Здраво,
минатата година ја земав онаа стипендија што се доделува само за техничките факултети со просек 7,00 и сега планирав да ја продолжувам, но испадна дека оваа година ќе имам просек 9,00 и 90 % положени предмети па всушност сум кандидат и за информатичката стипендија.
Сакав да прашам дали некој има информација дали ако сега поднесам документи за продолжување на стипендијата со просек 7,00 потоа во ноември/декемеври ќе имам можност да конкурирам за онаа со просек 9,00, па ако ме одбијат за вторава да продолжам со онаа што ја земав со просек 7.00 т.е да ми ја продолжат стипендијата?
Дали некој има вакво искуство?
Благодарам однапред