Стипендии

Член од
13 октомври 2014
Мислења
57
Поени од реакции
7
Ве молам некој да ми каже дали ако немам земено две оценки у индекс а ги имам на iknow, ќе можам да аплицирам за продолжување на стипендија? Значи сѐ ми е положено, само две не ми се впишани во индексот, го фаќам условот???? Фала однапред
 
Џ

ЏинЏер

Гостин

Ќе можеш. Индексот го бараат само на увид за да видат дека ти е запишан семестарот.
 
Член од
13 октомври 2014
Мислења
57
Поени од реакции
7
Ама забораив да пишам само дека со тие две оценки ми паѓа просек, па затоа мислев да не гледаат у iknow, дали да се прошверцам со индексот
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Ама забораив да пишам само дека со тие две оценки ми паѓа просек, па затоа мислев да не гледаат у iknow, дали да се прошверцам со индексот
Ти треба уверение за положени испити од факултет, а за него оценките ги земаат од iKnow, така да тешко. Сепак, прашај си на студентски прашања, може има начин да ти ја скријат оценката.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
792
Поени од реакции
272
Кои документи ми се потребни за продолжување на стипендија за додипломски студии? (социјална стипендија)
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
Дали е објавен конкурсот за продолжување стипендии?
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.733
Одамна ме интересира чисто да прашам, дали ако поднесеш за стипендија врз основа на добиен просек се земаат во предвид оценките само од претходната година (пример ако си трета, само од втора) или пак од целосното студирање до тој момент (значи од прва и втора ако си трета година)?

Друго прашање, дали во четврта година може да се добие ваква стипендија или не може бидејќи си веќе во крајна година од студии?
 
Од сите претходни години.

Друго прашање, дали во четврта година може да се добие ваква стипендија или не може бидејќи си веќе во крајна година од студии?
Може.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
Дали имаа стипендии за 2 цуклус на студии :) и нешто повеќе ако има да ми пишите.
 
E

Epsilon

Гостин
Дали имаа стипендии за 2 цуклус на студии :) и нешто повеќе ако има да ми пишите.
нешто повеќе од мене е да земиш да си прочиташ на avrm ли беше или точно не знам како страницата што и како. :)
 
Член од
19 јули 2014
Мислења
26
Поени од реакции
1
Здраво,
минатата година ја земав онаа стипендија што се доделува само за техничките факултети со просек 7,00 и сега планирав да ја продолжувам, но испадна дека оваа година ќе имам просек 9,00 и 90 % положени предмети па всушност сум кандидат и за информатичката стипендија.
Сакав да прашам дали некој има информација дали ако сега поднесам документи за продолжување на стипендијата со просек 7,00 потоа во ноември/декемеври ќе имам можност да конкурирам за онаа со просек 9,00, па ако ме одбијат за вторава да продолжам со онаа што ја земав со просек 7.00 т.е да ми ја продолжат стипендијата?
Дали некој има вакво искуство?
Благодарам однапред
 
Kajgana Shop

На врв Bottom