кога ќе го види дечко ми на тв ми вика ,,еве го овој што пасе трева" :pos2:
стварно многу тревки користи човекот, а и многу од состојките тешко се наоѓаат тука, а некои плус треба и ти да си ги одгледуваш.
Ја многу ја сакам Рејчел реј и се нејзино што сум направила ми се допаѓа
За среќа се повеќе од тие тревки почнуваат и кај нас да се користат.
Јас почитувам разновидност и креативност во исхраната; ако притоа се внимава и на енергетскиот состав, тогаш има поента муабетов.
Според мене готвењето е сериозна работа ако не се прави од формално-неопходни причини чисто како рутина. (завршив работа, има компир манџа)
Не е лесно секој ден да се осмислува и прави храна за едно семејство; сепак треба да си ја направиш интересна секоја работа.
Секоја од тревките кои се користат кај „професионалните готвачи“ си има своја намена: или потенцира некој вкус или е поради некаков баланс или поради комплетното збогатување на вкусот. Кај нас е вообичаено да се става нане во грав за да се одбегнат стомачните проблеми...
Џејми Оливер стана популарен токму поради посебното внимание кон составот и балансот на состојките. Еден од неговите големи проекти е воведување на здрава храна во училиштата во Англија.
Вреди да се проба.:smir: