со помош на доброто стопанисување до 2000 година на парижаните сметките им се покачени за едно 300 проценти. Се случува смена на градска власт и во 2000 година парискиот водовод се враќа под локална власт.

Колку пати до сега е покачена сметката на струјата од кога го продадоа ЕСМ на ЕВН? И зарем не е време ние да размислиме како парижаните, што сме ние мутави овде да веруваме на празна демагогија?

Ама финтата е што како што ти кажа градскиот водоводот бил поделен на два дела и тоа со цел да НЕ СИ КОНКУРИРААТ.Градот Париз НАМЕРНО создал монопол со најверојатно цел некој дебело да се збогати.Всушност самиот водовод е сопственост на граѓаните зошто они платиле за неговата изградба и они би требало сами да изберат која компанија сакаат да им стопанисува со истиот.Кога би имало десетици компании низ Париз кои меѓусебно константно би се натпреварувале за кој да стопанисува со водовите во некој регион цените не би пораснале 300% ( освен ако навистина не бил потребен толкав пораст за да се има каков таков профит )

Во истото време поради огромната конкуренција цената на флашираната вода како што можеме да видиме не само што не расте туку и на одредени периоди и опаѓа.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Не може да се инвестира повеќе во енергетика од страна на државата, тоа се празни муабети, државата не е добар менаџер, да беше немаше да има потреба од продажба на ЕСМ.
А зошто сеуште државата е газда на ЕЛЕМ и МЕПСО?
Наместо 200 милиони за кич барок можеше да се изгради гасна централа со моќност колку пола РЕК. Таа централа сега ја градат приватни конзорциуми и профитите ќе одат кај нив наместо кај народот.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Гледам и не верувам човек да се крсти со лева :icon_lol:.

Во Париз 1985 година водоводот го имаат приватизирано и тоа на две компании лево и десно од Сена да не си конкурираат. И се тоа под изговор дека државата односно градот лошо стопанисувал, и со помош на доброто стопанисување до 2000 година на парижаните сметките им се покачени за едно 300 проценти. Се случува смена на градска власт и во 2000 година парискиот водовод се враќа под локална власт.

Колку пати до сега е покачена сметката на струјата од кога го продадоа ЕСМ на ЕВН? И зарем не е време ние да размислиме како парижаните, што сме ние мутави овде да веруваме на празна демагогија?
Значи, ако те разбрав, ти си за национализација на ЕВН и ставањето на истата под капа на државата?
Тоа може да им пројде со голема политичка цена во Аргентина и Венецуела, но не и во Македонија.
Зошто воопшто трошиш време на размислувања кои немаат никаква можност за реализација?
Дај му пари да си купат нови, како го пишуваш ова како да уживаат луѓето во користење на старите шпорети или бојлери, нејќат тие нови од инает да трошат многу струја.
Тоа е ирелевантно на темава, финансиите се индивидуална работа.
Во секој случај, не треба да се троши ако се немаат пари да се плати.
А најлоша варијанта е државна електрокомпанија со милионски загуби субвенционирана од државата.
Потребна е дерегулација во оваа бранша, доаѓање на конкуренција, па исто ко со мобилните цени, можно е и оние на струјата да паѓаат.
Но за тоа не сум сигурен со оглед на тоа дека македонските граѓани ќе продолжат да трошат многу струја а платите ќе им бидат непроменети, па пак ќе има незадоволство.
Струјата на светско ниво ќе поскапува, особено со затварањето на нуклеарните централи и правење на некакви сомнителни обновнливи извори кои се дебело државно потпомогнати. Не гледам како би имало некое решение за граѓаните освен она кое го спомнав.
А зошто сеуште државата е газда на ЕЛЕМ и МЕПСО?
.
Не треба да биде. Улогата на државата во економијата треба константно да се намалува, не зголемува.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Не треба да биде. Улогата на државата во економијата треба константно да се намалува, не зголемува.
И да го замени државниот монопол со приватен ?!? Па полошо нешто од приватен монопол не постои во економијата (уште го памтиме телекомот).
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Еве како изгледа Фактура на ЕВН во Бугарија

Сметка

Гледајте таму дневна 0,08 евро центи и 0,05 ноќна и ДДВ и крај тоа е нема 33% моќност како кај нас.

Таму пред месец ја качија струјата 13% заради ``зелената енергија`` европска директива иако Бугарија има струја за дупло од своите потреби се изградија многу соларни централи и заради скапата енергија што ја произведуват се качи струјата таму.
Таму се качува заради нови капацитети соларни кај нас заради увоз:tapp:.

Кај нас Елем и ЕВН самостојно не покачуват доставуват документација до државниот орган регулаторна која одлучува по нив.
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Не може да се инвестира повеќе во енергетика од страна на државата, тоа се празни муабети, државата не е добар менаџер, да беше немаше да има потреба од продажба на ЕСМ.
Македонија нема поволен хидропотенцијал, а хидроцентралите не се некои значајни производители. Може да се направат нови централи на гас или лигнит, пак нема да е ефтина струјата од нив, особено што и тие капацитети ќе продаваат по цена која ќе им одговара со оглед на тоа дека ќе се приватни. Па ако Србија или Грција се спремни да платат повеќе нив ќе им испорачуваат.
I lol'ed at this
nuff said
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Значи, ако те разбрав, ти си за национализација на ЕВН и ставањето на истата под капа на државата?
Тоа може да им пројде со голема политичка цена во Аргентина и Венецуела, но не и во Македонија.
Зошто воопшто трошиш време на размислувања кои немаат никаква можност за реализација?

Тоа е ирелевантно на темава, финансиите се индивидуална работа.
Во секој случај, не треба да се троши ако се немаат пари да се плати.
А најлоша варијанта е државна електрокомпанија со милионски загуби субвенционирана од државата.
Потребна е дерегулација во оваа бранша, доаѓање на конкуренција, па исто ко со мобилните цени, можно е и оние на струјата да паѓаат.
Но за тоа не сум сигурен со оглед на тоа дека македонските граѓани ќе продолжат да трошат многу струја а платите ќе им бидат непроменети, па пак ќе има незадоволство.
Струјата на светско ниво ќе поскапува, особено со затварањето на нуклеарните централи и правење на некакви сомнителни обновнливи извори кои се дебело државно потпомогнати. Не гледам како би имало некое решение за граѓаните освен она кое го спомнав.

Не треба да биде. Улогата на државата во економијата треба константно да се намалува, не зголемува.

МЕПСО и ЕЛЕМ се државни па не гледам што сме толку многу различни и како тоа не може да помине кај нас.

А и да се направи приватизација ќе го направат исто како со ЕВН ,ќе продадат се на еден човек ( кој најверојатно ќе им ги наполни и џеповите ) и ќе имаме приватен монопол место државен.

Најзафркната работа според мене е тоа што во новиот закон кој сега треба да се донесе пред влегувањето на Гаспром државата пак сака да ја добие моќта на национализација на земјиште за како што викаат ( повисоки цели ) што би било катастрофално.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
И да го замени државниот монопол со приватен ?!? Па полошо нешто од приватен монопол не постои во економијата (уште го памтиме телекомот).
Ама ти не читаш ко што треба очигледно?
Каде спомнав јас приватен монопол?
напротив, убаво напишав дека е добро да се ослободи овој сектор и да има конкуренција.
Но и во тој случај нема корисниците да се задоволни, тие сакаат да рокнат 3 печки по 4-6 киловати и да плаќаат 2000 денари во зима.
Бреј.
Форумџиите изгледа се брзи на прсти, а бавни во глава.

I lol'ed at this
nuff said
Не се лолај, подобро ќе ти биде да поставиш студија на сегашни и можни хидроцентрали, па да видиме како ќе излезе ќитапот.

The electricity demand in Macedonia for the last few years grow very rapidly as the result of economy activities and together with increasing the resident consumption. This year is expecting the total energy consumption of around 10000 GWh. This trend of rapidly increased demand consequence the
large import of electricity, which is around 2000 GWh-3000 GWh, or it can cover until 30% of total consume. Hydro potential of Macedonia is mainly dominated as the renewable resource. The existing HPPs in Macedonia can cover from 10% to 20% of the whole demand, depending on hydrology, or
nowadays it is around 1400 GWh. The rest of the demand is covered with lignite fired TPP (Bitola and Oslomej) with yearly production of around 5000 GWh.
http://www.balwois.com/balwois/administration/full_paper/ffp-1522.pdf

Внеси и параметри за суши, ROI и да видиме што ќе добиеме.
Најзафркната работа според мене е тоа што во новиот закон кој сега треба да се донесе пред влегувањето на Гаспром државата пак сака да ја добие моќта на национализација на земјиште за како што викаат ( повисоки цели ) што би било катастрофално.
Катастрофа, не зафркнато. Најскап гас и сега плаќаме.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
I lol'ed at this
nuff said

Што се смееш бе нашата најголема река е поточе во споредба со поголемите реки во регионот.Всушност и во август најчесто се појавуваат островчиња на сите страни.

Во Босна до продавница да идеш треба неколку поголеми реки од Вардар да преодиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom