Да, иницијацијата се додека е контролирана и со соодветна поддршка може да пружи големи бенефиции. Во денешно време може да се компензира на други начини - привремено одделување од мајката за имање на father-son time и општо дозволување на детето, било машко или женско, да се експресира слободно, без стеги и со поддршка од родителите. Не е проблем да се има врска со родителите - проблемот лежи во тоа каква е врската, дали родителите сеуште го третираат возрасниот како мало беспомошно новороденче и дали возрасната личност го бара тоа од нив?
Кога зборуваме за Puer/Puella Aeternus, пожелно е да се има солидно интегрирано детство и адолесценција со цел да можеме да го култивираме позитивниот аспект на Вечното дете во возрасната доба. Сите вечно го носиме нашиот детски Селф во себе - она што ја прави разликата е начинот на експресија на истиот. Проблемот се јавува кога (машки пол ќе користам ама важи и за двата пола, иако има псих. разлики) мажот е повеќе момче отколку маж, кога одбива да дојде во контакт и да се соочи со различните психолошки ризици на животот. Ова, меѓу другото, влече корени од неразрешените психолошки кризи во текот на развојот (види: психосоцијални развојни фази според Ериксон). Токму неумешниот однос на родителите кон детето доведува до ова.
The Devouring Mother е баш онаа која го проблематизира разрешувањето на тие психолошки кризи. Таа е мајката која го проектира својот товар и својот став за светот врз детето, недозволувајќи му да изгради своја независна перспектива, независност, иницијативност, автономија. Ова може симболички да се види во приказната за Јованче и Марика, каде тие влегуваат во куќа од слатки, во тој прекрасен, розев, безбеден простор и, навидум, вештерката го заштитува Јованче, таа го храни, го прехранува и, можеби мисли дека прави добро дело, но на крај целта е сепак да го изеде. Ова го илустрира начинот на кој мајките кои ги „прехрануваат“ децата, како буквално така и фигуративно, всушност го прават тоа за свои лични психолошки потреби маскирани со доброправење, не поради највишиот интерес на детето.
Највишиот интерес на детето е секогаш да може да си ја експресира автентичноста без да ги загуби атачмент фигурите, мајката да го љуби и прифаќа своето дете без да го присилува да ги прави нештата на нејзин начин. Во нашата култура често може да се види овој архетип (најбанален пример, детето вели дека му е жешко и сака да го извади шалот, мајката не му дозволува и му вели ако го извадиш шалот ќе се разболеш или нешто слично). Ова, само по себе, е егоцентрична когнитивна перспектива, значи самата мајка во тој момент се стационира во некоја нижа форма на когнитивно-емоционален развој во кој не прифаќа дека детето е свој сопствен ентитет кој има поинаква перцепција и, воедно, своја перцепција за своите желби, потреби, импулси итн. Разбирливо е зошто децата растени со такви мајки остануваат во негативната верзија на Puer Aeternus - не научиле како поинаку, љубовта кон нив била условена од тоа колку ќе бидат зависни од мајките, кои се примарна фигура на атачмент и, воедно, преживување во раниот развој.