Стоицизам

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.611
Искрено, Јас пробав со муабет, не вроди со плод. Директната техника која би ја употребил е киднапирање во сон, оставање на пуст остров, расфрлање на орудија низ островот и би го оставил 3 месеци сам таму. Секако тоа никогаш нема да се деси и признавам голем неуспех.

Што би направила ти? Ајде да му помогнеме те молам.
Mozes i sega da go napravis toa.
Udri go poglava so stol, pikni go u gepek, izvozi do nekoe mesto kaj sho ne bil, zapri sred pat, istovaraj go i ostavi mu edno sise voda ili ne.

Na krajot ovaa terapija ke zavrsi so edno rastureno prijatelstvo, nov covek na most wanted vo interpol i plus eden covek za kogo se traga.

Ili odete dvajcata na planinarenje vo nekoj planinarski dom.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Зачи ти мислиш дека Рон нема да преживее? Или ќе се изгуби?

@Ron Burgundy гледаш?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Стоицизмот во голем дел е близок на Христијанството во етичка смисла, но етиката сама по себе не ги решава суштинските прашања на човечката егзистенција
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Стоицизмот во голем дел е близок на Христијанството во етичка смисла, но етиката сама по себе не ги решава суштинските прашања на човечката егзистенција
Мислам дека е само дел од начинот, метафизичкиот аспект не е во центарот на интересот, повеќе е како да се живее сега и тука. Интересно е што се доаѓа до слични опсервации, овде зборот бог е заменет со природа.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Регулирање како термин - да, дури и повеќе одговара со Волуме копче.

Штом се разбравме за емоциите, дека мастери на регулирање е потребно, тоа се вежба, стоичкте вежби даваат резултати бидејќи се базираат на излегување од комфорт. Но секој не е мотивиран да излезе од истиот.

Состојбата на колегата ја имаат многу, условната љубов си го прави своето, се слагам има многу работа. Најчесто тие ги користат социјалните медиуми да ја испроектираат сенката нели, лесно се препознаваат и на форум пример.

Но бидејќи си тука од алтруистички побуди, што би го советувала @Ron Burgundy, и тој ја има состојбата на колегата, а тоа што се јави знаеш дека е крај фор хелп.

Искрено, Јас пробав со муабет, не вроди со плод. Директната техника која би ја употребил е киднапирање во сон, оставање на пуст остров, расфрлање на орудија низ островот и би го оставил 3 месеци сам таму. Секако тоа никогаш нема да се деси и признавам голем неуспех.

Што би направила ти? Ајде да му помогнеме те молам.
Автоматски споено мислење:

Скроз се разбираме :)
Не знам дали само се зезаше, ама ако ова што ме прашуваш стварно се работи за Рон, не би си земала за право да давам јавни коментари за него без негово барање/консент.

Ни за твојот колега не можам само на база на таа една информација да дадам фидбек - можам само општо да си теоризирам. Ова ќе го кажам - работите што ги правиме ги правиме бидејќи барем дел од нас сака да ги правиме. Она што го правиме, колку и да е дисфункционално или маладаптивно, во нашата психичка конституција не штити од нешто - тоа не служи на некој начин, кој веројатно од друга перспектива извртен и неточен, но во субјективната реалност, точен и легитимен. Некои од клучевите за разрешување на тие нешта се свесноста и преиспитувањето - погледнување на нештата од друга перспектива, како и соочување со „најлошото“ замислено сценарио од кое се плашиме во тој автоматизиран психички процес.

За човек да промени нешто, треба да сака. Ако перспективата која ја носи не му дозволува да види дека тоа што го прави повеќе му штети отколку што му штити, залудно е. А најкорисното нешто што можеш да го направиш за некој е да го разбереш.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Милиони соби во милион лавиринти, дали милиони животи ќе бидат доволни да ги испеглаш сите тие работи :)
 
За рон се зезав, имаме развиено некој однос на тролање еден другога што ни помага во личниот развој, го согледуваме ударот кој го нанесува другиот, ја согледуваме емоцијата љутината, си ја признаваме, ја чувствуваме не ја негираме и се обидуваме да ја регулираме потребата да го срозиме соговорникот, наместо тоа да вратиме со љубов. Има многу апс енд даунс, но секој ден сме се поблиску до балансот. Може да кажеш дека е еден вид стоичка вежба, не прави поотпорни.
 
Кога ќе прочита Рон ќе скока од радост :LOL:
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Мислам дека е само дел од начинот, метафизичкиот аспект не е во центарот на интересот, повеќе е како да се живее сега и тука. Интересно е што се доаѓа до слични опсервации, овде зборот бог е заменет со природа.
Така е, практично човекот се потпира исклучиво на себе, антропоцентрично, со сопствени сили да постигне благосостојба(треба да објаснат што подразбира тоа?).
Аскетско -етичкиот аспект е заеднички за сите религии и философии на живеење, и во тоа се многу слични, пр: одредени фобии се решаваат со директно изложување и когнитивна реконструкција, која претпоставува промена на мислењето кон објектот кон кој чувствуваме страв. Така ако некој се плаши од куче, го ставаат во контакт со кучиња и работи на промена на мислењето кое го доведува до тој страв на пр, „ кучињата се многу опасни и мене ќе ми се случи нешто многу страшно...“, борба и техника за надминување на конкретниот страв, за водење здрав живот, борба со страсти...
Така и во стоицизмот како философски пристап има корисни работи за практично справување со одредени животни проблеми.
Но во принцип, човекот сам со себе треба да биде искрен колку може да одговори на егзистенцијалните прашања, „Дали од мене почнува светот?“, „Во што се состои смислата на животот?“, „Кое е решението за болестите, смртта?“, „Има ли Вечен Живот, дали све е реалтивно?“....
 
Што мислите за тема метафизика? Некако се раштркуваме по различни теми а мислам дека идеме сите кон истата суштина?

Не знам дали има? @Bodhidharma ?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Што мислите за тема метафизика? Некако се раштркуваме по различни теми а мислам дека идеме сите кон истата суштина?

Не знам дали има? @Bodhidharma ?
Има потреба дефинитивно, смисли ја брате...ти си добар у концептуализација :)
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Што мислите за тема метафизика? Некако се раштркуваме по различни теми а мислам дека идеме сите кон истата суштина?

Не знам дали има? @Bodhidharma ?
Да се напраи тема за општи дискусии/муабети во области на психологија, филозофија, езотерија, метафизика би било супер :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom