Стоицизам

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@F.E.A.R. Етиката мислам дека на сите ни е главен предмет на интерес овде. Не се работи за опсесија. Прво и основно, по тоа што гледам кои членови придонесуваат корисно во оваа и други теми, се работи за луѓе со интегритет и изградена мисла, систем на размислување, а не подложни на некакво заведување, слепи следбеници, да не речам поданици.
Јасно ти е дека не е работава дека сите стриктно се држат како слепи за некои зборови на Сенека или дека имаме некој таен култ и правиме "ху-баба-ху" у круг после полноќ.
Има доста демагогија овде, ама има и простор за некои луѓе да си ги променат перцепциите и да си подобрат некои работи во животот.

Не би рекол дека нема практична корист, повеќе би рекол дека ако тебе филозофија ти е животна определба, си се сконцентрирал у некој друг сегмент, а ова ти е веќе апсолвирано....и овде ти е како кога гинеколог ќе се врати од работа, а жена му е попалена....сакам да кажам, заситен си.
Мислам дека многу покорисен е некој ваков пост како твојот и неколку други отколку воведниот.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
106
Поени од реакции
261
Последно време гледав неколку видеа со Марко Аврелиј и искрено ми се допаѓа како филозофија. Лично го разбирам нешто како "go with the flow", прифати ги промените од надворешниот свет и адаптирај се на нив.

Ова учење е одлично кога треба да останеме силни и смирени кога се соочуваме со тешки животни предизвици и непредвидливи ситуации. Но, ме интересира мислење, дали ова учење може да ја намали или пак стопира амбицијата кај човек кој сака да постигне професионален успех? За човек кој гради кариера, дали стоицизмот би предизвикал да биде едноставно задоволен од моменталната состојба и да не се труди да постигне нешто повеќе, ако решил да го прифати своето опкружување? Ова ми е пример од чисто практична природа, исто ко примерот за Рон погоре :D, и би сакал и мислења од форумџии.

И ако може некој да ми препорача некоја книга на темава, ама ако може некоја hard copy што се наоѓа по нашиве книжари, не ми се читаат електронски книги, очи ми истекоа по монитори за време на карантинов.
 
Во Академска книга во Градски ѕид има, ама на англиски. Мислам дека од Сенека се наоѓа некој наслов.
Околу "убивањето на амбициите"....практичните совети во Медитации се многу корисни за да го подигнеш нивото на продуктивност и се насочени во правец на конструктивност, отфрлање на внимание од интриги, оговарање, туѓи мислења за тебе....така што професионалниот успех можеш само да го ефектуираш. Тоа што ќе ти кажат стоиците е дека во секој момент е можно да ти се појави некоја "корона епидемија" која ќе ти ги опструира плановите, а ти ќе се адаптираш според нејзе и препреката ќе ја претвориш во пат, со трезвена реакција, без паника. Заблуда е дека стоицизмот те фрла во конформизам, компромис, апатија....баш напротив, инсистира на делување во својот домен со максимална посветеност.
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Последно време гледав неколку видеа со Марко Аврелиј и искрено ми се допаѓа како филозофија. Лично го разбирам нешто како "go with the flow", прифати ги промените од надворешниот свет и адаптирај се на нив.

Ова учење е одлично кога треба да останеме силни и смирени кога се соочуваме со тешки животни предизвици и непредвидливи ситуации. Но, ме интересира мислење, дали ова учење може да ја намали или пак стопира амбицијата кај човек кој сака да постигне професионален успех? За човек кој гради кариера, дали стоицизмот би предизвикал да биде едноставно задоволен од моменталната состојба и да не се труди да постигне нешто повеќе, ако решил да го прифати своето опкружување? Ова ми е пример од чисто практична природа, исто ко примерот за Рон погоре :D, и би сакал и мислења од форумџии.

И ако може некој да ми препорача некоја книга на темава, ама ако може некоја hard copy што се наоѓа по нашиве книжари, не ми се читаат електронски книги, очи ми истекоа по монитори за време на карантинов.
Не се работи за прифаќање на СЕ па со тоа и убивање на амбиција, туку прифаќање на работи кои не се во твоја моќ.... и неопсесирање зошто се така... идеш даље... тоа е посебно битно во професија....

Амбиција во професија е погон, но лично не го сакам тој збор.... поради амбиција се гази врз друг, може во умот целта да почне да ги оправдува средствата.. корупција и заслепеност без свесност за мотивите.... Стив Џобс го спомна Алмеида... го делам мислењето за него.... ако ти е најбитна работата во животот, по мене имаш болна амбиција која е компензација за некоја дисфункција.... а за тоа некој друг ја плаќа цената....

Лично го користам аспирација... ќе дадам се од себе, ако не успее нема да се опсесирам и депримирам туку продолжувам понатаму...
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Во 165 година од н.е., Римската Империја на Марко Аврелиј била погодена од Антонинската чума, која траела отприлика до 180 година од н.е. И покрај дистанцата од толку многу векови, таа чума била неверојатно слична на денес актуелната пандемија Ковид-19. Таа предизвика широко распространета паника, но Марко Аврелиј бил светилник на разумноста и стабилноста во овие времиња. Тој ги поставил луѓето во својата империја како централен приоритет, бидејќи тие дале сè што можеле за да се справат со пандемијата којашто на крајот убила меѓу 10 и 18 милиони луѓе во неговата империја.

За време на Антонинската чума од 166 г. н.е., императорот Марко Аврелиј во своите „Медитации“ напишал за текот и ширењето на болеста: „Да се има предвид постојано дека сето ова се случило порано и ќе се случи повторно – истото сценарио од почеток до крај, само луѓето се разликуваат “.

„Кога ви треба охрабрување, размислете за квалитетите што ги поседуваат луѓето околу вас: енергијата на едмиот, скромноста на другиот, великодушноста на третиот и слично. Ништо не е толку охрабрувачко, како кога доблестите се видливо отелотворени кај луѓето околу нас, кога практично сме опсипани од нив. Добро е да се има предвид ова“.

Марко Аврелиј вели дека неговиот принципиелен инструктор за стоицизам, Аполониј од Калцедон, останал истиот човек, за време на силните болки и долгата болест со која живеел. Тој му покажал на Аврелиј како да постапува одлучно, воден од разумот, а во исто време и релаксирано во однос на надворешните настани кои биле надвор од неговата директна контрола. Друг од личните тутори на Аврелиј бил многу успешниот римски државник Клаудиј Макимус, кој го научил како да биде сигурен во себеси, да се потпира на себе и да остане весел и покрај неговата терминална болест. Аврелиј јасно бил под влијание на „непобедливиот карактер“ којшто го покажал овој цврст стоик и воен командант додека умрирал. Инаку, Марко Аврелиј им се заблагодарувал на боговите што имал среќа да ги познаваа лично Аполониј и Максимус. Тие му биле вистински животни патокази и примери од месо и крв, околу тоа што значи да се следи и практикува стоицизмот како начин на живот.

Аврелиј лично изгубил неколку деца од болеста, но наместо да бега и да се изолира, тој останал да ја води битката против болеста и на крајот нејзе и ѝ подлегнал.

„Да не живеете како да имате бесконечни години пред вас. Смртта ве засенува. Додека сте живи и способни - бидете добри“. „Не е смртта она од што човекот треба да се плаши, туку треба да се плаши дека никогаш не ни започнал да живее“. Во контекст на ова се надоврзува и еден цитат од Сенека: „Да ги подготвиме нашите умови како веќе да сме дошле до крајот на животот. Да не одложуваме ништо. Дозволете си да ги балансирате животните лекции секој ден. Оној којшто секој ден ги им дава финалните допири на неговиот живот, никогаш не е со кусок на време “.

„Не се однесувајте како да ќе живеете десет илјади години. Смртта виси над вас секојдневно. Додека живеете, додека е во ваша моќ, бидете добри “. „Погледајте добро во себеси, постои извор на сила што секогаш ќе изникне, ако сакате да го увидите“. „Вредноста на човекот не е поголема од вредноста на неговите амбиции“.
 
F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
861
Поени од реакции
1.368
@BenDover Можеби. Од искуство досега ова на то ме асоцира, од другари шо ги познавам.
@Almeida Ок, разбирам.

On Topic:

Етиката во стариот период.

1. Целта на животот, добрината.

Целта на животот Зенон ја дефинирал како складен живот (όμολουμένως ζήν), хеленскиот збор όμολουμένως во обичната употреба значело складно или согласно, а Зенон под тоа подразбирал живот во согласност со разумот (затоа што е изведена од зборот λόγος), т.е. живот кој обезбедува морален живот спрема постојаните начела, така што човек никогаш само не се порекува и не колеба во мненијата, поимите и уверувањата, туку стално останува во склад со себе и неговиот живот. Целта на животот Зенон ја одредил вака: тоа е складен живот, т.е. живот спрема разумот кој е сам со себе во склад; несреќен е оној кој живее во внатрешен немир. Неговите наследнице решиле да го дефинираат и формулираат вака: живот во склад со природата, затоа што формулираноста од страна на Зенон што ја употребил не ја сметале за целосна изјава. Клеант откако ќе стане управник на школата тој ја дефинира вака: живот во склад со природата. Хрисип ја дефинирал вака: живот кој се основа на искуствените познавања на природните случувања. Под природа, со која треба да живееме во склад, Хрисип подразбирал општо како и специфично човечката природа, а Клеант само општата природа.

