liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Во ред е, „Има нека тајна веза...“Што мислите за тема метафизика? Некако се раштркуваме по различни теми а мислам дека идеме сите кон истата суштина?
Не знам дали има? @Bodhidharma ?
Ако погледнеме емпириски сите ние како личности имаме некакво метафизичко искуство, тоа ќе ни помогне да ја препознаеме во секојдневието. Можеби е добар примерот со Ж. П. Сартр, кога доживува метафизичко искуство чекајќи го својот пријател во ресторанот кој доцни и е отсутен, но она што во таа ситуација го перцепира е многу интересно, имено, преполниот ресторан со луѓе за него одеднаш станува “празен“, чудно, а дотолку исполнет со неговиот, отсутен пријател кој го исчекува да дојде.
Сега ова можеби некој ќе го толкува како психолошка состојба, но искрено и реално, тука нешто се случува што има и егзистенцијална димензија, “отсутното да биде присутно“, “присутното отсутно“...