Филмовите на Гилијам ми правеле да ми бидат насолзени очите при нивно гледање. Се до Tideland. Поправо доколку некој ме прашаше кој ти е омилен филм од Гилијам исто како да ми кажал да си ги рангирам членовите од фамилијата кој е подобар а кој е лош. Не беше можно. Се додека не го сними Tideland.
Инаку Brazil особено ми е филм низ кој додека го гледам сум во солзи само затоа што ми е гледан и знам што ке се случи. Фантастично прекрасен депресивен филм.
Braveheart моментот пред да му ја сечат главата коа вика freedom е многу јак момент, доволно да тврд човек како мене се изнаплаче
Исто и Јас сум Сем со Шон Пен е премногу чувствителен филм кој не ме остави рамнодушен иако го гледав пред повеќе години
A Moment to Remember
Значи не насолзување или не знам што, сериозно плачење и тоа три пати за 5-6 дена, еднаш кога го гледав, па кога го преведував, и кога го проверував преводот. Слободно можам да кажам најдобар филм што сум го гледал во жанр чиста романса. Инаку director’s cut верзијата.
Искрено, не се сеќавам кога последен пат сум плачел, а не па за филм.
Ама пред извесно време го гледам филмот Running Scared, не знам што ми стана на крај на филмот на таа тажната сцена со детето кога плаче, плачев и јас како мало бебе
На крајот на Шиндлеровата листа, кога преживеаните ставаат по еден камен на гробот на Оскар. Немам душа пак да го гледам тој филм. Една од најболните теми ми е холокаустот и кога и да ми заправи човек муабет за тоа, грутка ми доаѓа во грло.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.