Живот во склад со природата значи, всушност, живот во склад со добрината, затоа што нас природата нè води кон тој живот, а од друга страна, животот во склад со добрината не се разликува од животот кој се основа на искуственото познавање на искуствените ствари, како што учел Хрисип, затоа што човечката природа е дел од целата природа.

А кај секое суштество добрината како негова најдобра состојба не е друго ништо туку усовршеноста на неговата природа. Во најопшта смисла добрината е усовршеност на сите ствари, на пр. статуите, но специјално кај човекот таа е полн развиток на разумот. Човекот е роден од природата за добрината, вели Хрисип, но не е роден со добрината и не секој ја постигнува. Сите луѓе од природата носат во себе склоност кон добрината. Според Клеант, ние сме рѓосани додека не се усовршиме, а кога ќе се усовршиме, тогаш сме добри. Природата на човекот не му ја дава во готово целата добрина, туку само семето и искрата, тој самиот мора да ја одобри во себе и да ја изградува, а тоа не е лесно, зашто човекот после раѓање е изложен на различни штетни впечатоци. Така што, од надвор доаѓа злото во душата, а не од внатре.

Сите сме родени за добрината и сите имаме способност и задача да ја присвоиме и сеткнеме. Не природата, туку учење на човекот како да постане морална личност, како лекар и управувач. Добрината е вештина, како и секоја друга вештина, систем на начела кои практички мора да се извежбаат. Колку повеќе учествува умувањето, толку повеќе добрината станува начело, а колку повеќе се вежба добиената способност, толку повеќе станува навика. Дека таа може да се научи, може да се види како лошите луѓе стануваат добри. Ако се каже дека луѓето од природата се родени за добрината, тоа значи: „Од природата сме добијале способност да можеме да ја научиме добрината и несовршениот ум, но таков за да можеме да го усовршиме“. Како и киничарите, и стоичраите учеле дека добрината може да се научи, и дека таа е сосема доволна за блаженство, зашто оној кој ги носи сите блаженства во себе што треба од другите, оној кој се издигнал над секоја страст (копнеж, желба) што може да му недостасува? А што се однесува на третото одредување на суштината на добрината, т.е. дека таа може да се изгуби, Клеант го одобрувал и усвојувал, но Хрисип со ова не се сложувал.

За поделбата на добрината ја делат на четири основни добрини. Тоа се:
1. Увидување - кое се покажува за правилно одобрување.
2. Претпазливост - во кое се состои одржувањето на мерата.
3. Храброст - со трпение да се поднесува.
4. Праведност - правилно распоредување.
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Во духот на неприфаќање императивно се што некој напишал, не би се сложил со нивниот поглед на добрината, дека таа се учи.
Сепак имаме колективно научено нешто плус од тогаш до денес, што значи надоградба на нивниот светоглед.

Лично сметам дека е вродена, инсталирани сме со емпатија. Интересна би била дискусијата зошто кај повеќето ослабнува во животот.

Препорака да се ислуша ова предавање на Џереми Рифкин, долго е за нашиот АДХД, но мислам дека е одлична анализа за еволуција на општевствен систем, и како понатаму.... битно во овој момент.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Лично сметам дека е вродена, инсталирани сме со емпатија. Интересна би била дискусијата зошто кај повеќето ослабнува во животот.
Вакви нешта треба да го менуваат светов....
Човек се раѓа со максимум потенцијал во се....светов е така створен изгледа да го вади најлошото од човекот.
Емпатијата е чиста механика.....во која доаѓа до израз(се манифестира) нешто што е резултат на состојба...а заради тоа што состојбата привремено е отсутна тогаш ова е нешто како сенка на истото.
Постои нешто што е далеку помоќно од емпатијата....во моменти на трансцендентација се случува нешто што те спојува со светот. Малечкава е многу блиску....ако го негува и ако светов не ја расипе ќе го осети тој bliss(блаженство) и како што рекол Исус:
"Whoever finds the interpretation of these sayings will not experience death."
"Let him who seeks continue seeking until he finds. When he finds, he will become troubled. When he becomes troubled, he will be astonished, and he will rule over the All."
 
И може да се каже дека ти си стоик од аспект на проблематизирање и барање, дефинирање на нашата природа....

Ова е битното.... да се дојде до " комн сенс " во перцепцијата на природата... не да се прифаќаат нечии други перцепции и да се следи ко слеп само учењето на Ошо, Алистер Кроули... и тако даље....
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
1. Увидување - кое се покажува за правилно одобрување.
2. Претпазливост - во кое се состои одржувањето на мерата.
3. Храброст - со трпение да се поднесува.
4. Праведност - правилно распоредување.
Никој подобро не ме опишал. Концизно и јасно. Тој сум.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
И може да се каже дека ти си стоик од аспект на проблематизирање и барање, дефинирање на нашата природа....

Ова е битното.... да се дојде до " комн сенс " во перцепцијата на природата... не да се прифаќаат нечии други перцепции и да се следи ко слеп само учењето на Ошо, Алистер Кроули... и тако даље....
Најверојатно сум....иако секогаш бегам од дефинирање на тоа што сум. Многу одамна решив да не се заљубувам во тој што сум бил вчера....така да гледам мојата личност да е флуктуација околу некое јадро кое во основа е самиот живот. Секој момент сум различен од претходниот, затоа што нема изразено его кое би ги држело работите цврсто.
Учењата на другите без разлика кои им се намерите знаат да влијаат или поз. или нег. во зависност од тој што земал да ги слуша што зборат....така да не е толку до нив колку до тебе. Можам да кажам дека имало влијание како и од многу други луѓе....уствари ние сме спој од генетика, интелект кој доаѓа од некое друго место и влијанијата на луѓето околу нас...на музиката, филмовите, книгите и т.н. И кога би бирал какво влијание би имал од некого Ошо и не е така лоша варијанта :D

Оваа филозофија мислам дека би нашла примена во вештачката интелигенција....каде однесувањето би се раководело по некои алгоритми, инаку кај човек јас одбивам било каков систем на функционирање....тотална слободна волја е моето мото :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.692
Поени од реакции
37.677
стоицизам ...наш најголем непријател нашето „Јас“, ароганција и амбиција центрирана на самиот себе, чувство на супериорност и сигурност кое ја преминува границата на талентот и самоувереноста со што се искривува реалноста што не опкружува!
... способноста на проценување на сопствените можности е најважна вештина, да се учи цел живот, егото нема да расте...ние цел живот и треба да учиме и да се надградиме и на крај тоа што никако не можеме да го примениме е да си ја „голтниме“ гордоста за би можеле да ги водиме другите...
 
Зато имаш такво нешто наречено смирение. Тешко е чоек да го достигни смирението. Или се чувствува горделив и суетен (супериорен) или пак се нејчи себе си, тој е под другите (инфериорен). Смирението е вистинската слика на природата и израз на душевното расположение, внатрешно величество на смирениот.
 
Или ... мир.... си престанал да бараш... си се помирил.... прифатил... на многу им се случува на постари години... чинам посебно генерацијата на нашите баби и дедовци кои преживеале втора светска... ко што спомна и @Almeida ... беа смирени луѓе.... интересна е анализата зошто... генерацијата на нивните деца... не постигна мир... бидејќи растеа во комфорт можеби... и тешко ја прифатија транзицијата....?
 
Не беа старите смирени лујџе (тие пред војната шо беа родени, да беа добри лујџе оти беа побожни, но не би рекол смирени). Барем јас шо ги познавам, а и сигурен сум дека и поголемиот дел се такви и уште се такви. Портарење, колнење, јадење лајна на секој збор не е знак на смирение. И покрај то шо живееле во Југославија, во време на комфор, не означува дека имале смирение. Единствено кај нас шо не можа да прифата е дека работите се сменија и дека појче не е социјализам и не се живеј со 15.000 ден. ко шо се живеело некогаш.

Без разлика кој период, дали на комфор или војна, чоек да достигни смирение е тешко. Многу малце лујџе достигнуваат смирение.

Смирението доаѓа како последица на духовното совршенство. Вистинското смирение има основи во внатрешниот човек. Тоа е одраз на внатрешната благодат во душата, сјајот на нејзините добродетели и нејзините духовни украси. Внатреизлиената благодат го прави ликот на смирениот посветол и помил. Смирениот ги љуби сите и тивко поучува. Смирениот е миленик на луѓето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom