Во Академска книга во Градски ѕид има, ама на англиски. Мислам дека од Сенека се наоѓа некој наслов.
Околу "убивањето на амбициите"....практичните совети во Медитации се многу корисни за да го подигнеш нивото на продуктивност и се насочени во правец на конструктивност, отфрлање на внимание од интриги, оговарање, туѓи мислења за тебе....така што професионалниот успех можеш само да го ефектуираш. Тоа што ќе ти кажат стоиците е дека во секој момент е можно да ти се појави некоја "корона епидемија" која ќе ти ги опструира плановите, а ти ќе се адаптираш според нејзе и препреката ќе ја претвориш во пат, со трезвена реакција, без паника. Заблуда е дека стоицизмот те фрла во конформизам, компромис, апатија....баш напротив, инсистира на делување во својот домен со максимална посветеност.
Е буквално на ова мислев, да го видиш позитивното во секоја ситуација и да го искористиш на најдобар можен начин за свој напредок и општо добро. Иначе, фала за препораката, знам кај е книжарата, ќе тркнам некој ден
Не се работи за прифаќање на СЕ па со тоа и убивање на амбиција, туку прифаќање на работи кои не се во твоја моќ.... и неопсесирање зошто се така... идеш даље... тоа е посебно битно во професија....
Амбиција во професија е погон, но лично не го сакам тој збор.... поради амбиција се гази врз друг, може во умот целта да почне да ги оправдува средствата.. корупција и заслепеност без свесност за мотивите.... Стив Џобс го спомна Алмеида... го делам мислењето за него.... ако ти е најбитна работата во животот, по мене имаш болна амбиција која е компензација за некоја дисфункција.... а за тоа некој друг ја плаќа цената....
Лично го користам аспирација... ќе дадам се од себе, ако не успее нема да се опсесирам и депримирам туку продолжувам понатаму...
Не мислев на градење кариера по секоја цена и газење врз други, тоа му доаѓа веќе макијавелизам. Мислев на луѓе кои вложуваат часови и часови во учење на некоја материја и нејзино усовршување. Или пак спортисти кои напорно тренираат за да станат најдобри. Нели Алберт Ајнштајн го паднал првиот приемен на факултет, па подоцна станал најпознат физичар на свет. Од друга страна имаш спортисти како Vinny Pazienza (има филм Bleed for this со Мајлс Телер), кој го скршил вратот, но се вратил во рингот и станал светски шампион.
Дали и колку таквите луѓе ги следеле стоичките вредности надвор од своите професии, нема да навлегувам. Прашањето ми беше дали негирањето на фактот дека не си добар во некоја област е во согласност со стоицизмот, односно, дали желбата да бидеш најдобар е во склад со тоа? Бидејќи според стоицизмот логично би било да овие двајцава што ги спомнав претходно да си речат “Јбг, тоа е“ , да си речат дека залудно се трудат, да ја прифатат реалноста .Да не го трошат времето залудно, да не си мачат мозокот/телото, и да си најдат друго занимање каде би биле покорисни и за себе и за општеството како целина
А за Стив Џобс не ми збори молим те. ЦЕО со визија,да, ама да не беа луѓето што работеа за него, тикви дека он ќе се прославеше. Пред 5-6 години на интернет најдов дека Епл ти се најголемите скржавци меѓу големите корпорации (за што сметам дека Џобс е одговорен), кај данок не плаќаат, па и скоро ништо не даваат во добротворни цели. Еве од Wiki последно: “
During the 2019–20 coronavirus pandemic outbreak, Apple's CEO Cook announced that the company will be donating "millions" of masks to health workers in the United States and Europe“. Многу јако, ко нашите ќебиња од ЕУ. Типот умре од рак на панкреас пошто одбра да се лечи со билките на баба Рада наместо да се оперира. Којзнае, може тоа беше единственото стоичко нешто од него, сфатил дека на сите им е преку глава од него, па решил да си “замине“.