Стоицизам

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Equestrian_statue_of_Marcus_Aurelius,_Rome.jpg

Неколку пати го менував концептот на постот со кој сакам да ја отворам темава, па ќе почнам по принципот - прво фактографија, а понатаму некои мои ставови околу оваа филозофија. Се надевам дека ќе имам време да ја дополнувам темава понатаму. Потенцирам дека немам академско филозофско познавање, не сум проповедник, инфлуенсер, фолоуер, лајфкоуч, врач, ниту пак темелно ги познавам сите факти во врска со оваа филозофија, баш би ми било мило да научам нешто и овде, така да, кој има да дополни, би ми било задоволство.

Стоицизмот е филозофија родена во античка Атина, во 3-4 век. п.н.е. Името е за некои луѓе малку конфузно и не го носи описот на главната идеја на истата, туку е именувана по објектот - Стоа Поикиле (во превод Обоениот трем), еден јавен објект, античка колонада, во која се собирале луѓе и се разговарало на различни теми. Основач на овој правец се смета дека е Зенон од Китиум (град на Кипар). Битно за него е дека бил богат трговец и често пловел по Медитеранот. Клучен настан во неговиот живот е една морска бура, во која го губи бродот и го преживеал бродоломот. Се доселил во Атина и почнал да се надградува и да се едуцира. Меѓу другото бил ученик на Кратес од Теба, кој бил циник (филозофски, но не само демагошки, туку и така живеел - практично како скитник - одбивал обврски кон државата, живеел од ден за ден, а целиот имот го раздал на непознати луѓе). Најголемо влијание врз Зенон имала платонистичката филозофска школа. Клучно е што Зенон бил многу почитуван во времето во кое живеел, држел многу посетени говори на тремот, но нема од него останати записи или има само фрагменти.

Стоицизмот во суштина е лична етика, која има формиран логички систем базиран на природниот свет и правилата кои важат во него. Под претпоставка дека секое живо битие тежнее да постигне некаква благосостојба - стоиците тврдат дека истата може да се постигне САМО АКО настаните кои се случуваат ги прифатат такви какви што се и да не дозволат да бидат водени од страст за задоволство, ниту пак од стравот од болка, а тоа може да се постигне ако сфаќаме дека сме дел од природата (светот) и дека треба да се вклопиме во нејзините процеси. Посебно важно е дека акцентот е поставен на меѓусебните човечки односи, кои треба да се хумани и праведни.

Стоички начин на живеење значи: контрола на емоциите (без оглед на тоа дали истите ствараат немир или благодет), постапување кон луѓето според етички начин (за кој веројатно ќе се дискутира) и делување во сопствениот домен на делување, со тежнеење да се биде „најдобрата верзија од себе“ и секогаш да се стреми кон „морално совршенство“ (кое тука е често дискутирано и претпоставувам дека оваа формулација е таа што ќе отвори многу прашања).

Во следниов дел од текстот се мои ставови, субјективни и добро е да се земат со резерва.
Некој во нив може да препознае приклонетост кон една или друга идеологија - не е важно. Тоа што е важно е дека сакам темава да биде инспиративна и од помош (не за пишување семинарски, туку практична, животна).

Мислам дека нема посоодветен период за ваква тема во контекст на кризава со вирусов, иако инспириран бев пред се' од пред-вирусниот период, активните теми за „депресија, анксиозност, самоубиство“ на овој подфорум, нормално и темите со агресија (кои ретко ги коментираме од овој аспект), сакав да напишам еден (идејата ми е да биде мотивациски) текст. Нормално, ќе си најде свои опоненти на форумов (како и за се' што имаме), меѓутоа мислам дека некому би му било од корист.

Оваа филозофија не содржи некаква мистика, ниту бара слепо верување, не бара пари да му се уплатат на некој авторитет. Се работи за мајндсет кој се гради, надградува, за начин на размислување кој, многу интересно, се развива, откако ќе се самодисциплинирате и ќе почнете да се држите до некои морални норми малку постриктно отколку што мислите дека треба.

Тоа што мене ме интригираше да истражувам малку повеќе - тоа е пред се' притисокот на секојдневието, долг период на изложеност на разноразни игри, интриги меѓу пријатели, роднини, колеги и моето учество во нив, емотивно прифаќање на се' што лично ќе ми наштети, развивање негативни мисли, кои понатаму се манифестираат со депресивно расположение, нарушен сон (со ова имав голем проблем), грижа за проблеми и што е најстрашно - грижа за можни, непостоечки проблеми....едноставно, долго време не можев да постигнам некаков внатрешен баланс, мир во мислите. Посебно приметував дека овие проблеми добиваат специфично изразена димензија во периодот есен-зима, кога е пократок денот, во Скопје воздухот е ужасно загаден и претежно се престојува во затворен простор, со помала физичка активност.

Медитирањето што го практикуваат некои пријатели, посета на јога часови и слични начини на практикување на некаква дисциплина ме натераа да истражувам во овој правец. Во западниот свет се' почесто, а и кај нас срамежливо се пробива јогата како некаква метода за олеснување од размислувањето (overthinking ќе го сретнете по интернетов) и со тоа да се постигне некој внатрешен мир, кој понатаму помага да се надминат секојдневните предизвици многу потрезвено и порационално, без паничење. Тоа што мене не ме привлекува е по-малку секташкиот пристап и прераскажувањето на техниките од некој кој „бил во Индија“ и слични полувистини, иако не тврдам дека има некаква лоша намера, но убеден бев дека постојат поприкладни методи и нешто што е цивилизациски поблиску до нашиоит менталитет. Да не бидам погрешно разбран, врската меѓу будизмот и стоицизмот е многу силна и понатаму може на оваа тема да се направат некои паралели.
Меѓу првите ликови кои ми го задржаа вниманието е тој на воведната слика - римскиот император Марко Аурелиј - истиот вметнат во категоријата „5те најголеми владетели на Рим“ (и тоа од никој друг туку од Николо Макијавели), но пред да настанат забуни, второто значајно име е Епиктет, кој па бил роб (на територија на денешна Грција во време на Римската империја). Станува збор за целосно различни концепти на живот, еден во тотална моќ, влијание и друг во тотална немоќ и подреденост, а сепак ги поврзува еден ист систем на вредности. Ќе се обидам во наредните постови подетално да го разработам Марко Аурелиј, затоа што тој суштински е најзначајната фигура и најважното стоичко филозофско дело се всушност неговите лични дневници, кои многу подоцна се пронајдени во Рим....практично, една од битните препораки е водење на личен дневник преку кој се консолидираат мислите.

Како една паралела на Медитации би ги спомнал биографиите кои денес се пишуваат и продаваат во милиони. Жал ми е што да издадат свои гледања на светот имаат прилично неморални ликови, како на пример еден Стив Џобс, чија биографија е една од најпродаваните, а се работи за лик кој преку лешеви го има создадено своето име....но тоа е веќе друга тема. Многу често идеологиите, учењата се артикулација на некаков револт и нудат непроверени решенија кои понатаму покажуваат свои слабости - нешто што е случај со абрахамските религии, кои се базираат на некаков невидлив морален коректор кој ти дава прилика да си ги толкуваш како сакаш неговите препораки ако си богат, а ако си беден - да чекаш во апатија до некаков суден ден, некој непостоечки лик, кој ќе се симне и ќе спаси од страдањата. Практично религијата, како и капитализмот стимулира една форма на конформизам со која се гуши природната желба на секој организам да егзистира во најповолните услови во кои може - и едниот и другиот практично ветуваат некаков идеал, кој следи како некаква награда. Природата си има некои свои текови и начини. Стоицизмот, наспроти тоа, повикува на враќање кон природните принципи на функционирање, меѓу другото и на меѓучовечките односи. Катастрофите, земјотресите, војните, заразите, како и да свртиме, се некои природни и неизбежни процеси и тоа што е способност да се преживеат такви времиња е пред се' - силен карактер, кој ќе се прилагоди кон новонастаните услови и во нив ќе најде начин како да продолжи со животот. Тоа што посебно ми се допаѓа од се' тоа што прочитав на оваа тема е, што во начинот на размислување препознав многу од карактерите на моите баби и дедовци - во мојов случај тие имаа различна идеолошка позадина, но меѓусебно имаа многу сличен светоглед, многу достоинствено и воздржано однесување, а затоа што и долго живееа, имаа документи од 4 различни држави (со други зборови имаа живеено во многу бурни и несигурни времиња).
Денеска стоицизмот повторно свртува внимание, што е одлично, затоа што генерално човештвово свртува кон некои непредвидливи форми на врвна декаденција и самопонижување, па се оваа филозофија во некоја нова форма се продава како „simply not giving a fuck", што е многу наивно симплифициран пристап. Кога би го превеле, со некој коректен јазик - би било „баш ми е гајле“, но тоа значи дека тотално немаме спознание за околностите, што би рекло дека истите можат многу лесно да не совладаат - наспроти тоа, стоиците викаат дека треба да делуваме во својот домен на делување и тоа најдобро што можеме - да бидеме најдобрата верзија од себе, а случувањата кои се вон наше влијание да ги пропуштаме како да сме камен во реката, кој ја пропушта водата. Има доста инспиративни цитати во овој контекст.
Стоицизмот бил многу проширен во време на Рим некаде до воведувањето на Христијанството како државна религија, со тоа што добар дел од етичките норми практично ги има препишано, дел од нив се наследени од платоновата филозофија, на дел е напраено „дотерување“ како би се вовеле некои нови вредносни категории. Подоцна е неколку пати ре-откриван и тоа во време на големи кризи, војни, но суштински, мислам дека тој никогаш не е исчезнат и практично се пренесува меѓу луѓето, а кај постарите генерации беше изразен во нивното однесување, достоинственост, пристојност, ладнокрвност.

Очекувам квалитетно дополнување на дискусијата во било кој контекст: цитати, споредби со други филозофски гледања, со религијата исл.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Само да ја разбијам заблудата за секташтвото кое некои поединци свесно или несвесно го презентираат за јога и медитација. Најитересното е шо самите учители, креатори на "сектата" се најмалце виновни. Асален Гуру кога ги обучува иснтрукторите на јога посебно им потенцира дека нивна должност на курсевите е да го презентираат физичкиот и менталниот аспект на јогата, а они кои се жедни за нешто повеќе секако ке најдат сами тоа шо го бараат.
И самата духовност инаќе е далеко од секташка. Чиста научна е. Ама за жал поединци кои се несигурни у својата религиозност ја прљаат јогата и ствараат одбивност кон другите. Има Гуруи кои и баш од тие причини не го употребуваат зборот Бог воопшто и се држат само за практичната страна на техниките за дишење и медитација.
За уште поголема жал у последната деценија у име на јога почнаа да излаваат курсеви кои се чист фитнес зачинет со некои јога положби, произлезени од згодни интрукторици кои добиле сертификат за 3 месеци од други згодни инструкторици. Иначе бузарер Алмеида, ако еднаш научиш техника за дишење и го осетеш ефектот у себе веќе нема да се замараш со секташите. Права штета е шо јогата така се доживува пошто е пред се наука, практична наука која се баве со телото, умот, психата, душата. Себе е на прво место у јога. Верувал или не Бог е на последно место. Пошто гелсото у јога гласе: Ти не се познаваш себе, а сакаш Бог да го упознаеш. Прво спознај се себе.
Религиозноста во јога е само еден аспект во кој и те како се разликува пристапот ако некој веќе го влече, и тоа уопште нема потреба да биде поврзано со хиндуизмот...Дакле што се тиче секташтва то је оно што сам желио да кажем укратко.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.119
Поени од реакции
8.909
auuu bravo za temata :bravobe:

ne sum bas mnogu upaten na temata. skoro gledav nekolku videa na youtube,
i prvo pomisliv uste edna fancy drn drn tehnika, po socijalni mrezi denes.

izgledav nekolku videa od tim ferriss, i nekoi drugi za osnovite/pocetocite na ovaa filozofija,
i mi izgleda dosta interesno.
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
@Almeida браво...ги опфати најбитните линии, би се обидел да се надоврзам....

Стоицизмот е битен поради својата практична примена, тоа е философија која се живее и создава отпорни индивидуи.

Во коренот на неговата пракса се:

1. Согледување на природата и природните закони

Главната алатка на стоиците е перцепција и контемплација наспроти медитација, запазување на природните закони, својата природа, принципот на соработка во природата, естетика, емпатија па и алтруизам како наша природа. Од тука произлегува врвниот принцип на достоинственост ( virtue ).

2. Скротување и владеење со емоциите.

Јаката емоција е пречка за чиста перцепција на природата, околината, ситуациите, причините и последиците.
Главната техника е контемплирање на својата смртност.... секој ден во мали дози, колку мали зависи од секој поединечно за да не би прешло во анкциозност.

Со време се става под контрола стравот од смрт, како најјаката и погубна емоција, одговорна за сите наши дисфункции. Овде може да се повлече паралела со будизам и донекаде хиндуизам, бидејќи на тој начин се " надминува егото"... се става под ваша контрола.

Главен симбол е Memento Mori ... не заборавај дека ќе умреш...

mm3.png

Часовник-времето тече.... череп - ќе умреш... цвет-цени ја убавината на животот.

Во ренесансата сликари правеле своја интерпретација на мементо мори мртви природи....

1174px-StillLifeWithASkull.jpg

William-Michael-Harnett-Memento-Mori-To-This-Favour-Oil-Painting.jpeg

e445dd75916e0aaee0e51f2df2d37e3b.jpg

Покрај стравот од смрт, се практикува изложување во мали дози и на работи кои ве плашат како фобии.... целта е излегување од комфорт и соочување...

3. Перцепција надвор од себе

Психолозите го викаат... Перспектива на вонземљанин... замислете дека сте во орбитата на земјата и ја перцепирате, опсервирате, а не припаѓате таму, ништо на земјата вас лично не ве засега.... тогаш реално ќе можете да донесете заклучок за тоа што го перцепирате... природата, животот, човекот како суштевство....

Целта е чистина на перцепција, дисекцирање на секоја ситуација со интелектот како орудие, скалпер ( Садгуру - за мене повеќе Стоик него гуру ) со изоставување на себе од равенката... а тоа е возможно само со скротена емоција....

Резултат на ова е фокус, правилна перцепција и со тоа правилна реакција на било која ситуација....

Наспроти популарното верување дека стоиците се ладни луѓе, вистински стоик како резултат на праксата достигнува Еудаимониа... среќа... или по наше... блаженство... како врвната наша природна состојба... бидејќи го победил стравот од смрт, а со тоа и себичноста...

Not Givind A Fak.. често го употребувам... не значи дека не ви е гајле за ништо... туку не се замарате за небитни работи....

Најубаво ќе објасни сестра Сара...

Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
@Almeida браво...ги опфати најбитните линии, би се обидел да се надоврзам....

Стоицизмот е битен поради својата практична примена, тоа е философија која се живее и создава отпорни индивидуи.

Во коренот на неговата пракса се:

1. Согледување на природата и природните закони

Главната алатка на стоиците е перцепција и контемплација наспроти медитација, запазување на природните закони, својата природа, принципот на соработка во природата, естетика, емпатија па и алтруизам како наша природа. Од тука произлегува врвниот принцип на достоинственост ( virtue ).

2. Скротување и владеење со емоциите.

Јаката емоција е пречка за чиста перцепција на природата, околината, ситуациите, причините и последиците.
Главната техника е контемплирање на својата смртност.... секој ден во мали дози, колку мали зависи од секој поединечно за да не би прешло во анкциозност.

Со време се става под контрола стравот од смрт, како најјаката и погубна емоција, одговорна за сите наши дисфункции. Овде може да се повлече паралела со будизам и донекаде хиндуизам, бидејќи на тој начин се " надминува егото"... се става под ваша контрола.

Главен симбол е Memento Mori ... не заборавај дека ќе умреш...

Прегледај го приврзокот 246602

Часовник-времето тече.... череп - ќе умтеш... цвет-цени ја убавината на животот.

Во ренесансата сликари правеле своја интерпретација на мементо мори мртви природи....

Прегледај го приврзокот 246603

Прегледај го приврзокот 246605

Прегледај го приврзокот 246606

Покрај стравот од смрт, се практикува изложување во мали дози и на работи кои ве плашат како фобии.... целта е излегување од комфорт и соочување...

3. Перцепција надвор од себе

Психолозите го викаат... Перспектива на вонземљанин... замислете дека сте во орбитата на земјата и ја перцепирате, опсервирате, а не припаѓате таму, ништо на земјата вас лично не ве засега.... тогаш реално ќе можете да донесете заклучок за тоа што го перцепирате... природата, животот, човекот како суштевство....

Целта е чистина на перцепција, дисекцирање на секоја ситуација со интелектот како орудие, скалпер ( Садгуру - за мене повеќе Стоик него гуру ) со изоставување на себе од равенката... а тоа е возможно само со скротена емоција....

Резултат на ова е фокус, правилна перцепција и со тоа правилна реакција на било која ситуација....

Наспроти популаеното верување дека стоиците се ладни луѓе, вистински стоик како резултат на праксата достигнува Еудаимониа... среќа... или по наше... блаженство... како врвната наша природна состојба... бидејќи го победил стравот од смрт, а со тоа и себичноста...

Not Givind A Fak.. често го употребувам... не значи дека не ви е гајле за ништо... туку не се замарате за небитни работи....

Најубаво ќе објасни сестра Сара...

Како надоврзување на "memento mori" или често сликаните светци и покајници со черепи во западната уметност, меѓу кои е и Марија Магдалена, има и една сцена во византиската иконографија, која го претставува отворениот ковчег на Александар Македонски, а над кого стои и се обраќа еден монах, Св. Сисое Велики, со ламентацијата и заклучокот: „Самата таа глетка, гробу, ме плаши и прави срцето да лее солзи додека размислувам за долгот што ние, сите луѓе, го должиме. Kако воопшто можам да го поднесам? О, смрт! Kој може да те избегне? Целиот свет не беше доволно голем за тебе, Александре! Како сега си се сместил во 2 метра земја?!“, како укажување на неминовноста и ултимативно помирување со смртта, дури и за оние „најголемите“ меѓу нас. Е сега, стварно не знам дали ова е соодветно за тука и во духот на темава.

Abba-Sisoes-2M.jpg
 
Прегледај го приврзокот 246626
По мене и ова се врзува... помирување со смрт... а има и заедничко со хрисријанството.... во тие моменти се доаѓа до несебичноста и чистиот алтруизам....
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
помирување со смрт.
Не постои начин да се помириш со смртта....во самото наше јадро на битието е животот. Ако се посматрам јас на најосновно ниво подалеку од животот(фонтаната) не можам да погледнам...од таму:
Постојат два начини да ја победиш битката со смртта...едниот е да стигнеш до знаење кое ќе содржи инфо за тоа како универзумов функционира а со тоа и што си ти уствари. Другиот е со лет гоу...ќе ги искористам безвременските минута и 30 сек. што би требало по мое мислење да ја спасат оваа цивилизација....довербата во постоењето е суштинското нешто....еве го клипчето...."Worrying is betting against yourself." ни една религија последниве 5000 год. нема извадено попаметен заклучок.
Што викаш брате....прифати дека си глуп и дека ништо не знаеш, ќе те ослободи од сите агонии во животот....од причина што агониите произлегуваат од твоето погрешно "знаење" :vozbud:

Во однос на првиот начи на справување(победа) над смртта....тука веќе мора да постои знаење кое го надминува нашиот хоризонт....нашето ниво на свест. Што би рекол Ајнштајн:
"Не можеш да решиш проблем со исто ниво на свест со тој со кој е поставен" (We can't solve problems by using the same kind of thinking we used when we created them.)
Ќе шпекулирам дека постои нешто кое може да се набави од другата страна....прошверцувано знаење....прашање е која му е цената. Со тоа се бави езотеријата...ако некој знае повеќе нека каже :)
P.S. Бонус (y)
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Не постои начин да се помириш со смртта....во самото наше јадро на битието е животот.....
_________________________

Што викаш брате....прифати дека си глуп и дека ништо не знаеш, ќе те ослободи од сите агонии во животот....
Се разбираме брате, знаеш дека те сакам.....

Дет биинг сед.... овие две реченици во цитатот....

Философијата прифати дека си глуп... е тест колку си се откажал од себеси... дека си битен... дека нешто знаеш...

Ако ја примениш на првата твоја реченица, онда имаш проблем пошто ти тврдиш дека стравот од смрт не може да се победи.... а не смееш... пошто нели не знаеш.... пошто таа реченица е производ на твојата желба да живееш.... а зашто имаш желби.... зошто си ти битен да имаш желби...
Те сакам брате... лет гоу од желбите... и само живеј :D
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Се разбираме брате, знаеш дека те сакам.....

Дет биинг сед.... овие две реченици во цитатот....

Философијата прифати дека си глуп... е тест колку си се откажал од себеси... дека си битен... дека нешто знаеш...

Ако ја примениш на првата твоја реченица, онда имаш проблем пошто ти тврдиш дека стравот од смрт не може да се победи.... а не смееш... пошто нели не знаеш.... пошто таа реченица е производ на твојата желба да живееш.... а зашто имаш желби.... зошто си ти битен да ижаш желби...
Те сакам брате... лет гоу од желбите... и само живеј :D
Јас викам да не се помириш во смисла на буткање на проблемот под тепих....постои суптилна разлика помеѓу тоа и имање целосна доверба во животот сам по себе.
Љубов како и да е :)
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Јас викам да не се помириш во смисла на буткање на проблемот под тепих....постои суптилна разлика помеѓу тоа и имање целосна доверба во животот сам по себе.
Љубов како и да е :)
Во Стоицизмот начело е прифаќање на природата и природните закони, со тоа следи прифаќање на смртта како факт на природата.

Неприфаќањето на овој базичен закон не носи во дисфункција.

По таа логика... трансхуманизмот е дисфункција, неможеме да го прифатиме законот.

Доверба во животот да, фонтаната, сурфање на бранот, со знаење и помиреност дека еден ден твојата личност нема веќе да постои.

Тоа помирување треба да создаде подлабока свесност за минливоста на времето, и со тоа фокус на битните работи во животот, тоа е Мементо Мори.

Прашањето е што ти е битно, и зошто.

Небуткање под тепих, соочување, прифаќање и соодветна реакција.... е целта....
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Доверба во животот да, фонтаната, сурфање на бранот, со знаење и помиреност дека еден ден твојата личност нема веќе да постои.
Не се помирувам со тоа....личноста е шорт терм мемори....душата е лонг терм мемори....ако ги приближиш тие две ќе станеш бесмртен....ама тоа е друга тема :D
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Не се помирувам со тоа....личноста е шорт терм мемори....душата е лонг терм мемори....ако ги приближиш тие две ќе станеш бесмртен....ама тоа е друга тема :D
Ондак ти брате веќе немаш проблем да умреш, пошто нели душата ќе си продужи у следната димензија :)

Не е толку друг муабет туку адванс... скокаме.... а темата тек ја отворивме и е посветена на стоицизмот, кој повеќе се бави со начин на живеење во оваа димензија, пошто универзалната свесност не створила нели тука да го изиграме овој левел.... со душата после на следниот левел... ќе видиме...

Љубоффф :coffee:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ондак ти брате веќе немаш пеоблем да умреш, пошто нели душата ќе си продужи у следната димензија :)

Не е толку друг муабет туку адванс... скокаме.... а темата тек ја отворивме и е посветена на стоицизмот, кој повеќе се бави со начин на живеење во оваа димензија, пошто универзалната свесност не створила нели тука да го изиграме овој левел.... со душата после на следниот левел... ќе видиме...

Љубоффф :coffee:
Нема поголема возбуда нешто да ми прави од контемплација на моментот на умирање.....најжив се осеќам во тие моменти :D
Од друга страна сакам да продолжи играва наречена живот уште илјадници години. Јас сум бил и уште сум од тие кои последни си одат од игралиште....никад не ми е доста.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom