За оваа година ќе си чекаш да дојде октомври (средина или крај на месецот зависи кога како) и ќе си го прочиташ конкурсот. Таму ги има сите потребни информации. Додека не излезе конкурсот ништо не може да прашаш зашто никој нема да знае ништо.
Стипендии се зимаат од втора година на факултет, зашто чекаат да го видат успехот од прва година, дали ги исполнуваш условите.
Треба да имаш над 8.0 или 8.5 просек зависи на кој факултет си, а и многу е битно примањата на твоите родители. Оние кои го исполнуваат условот за просек ако не добијат стипендија тоа е поради големите примања на родителите (ама се прават камуфлажи тука
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
)
И кредит по правило треба да се враќа, ама никој не го враќа. Барем јас не сум слушнала да го враќаат. Т.е ми кажале дека на одредени лица им стигало писмо да го вратат (откако ќе се вработат) ама не го враќаат.
Сега останува да чекаш да дојде октомври...