Ќе се омрсат газдите на глобал од осигурањето.
Дивоградба не може да се осигура.
Не сакам да кажам "кој ги ебе", ама со оваа зграда е тотално погрешно стопанисувано уште пред да се изгради. Внатре сите имаат посебна струја, посебно греење, ладење...ко некое диво племе да влегло у бетонска конструкција. И се' ова е со амин на муртинецот, кој беше селоначалник тогаш кога се градеше. Ќе стаат стаклена фасада и ја продаваат зградата како да е Менхетн, а суво срање е од внатре. Не е ни за чудење што не била во функција хидрантската мрежа. Ако не се лажам, зградата внатре има атриуми, кои во вакви ситуации го "хранат" пожарот со кислород и уште повеќе го разгоруваат и поради тоа постојат правила како се внесува воздухот во такви објекти.
Сега ќе организирале некакво донирање на средства, кое, колку и да звучи нехумано, ама, не го заслужиле. Си има закони кои се прилично јасни и децидни и не за џабе некој ги пишувал. Не за џабе се врши технички прием на објект.
И само да потсетам дека објекти од овој тип ги има стотици во државава и прашање на ден е кога ќе се повторат.