Стоицизам

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Не беа старите смирени лујџе (тие пред војната шо беа родени, да беа добри лујџе оти беа побожни, но не би рекол смирени). Барем јас шо ги познавам, а и сигурен сум дека и поголемиот дел се такви и уште се такви. Портарење, колнење, јадење лајна на секој збор не е знак на смирение. И покрај то шо живееле во Југославија, во време на комфор, не означува дека имале смирение. Единствено кај нас шо не можа да прифата е дека работите се сменија и дека појче не е социјализам и не се живеј со 15.000 ден. ко шо се живеело некогаш.

Без разлика кој период, дали на комфор или војна, чоек да достигни смирение е тешко. Многу малце лујџе достигнуваат смирение.

Смирението доаѓа како последица на духовното совршенство. Вистинското смирение има основи во внатрешниот човек. Тоа е одраз на внатрешната благодат во душата, сјајот на нејзините добродетели и нејзините духовни украси. Внатреизлиената благодат го прави ликот на смирениот посветол и помил. Смирениот ги љуби сите и тивко поучува. Смирениот е миленик на луѓето.
Баш тоа беше ми се чини споменато и меѓу постулатите на стоиците, состојбата на атараксија т.е. душевна смиреност.

Сепак, преземено од Википедија: „За разлика од пиронизмот и епикуријанизмот, во стoицизмот атараксијата не е ултимативната цел во животот. Наместо тоа, доблесното живеење во согласност со природата е целта на животот. Сепак, според стоиците, доблесното живеење во согласност со природата би довело до атараксија како нуспродукт.“

ataraxia.jpg
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020

Дедото на мојата сопруга почина пред 3 години на 91. Посмирен човек не сум видел во живот.

Исто и неговата сопруга почина на 90 год... многу смирена.... прво мислев дека е од длабоката старост, но сите велеа за нив дека отсекогсш биле такви. Интересно е што смирените за кои зборуваш се најчесто и долговечни.

Едни од моите баба и дедо беа такви... кои виделе многу маки во животот.

Генерацијата на нивните деца е растена во комфорт и после кукаат.

А ние сме растени исто во комфорт само од различна природа... можеби е тешко да си овде фино ситуиран и финансиски независен, но живееме удобност на западен свет.... а можеби и најголем наш проблем е желба за лајфстајл кој што не можеме да си го дозволиме?

Статистички антидепресиви најмногу се потребни во развиениот свет, тој шо од Сирија успеал да пребегне во европска земја, си го спасил детето, и таму чисти улици... нема да му требаат антидепресиви..... ќе биде дури и среќен... шо чисти улица.... но неговото дете шо ќе израсне во таа европска култура можеби еден ден ќе му требаат.....

13syria-jumbo.jpg

Комфорт... и патот на херојот....
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Смирениот е миленик на луѓето.
Многу си во право за другото, ама смирениот секогаш завршувал на крст :)
Автоматски споено мислење:

Иначе, кој гледал Стар Трек знае за дилемите на Спок....постои борба во психата каде емоциите кон блиските и не може така лесно да се неутрализираат :)
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
И затоа често се врзува со будизмот..... можеби е лошо да се каже целта... но ефектот на крај е ист....
Да, видов бегло деновиве дека има компарации меѓу тие два правци.

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
776
Поени од реакции
1.161
@Natan 3.0 Да ама состојбата на атараксија не е целта кај стоиците, туку кај Епикур. Остај шо пишува на Википедија.
@BenDover Родени пред Втората Светска војна зато се такви лујџе. Мојте прабаба и прадедо шо ги знаев беа родени пред првата и втората родени, 1911 тука некаде. Мн. арни лујџе беа ама не доживеаја длабока старост двајцата умреа околу 77-тинна години. Гнерациите нивни отпосле се растени во комфор, посебно тие шо се родени за време на и по Втората Светска војна. Растеа мн. во сиромаштија пак, ама отпосле му се заубај. Некаде 60-70-тите.
@Bodhidharma Шо ти е поентата?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
@Bodhidharma Шо ти е поентата?
Опасно е за другите ти како "просветлен" да шеташ меѓу луѓето. Додека те користат ќе бидат добри со тебе.....не си свесен како брзо се менува ситуацијата ако се пореметат интересите. На крајот само најблиските од фамилијата и ретко уште по некој ќе остане да те почитува. Приказната е одново и одново истата во условите нормално во кои живее човекот....појди од Исус па и пред него.
Сите се собираа околу Исус на почетокот за на крај никој да не остане со него.....земи го како метафора ако сакаш, небитно....таа е вистината.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
@Natan 3.0 Да ама состојбата на атараксија не е целта кај стоиците, туку кај Епикур. Остај шо пишува на Википедија.
Па, го видов и го коригирав тоа дополнително. Сосем во ред си е Википедија.

„За разлика од пиронизмот и епикуријанизмот, во стoицизмот атараксијата не е ултимативната цел во животот. Наместо тоа, доблесното живеење во согласност со природата е целта на животот. Сепак, според стоиците, доблесното живеење во согласност со природата би довело до атараксија како нуспродукт.“
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Па, го видов и го коригирав тоа дополнително.

„За разлика од пиронизмот и епикуријанизмот, во стoицизмот атараксијата не е ултимативната цел во животот. Наместо тоа, доблесното живеење во согласност со природата е целта на животот. Сепак, според стоиците, доблесното живеење во согласност со природата би довело до атараксија како нуспродукт.“
И со ова потполно се слагам, бидејќи тоа е природна состојба..... до која се доаѓа... практикувајќи ги 1. 2. 3.... но не е цел сама по себе...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Баш тоа беше ми се чини споменато и меѓу постулатите на стоиците, состојбата на атараксија т.е. душевна смиреност.

Сепак, преземено од Википедија: „За разлика од пиронизмот и епикуријанизмот, во стoицизмот атараксијата не е ултимативната цел во животот. Наместо тоа, доблесното живеење во согласност со природата е целта на животот. Сепак, според стоиците, доблесното живеење во согласност со природата би довело до атараксија како нуспродукт.“

Прегледај го приврзокот 247329
Apatea е во стоицизмот. Очи ми паѓаат, сакав пост на оваа тема да составам. Да не се помеша само со апатија, тоа е друго.

Ataraxia е епикурејски концепт btw.
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Apatea е во стоицизмот. Очи ми паѓаат, сакав пост на оваа тема да составам. Да не се помеша само со апатија, тоа е друго.

Ataraxia е епикурејски концепт btw.
Ова го најдов ко илустрација за pathos наспроти apatheia. Се надевам само дека не спамирам (премногу).

Apatheia vs Ataraxia.png
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Ова го најдов ко илустрација за pathos наспроти apatheia. Се надевам само дека не спамирам (премногу).

Прегледај го приврзокот 247366
Не, супер е ова... видиш десно е решнл сегде... и на крај е блаженото... како резултат...

Може треба и поконкретно за емоциите да муабетиме... они се клучни....
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Стоицизмот ме влече интуитивно како карактер искрено, многу ме бендисува оваа филозофија ми има допирни точки со Будизам. Ги слушав аудио книгите на Маркус Аурелиус, во план ми е периодов и да ги прочитам. Кој се вака Други истакнати Стоици според вас?
 
Сенека, Писма до Луцилиј... ги има како аудиокниги на јутуб....

Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Во Академска книга во Градски ѕид има, ама на англиски. Мислам дека од Сенека се наоѓа некој наслов.
Околу "убивањето на амбициите"....практичните совети во Медитации се многу корисни за да го подигнеш нивото на продуктивност и се насочени во правец на конструктивност, отфрлање на внимание од интриги, оговарање, туѓи мислења за тебе....така што професионалниот успех можеш само да го ефектуираш. Тоа што ќе ти кажат стоиците е дека во секој момент е можно да ти се појави некоја "корона епидемија" која ќе ти ги опструира плановите, а ти ќе се адаптираш според нејзе и препреката ќе ја претвориш во пат, со трезвена реакција, без паника. Заблуда е дека стоицизмот те фрла во конформизам, компромис, апатија....баш напротив, инсистира на делување во својот домен со максимална посветеност.
Е буквално на ова мислев, да го видиш позитивното во секоја ситуација и да го искористиш на најдобар можен начин за свој напредок и општо добро. Иначе, фала за препораката, знам кај е книжарата, ќе тркнам некој ден ;)

Не се работи за прифаќање на СЕ па со тоа и убивање на амбиција, туку прифаќање на работи кои не се во твоја моќ.... и неопсесирање зошто се така... идеш даље... тоа е посебно битно во професија....

Амбиција во професија е погон, но лично не го сакам тој збор.... поради амбиција се гази врз друг, може во умот целта да почне да ги оправдува средствата.. корупција и заслепеност без свесност за мотивите.... Стив Џобс го спомна Алмеида... го делам мислењето за него.... ако ти е најбитна работата во животот, по мене имаш болна амбиција која е компензација за некоја дисфункција.... а за тоа некој друг ја плаќа цената....

Лично го користам аспирација... ќе дадам се од себе, ако не успее нема да се опсесирам и депримирам туку продолжувам понатаму...
Не мислев на градење кариера по секоја цена и газење врз други, тоа му доаѓа веќе макијавелизам. Мислев на луѓе кои вложуваат часови и часови во учење на некоја материја и нејзино усовршување. Или пак спортисти кои напорно тренираат за да станат најдобри. Нели Алберт Ајнштајн го паднал првиот приемен на факултет, па подоцна станал најпознат физичар на свет. Од друга страна имаш спортисти како Vinny Pazienza (има филм Bleed for this со Мајлс Телер), кој го скршил вратот, но се вратил во рингот и станал светски шампион.

Дали и колку таквите луѓе ги следеле стоичките вредности надвор од своите професии, нема да навлегувам. Прашањето ми беше дали негирањето на фактот дека не си добар во некоја област е во согласност со стоицизмот, односно, дали желбата да бидеш најдобар е во склад со тоа? Бидејќи според стоицизмот логично би било да овие двајцава што ги спомнав претходно да си речат “Јбг, тоа е“ , да си речат дека залудно се трудат, да ја прифатат реалноста .Да не го трошат времето залудно, да не си мачат мозокот/телото, и да си најдат друго занимање каде би биле покорисни и за себе и за општеството како целина

А за Стив Џобс не ми збори молим те. ЦЕО со визија,да, ама да не беа луѓето што работеа за него, тикви дека он ќе се прославеше. Пред 5-6 години на интернет најдов дека Епл ти се најголемите скржавци меѓу големите корпорации (за што сметам дека Џобс е одговорен), кај данок не плаќаат, па и скоро ништо не даваат во добротворни цели. Еве од Wiki последно: “During the 2019–20 coronavirus pandemic outbreak, Apple's CEO Cook announced that the company will be donating "millions" of masks to health workers in the United States and Europe“. Многу јако, ко нашите ќебиња од ЕУ. Типот умре од рак на панкреас пошто одбра да се лечи со билките на баба Рада наместо да се оперира. Којзнае, може тоа беше единственото стоичко нешто од него, сфатил дека на сите им е преку глава од него, па решил да си “замине“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom